Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членството
2 Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членството
Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
2Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
ХороскопДневен хороскоп за 3. јули 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 3. јули 2026 година.Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка. Кариера На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив. Здравје и совет Вежбајте јога за подобра концентрација. Лав 23.7-22.8. Љубов На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред. Кариера Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење. Здравје и совет Останете мирни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е. Кариера Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите. Здравје и совет Вежбајте на отворено. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред. Кариера Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Ќе помине. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови. Кариера Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време. Здравје и совет Имате право да уживате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате. Кариера Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво. Кариера Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови. Здравје и совет Наспијте се добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни. Кариера Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте. Здравје и совет Одморете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот. Кариера За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите. Здравје и совет Следете ги своите сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака. Кариера На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава. Здравје и совет Продолжете да го градите започнатото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне. Кариера Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе копнеете консвојот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас. Кариера Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка. Здравје и совет Грижите што ќе се појават се обична илузија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаВештакот Горан Марковски: Инспекторот можел и морал да дејствува „Пулс“ да биде затворенВо судницата во Идризово продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека Пулс.Одговарајќи на прашања на обвинетите, вештакот и професор Горан Марковски кажа дека пренамената, реорганизацијата на просторот, промените на електричната, водоводната и на канализациската инсталација и вградувањето несоодветни материјали непосредно влијаеле врз исполнување на основните барања за безбедност на дискотеката „Пулс“ . Професорот посочи дека во согласност со законот за градењето, надлежните органи морале да реагираат на незаконските зафати, но таква реакција изостанала сè до 16 и 18 март 2025 година кога првпат биле изготвени записници од инспекциски надзор за веќе опожарениот објект. На прашање на обвинетите Марковски рече дека градежниот инспектор имал право и обврска да побара објектот да се врати во првобитна состојба бидејќи немало проектна документација, немало одобрение од општината и дека објектот бил користен како дискотека, што носи висок ризик за безбедноста на посетителите. На паузата од рочиштето родителите на загинатите со емотивни пораки побараа одговорност и целосно расветлување на институционалните пропусти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Европа Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членствотоНе прифаќајте го наративот дека Европската Унија е пропаднат проект. По студениот туш од Исланд, кој пред три дена на референдум ја отфрли можноста да се врати на европскиот пат, еврокомесарката за проширување Марта Кос уверува дека Унијата е најмоќниот глобален политички проект. Во пресрет на 30-ти септември, кога Брисел треба да ја усвои новата стратегија за проширување, Кос од панел на Бледскиот Форум во Словенија објасни која е клучната цел на документот кој предвидува постепена интеграција, построги проверки на земјите кандидатки и нова методологија. -Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки како да се членки, пред да станат земји членки. Денеска треба да имплементирате 100 проценти за да станете членка. Имаме делови како СЕПА И како роаминигот, со кои им овозможуваме да ни се приклучат порано. Можностите се многу поголеми. , изјави Марта Кос, еврокомесарка за проширување. Кос на панелот ја отфрли можноста неколку земји членки од Западен Балкан одеднаш да влезат во Унијата, посочувајќи дека процесот се заснова на заслуги. Ги повика земјите од регионот да ги остават сенките од минатото и да се посветат на иднината. -Западниот Балкан е полн со отворени рани. Понекогаш политичарите наместо да користат бетантен крема за да ги залечат раните, тие ставаат сол, повторно и повторно и повторно за да ги отворат раните. Ве молам не прифаќајте го наративот дека ЕУ е изгубен случај. Toa e најдобриот политички проект што некогаш сме го имале во светот. Секако дека имаме проблеми, дека некогаш сме бирократи. , рече Кос А, токму забелешка дека Брисел проширувањето повеќе го гледа низ бирокатска, наместо низ стратешка логика, синоќа на Бледскиот форум упати и министерот Муцунски. -Вистинска пресвртница би било неколку земји од регионот да станат членки на Европската Унија. Тоа би било доказ дека термините ‘моментум’ и ‘прозорец на можности’, кои ги слушаме веќе неколку години, конечно се целосно разбрани и сфатени. Нашето единствено барање е европската интеграција да се гледа како модел за трансформација на институциите, а не како обид да се трансформира нашиот идентитет. , вели Муцунски. Европските медиуми денеска објавија дека 11 земји членки, меѓу кои и Германија и Франција, побарале да се стави крај на опструктивните вета, односно преоѓање од едногласно во гласање со квалификувано мнозинство во надворешната политика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКитановиќ ја избриша објавата за Младиќ и се извини, оставка не поднесуваКитановиќ се извини и ја повлече објавата, Мицкоски не гледа простор за негова одговорност или разрешување од функцијата. Откако Директорот на агенцијата за остварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ се извини и ја повлече објавата во која го величаше осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, премиерот Мицкоски не гледа простор за негова одговорност или разрешување од функцијата. Смета дека Китановиќ сватил дека погрешил и го избришал статусот и дека станува збор за индивидувален став, спотивен од владината позиција. „Мислам дека сега не треба да го распнуваме за нешто и да бараме кривична одговорност за нешто за што самиот сфатил дека погрешил, се извини и го повлекол својот став. Владата е демократска, има своја дебата во рамките на коалицијата и кога ќе се донесе став за одредено прашање, сите чинители на Владата треба тој став да го следат“– Христијан Мицкоски, претседател на влада Во меѓувреме од Бошњачкиот демократски сојуз поднесоа кривична пријава против Далибор Китановиќ. Сметаат дека воените злосторства не смеат да бидат предмет на глорификација и дека е недозволиво носител на јавна функција со своите постапки и јавни пораки да ги релативизира воените злосторства и да го навредува достоинството на жртвите. Од опозициската СДСМ пак бараат оставки од Китановиќ и Стоилковиќ и сметаат дека тоа што владата не бара нивна одговорност значи дека ги поддржуваат ваквите ставови. -Далибор Китановиќ како Директор на Агенцијата за правата на заедниците објавува пофалби за човек кој спроведувал етничко чистење на заедниците. Без оставки на Стоилковиќ и Китановиќ значи дека останале на истиот став дека Младиќ е нивен генерал. А со тоа и Мицкоски, како нивен шеф, потврди дека Младиќ е и негов генерал, наведуваат од СДСМ. Претходно од Владата го повика Китановиќ да го повлече ставот од социјалните мрежи изнесен за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка, по што првиот човек на Агенцијата за остварување на правата на заедниците ја повлече објавата им се извини на премиерот и членовите на Владата и порача дека никогаш немал намера да навреди или понижи припадник на кој било народ, вера или етничка заедница. Јавно изнесениот став на Китановиќ наиде на осуда и од владеачката Вреди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook