Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми
2Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ХороскопДневен хороскоп за 3. март 2021 годинаДневен хороскоп за среда, 3. март 2021 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска ќе ве направи среќни чувството за дружељубивост, па доколку имате можност ,излезете меѓу луѓе. Кариера Сè што вклучува соработка, контакти и споделување на идеи, ќе ви биде подобро денеска од вообичаеното. Здравје и совет Ќе се чувствувате посилни. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе има мала привремена конфузија во комуникацијата со партнерот, и малку фрустрација. Сепак, ќе издржите сè херојски. Кариера Мали дискусии со претпоставените за поставување норми и работни критериуми. Бидете што е можно пореални. Здравје и совет Нервоза Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте колку што е можно поразумни, денеска ќе се потрудите да не зборувате премногу. Тежи секој збор. Кариера Вашите газди ќе бараат одредени активности за кои сметате дека се неразбирливи. Сепак, не се расправајте,туку прифатете. Здравје и совет Ќе бидете малку фрустрирани, но ќе помине. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ако сте во двојка ќе излезете и ќе си поминете одлично. Ако сте сами, излезете па макар и за момент. Кариера Ја сфаќате важноста од воспоставување добра соработка со другите. Тие ви даваат, но сега почнете и вие да давате. Здравје и совет Подобро е да верувате, отколку да се сомневате. Рак 22.6-22.7. Љубов Поканата за дружење ќе биде по ваш избор. Ако ја прифатите и излезете, добро ќе си поминете. Кариера Размислувате како да вклучите професионалци во бизнисот. Анализирајте ги можните кандидати. Здравје и совети Имате смисла за хумор. Лав 23.7-22.8. Љубов Малите фрустрации ќе бидат поврзани со истовремената потреба за интимност и социјализација, поточно со околината. Кариера Она што другите предлагаат, анализирајте го полека и во мир за да бидете целосно објективни. Здравје и совет Ослободете се од нездравата исхрана. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе најдете упориште во смислата за сочувство кон другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другите. Кариера Не сте сигурни дали отворено да кажете што мислите. Ви недостасуваат повеќе информации за да имате целосна слика. Почекајте Здравје и совет Бидете трпеливи. Вага 24.9.-23.10. Љубов Одличен ден за дружење, излегување и склопување нови познанства, па дури и преку интернет. Оние што се млади можат да поминат особено добро. Кариера Не двоумете се дали треба да воведете некои иновации во работниот процес. Во исто време, ќе биде важно да го направите тоа на убав начин. Здравје и совет Подобрување. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата фаза на ловечки приказни би можела да продолжи и денес. Бидете внимателни да не започнете да ги нервирате другите. Врските се добри. Кариера Веројатно ќе направите мал попис на една тема што ќе ви донесе мало задоволство. Здравје и совет Не претерувајте со колачи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои можеби се уморни од сè, некои се вкочанети и не очекуваат ништо повеќе, а некои уживаат во осаменоста. Кариера Целите кон високо ниво, за што се потребни одредени квалитети и квалификации. Бидете сигурни дека имате сè што ви треба. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да комуницирате со пријателите и да ги разрешите вашите љубовни грижи со нивна помош. Кариера Ќе се посветите на два фронта: оној редовен и оној што вклучува големи планови за иднината. Здравје и совет Обидете се да живеете поуредно, и тоа е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Покрај малите дневни задоволства во двојка, денеска заедно ќе разговарате за некои подлабоки филозофски теми. Кариера Вашата кариера веќе не е проблематична, туку напротив. Ова се вашите пет минути во деловното работење и искористете најголем дел од нив. Здравје и совети Спортувајте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосета на претставници од Амбасада на САД во Општина КумановоНа првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула.Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во присуство на секретарот Емилија Сларидис Јаневска, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот Фатос Аќифи, денеска имаа средба со претставници од Амбасада на САД во РМ. На првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула. Во пријателска атмосфера гостите се запознаа со работата и функционирањето на Општина Куманово, можностите за унапредување и развивање на нови проекти од повеќе општествени области, со акцент на создавање на млади лидери, кои би придонеле за прогресивна и напредна иднина на младата популација, во интерес на граѓаните. Во прилог на излагањето за капацитетот на Општината, присутните имаа можност да проследат видео – презентација за индустриската зона Новини и Речица.Тагови: Општина Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програмиМинистерот Агон Ферати го прими на средба амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Сомер, со кого разговараше за активностите на министерството и проектите од заеднички интерес. Во фокусот на средбата беа економскиот развој, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Посебно внимание беше посветено на улогата на SwissCham во поврзувањето на швајцарските компании со компаниите од Македонија, создавањето партнерства и можностите за нови инвестиции, како и организирањето B2B контакти и вмрежувањето на бизнисите. Беше истакнато дека овие иницијативи, заедно со потенцијалот на дијаспората, можат да придонесат за зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за двете земји. Се разговараше и за швајцарските развојни програми, поддршката за стартап-компаниите и можностите за обука на студентите. Министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот за континуираната поддршка од страна на Швајцарија во различни области, вклучително и економијата, земјоделството, невладините организации и обуките.Тагови: Агон Ферати Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаСДСМ: Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќаДизелот поскапе на 104,5 денари за литар. Нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.СДСМ навреме предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра. Арамијата Мицкоски ги одби. Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните. Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните. Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи. Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните. Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците. Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата. Тоа е арамиска власт. Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата профитира од секое ново поскапување. Ова е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16