Мицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услуги
2Мицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услуги
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
ХороскопДневен хороскоп за 3. мај 2020 годинаДневен хороскоп за недела, 3. мај 2020 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение. Кариера Незадоволните од работата , ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро. Здравје и совет Работете го она што го сакате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси , ќе се појават и фрустрации. Кариера Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно. Здравје и совет Ви треба кус одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот , што ќе го помнинете со кого вие сакате. Кариера Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример , а вие ќе бидете поотворени од вообичаено. Здравје и совет Уривате рекорди. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина. Кариера Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи. Здравје и совет Не мора да се брзате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен. Кариера Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите. Здравје и совет Ќе имате пријатни сништа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе. Кариера Ќе влијаете на настани , луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат. Здравје и совет Немојте да си го расипете карактерот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена. Кариера Вашите сојузници се засилуваат , а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте. Здравје и совет Не знаете до каде може да стигнете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи. Кариера Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола. Здравје и совет Ќе бидете фокусирани на други. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати. Кариера Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите. Здравје и совет Некои имаат духовни искуства. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил. Кариера Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени , едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови. Здравје и совет Помирете се со реалноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во комуникацијата со саканата личност , се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет. Кариера Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед. Здравје и совет Имате право кога ја негувате натуралноста. Овен 21.3-20.4. Љубов Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став. Кариера Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење. Здравје и совет Издржете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лицаМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување или уништување деловни книги“, „измама во службата“ и „перење пари“.Денеска (29.10.2026) од страна на полициски службеници при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК, спроведена е полициска акција, во рамки на истрага за сомнежи за незаконски постапки поврзани со операции на очи, при што сузбиена е криминална група, дел од нив поранешни и сегашни функционери на Фонд за здравствено осигурување. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени Наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и по една во Тетово и Куманово, при што лишени од слобода се осум лица, а при извршените претреси пронајдени и одземени се парични средства околу 50,000 евра и мобилни телефони. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 11 физички лица, од кои еден албански државјанин и едно правно лице, и тоа: Д.Д.(60) од Скопје, О.Р.(66) од Тетово и С.Б.(59) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.5) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, Р.А.(45) од Куманово за „несовесно работење во службата“ (чл.353-в ст.3) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, З.А.(35) од Скопје за „фалсификување или уништување деловни книги“ (чл.280) од Кривичниот законик, В.Ќ. (47) од Скопје, С.А.(40) од Скопје и Г.А.(33) од Р. Албанија за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.3) в.в (чл.45) и „измама во службата“ (чл.355) од Кривичниот законик, Ц.С.(47) од Скопје, Ж.С.(58) од Скопје и И.П.(49) од Скопје за „несовесно работење во службата“(чл.353-в ст.2) в.в (чл.45) од Кривичниот законик и против приватната здравствена установа од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273 ст.12) в.в (чл.22 и чл.45) од Кривичниот законик. Според наводите во пријавата, двајца тогашни директори на ФЗО во 2020 година, заедно со претставник на приватната здравствена установа, склучиле договор спротивно на пропишаните постапки и интерни акти на Фондот. Претседателот на Управниот одбор се сомничи за неправилности при неговото одобрување. Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од Фондот и од пациентите. На пациентите, покрај законската партиципација, им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од ФЗО. Пријавениот директор на Секторот за контрола се сомничи дека не ги доставувал извештаите за утврдените неправилности до надлежната комисија и го одлагал спроведувањето редовни контроли, со што се избегнувало изрекување дополнителни договорни казни и можно раскинување на договорот. Две раководителки на Подрачната служба Скопје се сомничат дека не ја следеле наплатата на веќе изречените казни и не ги известувале надлежните служби, поради што исплатите кон установата продолжувале без пребивање на долговите. Постојат и сомнежи дека средствата исплатени од ФЗО, за кои овластените лица во установата знаеле дека потекнуваат од кривично дело, биле внесувани во платниот промет, евидентирани на различни сметководствени конта и користени за плати, набавки и други исплати. Според пријавата, штетата на буџетот на ФЗО изнесува 104.818.754 денари, односно околу 1,7 милиони евра, за исплати по фиктивни фактури, и дополнителни 525.000 денари за ненаплатени договорни казни. Постојат сомнежи дека во периодот од 2022 до 2025 година здравствената установа се стекнала со противправна имотна корист од 261.271.961 денар, односно околу 4,25 милиони евра. Со опишаната двојна наплата, според пријавата, биле оштетени меѓу 3.000 и 4.000 пациенти, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услугиПретседателот на владата Христијан Мицкоски откри дека вчера за прв пат е одржан состанок на премиер, министер за образование и претставници на владата со претставници од студентските парламенти на сите универзитети во државата.Претседателот на владата Христијан Мицкоски откри дека вчера за прв пат е одржан состанок на премиер, министер за образование и претставници на владата со претставници од студентските парламенти на сите универзитети во државата и на којшто каде отворено се разговарало за студентскиот стандард и за проблемите. Притоа, од страна на премиерот бил даден предлог во однос на студентскиот оброк, за којшто студентите на нова средба ќе одговорат на понуденото. - Имаме чувство, но и делумни информации дека голем дел од корисниците на студентскиот оброк, средствата коишто ги добиваат на дебитните картички не ги користат токму за студентски оброк, туку ги користат за нешто друго. По промоцијата на новите услуги, М-Услуги, излеговме со еден предлог со министерката: наместо картички и сегашните 3,5 илјади денари месечно, бидејќи студентите добиваат по 140 денари за 6 дена во неделата, и тоа е речиси три ипол илјади денари месечно, ајде да направиме на ова апликација М-Услуги да додадеме М-Студентски оброк, со коишто вашите 3,5 илјади денари сега што ги добивате ќе вредат 4,5 илјади денари. И притоа ние, користејќи ја таа апликација, да обезбедиме список на ресторани, маркети, млечни ресторани итн. каде што вие навистина ќе можете користејќи ја таа апликација да купувате храна, бидејќи станува збор за студентски оброк. Да не се трошат за алкохол за цигари или некои други девијантни однесувања, го образложи премиерот Мицкоски предлогот до студентите. Обезбедениот попуст, според премиерот, не би важел само за овие пари, туку севкупно до крајот на месецот. - Откако вие и би го потрошиле тој студентски оброк, повторно би ви важел до крајот на месецот, ако некој ресторан, доколку обезбедиме 20-25% попуст, а вие сте го искористиле парите за вашиот студентски оброк до 15-ти во месецот, но и потоа на 20-ти со вашите колеги седнувате повторно на доручек, вие ќе го платите, но наместо да речеме 100 денари, ќе добиете попуст од 25%, и ќе го платите 75 денари. Ќе има внатре вградена вештачка интелигенција, ние сме про-дата центри, про-светски модерни текови, не сме против, тоа имаме и такви коишто се против слушнавме, така што со таа вештачка интелигенција којашто ќе биде вградена во таа апликација не ќе може тие пари да завршуваат на друго место, а ние како влада ќе си имаме однос со трговците коишто ви ги продаваат тие производи. Да не завршуваат парите за нешто за коешто не треба да завршуваат, ем вие да добиете покачување, ако е сега три и пол илјади, тие да вредат четири илјади, објасни Мицкоски додавајќи во одговорот на пратеничко прашање за студентскиот стандард дека ги очекува претставниците на студентските парламенти со одговор за да се почне со процедура за сето да се подготвува. Претседателот на владата, споделувајќи дека со студентите се согласиле дека се работи на подигнување на стандардот и со градбата на кампусот на Универзитетот Мајка Тереза, потоа со градбите и реконструкциите на студентските домови Премиерот притоа откри и дека со претставниците на студентите од сите универзитети во Македонија се согласиле споредбено со 2022 година, сега во 2026 година студентскиот стандард е подобрен два пати, односно два спрема еден, дека се подобрува стандардот со тоа што се сложиле дека универзитетот Мајка Тереза се гради забрзани, дека се реконструираат и студентските домови со услови какви што имаат европските студенти, дека се надоместува се што минатата влада не го направи, а се ветуваше и студентски град, дека можеби денес сè уште студентите во Германија имаат подобар стандард, но таа разлика е намалена и дека тоа е суштината. Но, од друга страна, на средбата со студентските претставници било посочено и дека пред 20 години УКИМ беше подобро рангиран од денеска на Шангајската листа, откри Мицкоски којшто ги повикал студентите заедно да се работи, да се врати на тие места, со што студентите ќе имаат повеќе знаења, а тоа ќе донесе дополнителен имиџ и за самата држава, посочи Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаГаши за гласањето во недела: Во Брвеница не треба да се гласа етнички туку за најдобриот кандидатНа изборите во Брвеница не треба да се гласа по етнички критериум, туку за најдобриот кандидат кој ќе ја реализира неговата изборна програма, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши. По денешниот брифинг со новинарите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter