3Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?
ХороскопДневен хороскоп за 3. јули 2025 година Дневен хороскоп за четврток, 3. јули 2025 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоам ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Немојте да се чудите доколку ви предложат некои мали промени. Тие се многу извесни и ќе ви донесат сигурност и стабилност. Здравје и совет Можете малку да земете пауза. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе покажете извесна несигурност , што малку ќе ја обесхрабри другата страна. Потрудете се да верувате во она што го живеете. Кариера Ќе ви изгледа како вашите деловни обврски да се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација. Здравје и совет Ќе ги почувствувате последиците на хедонизмот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви доенсе убави поени во љубовта. оние кои и натаму се сами , ќе освојуваат со леснотија. Кариера Оние кои лажеле ќе бидат разоткриени на неочекуван начин. Така ќе се осрамотат. Немојте да ги исмевате. Здравје и совет Одете каде што ви е добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите додворувања денеска би можеле да бидат речиси извештачени . Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени, Кариера Младите лица со кои соработувате денеска ќе ја покажат својата мрзеливост и неспособност. Ќе мора подобро да ги обучите. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Своите грижи ќе им ги препуштите на другите и ќе се свртите кон секојдневието. Така ќе си ја олесните душата и ќе станете реални. Кариера Оние чија работа не е конкретна , ќе имаат одлични достигнувања. Другите и натаму ќе го слушаат својот внатрепен глас и ќе им биде одлично. Здравје и совет Бидете упорни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе бидете во искушение денот да го минете играјќи видео игри.Пресечете и со паметно молчење, издржете. Кариера Пред вас е тежок ден во кој ќе мора добро да утврдите што сакаат шефовите , која е целта, кои се пријатели ,а кои непријатели. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Јарец 22.12.-20.1. Љубов На оригинален начин ќе се справите со проблемите во својот љубовен живот и ќе отворите врата за негово подобрување. Кариера Само продолжете да го развивате она што е се појасно. Денеска добивате потврда од новите соработници , кои ве поддржуваат. Здравје и совет Разбудете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот . Секој ќе сака да ужива на свој начин. Кариера Во работата што ја работите ќе се вмешаат други луѓе , со кои ќе треба да научите како да комуницирате. Ќе има мали проблеми. Здравје и совет Погледнете добар филм и опуштете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја пореметат самодовербата , но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера Постојат луѓе кои ве нервираат , зашто не знаат да работат онака прецизно како вас, па сепак ќе мора со нов да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Овен 21.3-20.4. Љубов Од вас ќе се бара да бидете внимателни и со интерес да слушате што ви зборува другата страна. Послушајте ја. Кариера Прекрасни идеи ќе доаѓаат од вашата потсвест. Потребно е што повеќе да се сконцентрирате на себеси. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Бик 21.4- 20.5. Љубов И покрај понекое ситно недоразбирање во комуникациите , вие сепак успешно ги градите љубовните мостови. Кариера Пред вас се многубројни нови работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и посветено. Најдобро е веднаш да почнете. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Работите доаѓаат во памнотежа и се движат со вообичаен тек. Успеавте да се договорите и сега одите понатаму. Кариера Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора и добивате договори ир ешение на таа тема.Ова ќе го употребите за да го комплетирате успехот. Здравје и совет Преминете од зборови на дела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФЗО: Над 2,35 милијарди денари исплатени за четири месеци Октомври со највисока исплата за породилни надоместоци.Над 621 милион денари исплатени во октомври, од кои рекордни 467 милиони денари за породилни надоместоци во последните четири месеци. Зад овие бројки стои континуитет во реализацијата на правата на осигурениците и јасна определба навремената исплата да стане стандард, а не исклучок. Фондот за здравствено осигурување го заокружи октомври 2026 година со исплатени 621.383.663 денари за надоместоци на плата по основ на привремена спреченост за работа и породилно отсуство. Од вкупниот износ, 467.074.428 денари се исплатени за породилни надоместоци, што претставува највисока месечна исплата за оваа намена во периодот јули–октомври 2026 година. За останатите надоместоци по основ на боледување се исплатени 154.309.235 денари. Но, вистинската слика за работењето на Фондот не ја дава само еден месец. Во периодот од јули до октомври, Фондот исплати вкупно над 2,35 милијарди денари за боледувања и породилни отсуства, од кои над 1,66 милијарди денари се однесуваат на породилни надоместоци. Овие податоци ја отсликуваат финансиската димензија на една од најважните обврски на Фондот – обезбедување континуитет во остварувањето на законските права на осигурениците. Особено значајно е што октомвриската исплата за породилни надоместоци бележи раст од над 25 проценти во однос на септември, потврдувајќи го засилениот обем на реализирани исплати за оваа категорија осигуреници. За Фондот, успехот не се мери само со висината на исплатените средства, туку и со сигурноста што ја носи нивната навремена исплата. Зад секој исплатен надоместок стои конкретно право, а зад секое право – човек, родител или семејство за кое финансиската предвидливост има особено значење. Токму затоа, определбата на раководството, предводено од генералниот директор м-р Златко Перински, е редовноста на исплатите да се воспостави како траен принцип на работење, со одговорно управување со средствата и непречено исполнување на останатите обврски на Фондот. Средствата на здравственото осигурување им припаѓаат на осигурениците. Обврска на Фондот е тие да се користат законито, одговорно и навремено, во функција на остварување на нивните права. Фондот и во наредниот период ќе продолжи да работи на подобрување на организацијата, ефикасноста на обработката на барањата и одржувањето стабилна динамика на исплатите. Нашата цел е едноставна: осигурениците да не ја доживуваат навремената исплата како посебна вест, туку како сигурност на која можат да сметаат. ФЗОТагови: ФЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенцијаПремиерот Христијан Мицкоски вели дека иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција, а Македонија мора да биде дел од таа иднина, а не да остане на маргините на технолошкиот развој.-Како инженер и професор, чувствувам одговорност да ги искористам сите можности за привлекување нови инвестиции, развој на современи индустрии и создавање перспективи за нашите граѓани. Нашата цел е Македонија да биде меѓу земјите што ќе го предводат овој процес, а не оние што ќе го следат.- вели Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаБојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните? Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни. Герасимовски треба да одговори: дали воопшто се прошетал во овој дел од општината за да види што им се случува на граѓаните? Дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“? Или Водно и целата Општина Центар се гледа само низ призма на градежни парцели, урбанистички планови и партиски приходи? Не може да се дозволува урбанистичка експлоатација на Водно, а притоа да не се ветуваат градинки и подобри услови за живот. Каде се конкретните проекти, роковите и решенијата? Граѓаните не живеат од прес-конференции и празни ветувања. И ова не е проблем само на Водно истите прашања се и низ цел Центар. Наместо општина што ги штити јавниот простор, животната средина , зеленилото и интересите на жителите, приоритет се градежните интереси и полнењето на партиската каса. Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање! Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија, туку градоначалник кој го штити јавниот интерес. Центар не смее да се претвори во бетонска општина во која ќе има станови, но нема да има доволно училишта, градинки и простор за живот. Водно не смее да биде жртва на урбанистичките интереси, а Центар не смее да биде заложник на партиските и градежните калкулации. Граѓаните заслужуваат општина за живот, а не општина за профит! Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕТагови: Бојаџиева Марковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter