Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината
Протест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)
1Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината
2Протест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)
3Епилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровери
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
3„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
ХороскопДневен хороскоп за 3. јули 2019 година Дневен хороскоп за среда, 3. јули 2019 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното. Кариера Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина. Здравје и совет Имате право. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите. Кариера Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно. Здравје и совет Размислувајте во тишина. Девица 23.8.-23.9. Љубов Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење. Кариера Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска. Кариера Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите. Здравје и совет Подобрување. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска. Кариера Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина. Здравје и совет Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета. Кариера Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат. Здравје и совет Се ќе ви биде интересно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба. Кариера Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле. Здравје и совет Бидете малку поскромни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно. Кариера Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа. Здравје и совет Ќе истражувате интересни работи . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи. Кариера Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности. Здравје и совет Не сте сами на светот. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската. Кариера Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете. Кариера Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа. Здравје и совет Верувајте во поубаво утре. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер. Кариера Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина. Здравје и совет Потрудете се да се храните здраво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаСерафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднинатаНовата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината.Новата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на првиот академски час на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. „Дваесет години од мојот професионален живот поминав во високото образование. Затоа денес не доаѓам само како министер, туку и како човек кој добро го познава академскиот свет и верува во неговата моќ да создава знаење и да го менува општеството“, истакна министерот Серафимовски. Во своето обраќање тој се осврна на климатските промени, зачувувањето на почвата и водата, безбедноста на храната, недостигот од работна сила и потребата од поголема продуктивност. Министерот Серафимовски нагласи дека одговорите на овие предизвици се во поврзувањето на традиционалното знаење со научните истражувања, иновациите и современите технологии. „Современото земјоделство веќе вклучува сателитски податоци, дигитални карти, сензори, дронови, автоматизирани системи, прецизно наводнување и вештачка интелигенција. Земјоделецот на иднината ќе ја познава земјата, но ќе знае да управува и со податоци. Технологијата нема да го замени човекот, туку ќе му помогне да носи подобри, побрзи и попрецизни одлуки“, порача министерот Серафимовски. Тој посочи дека соработката меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Факултетот за земјоделски науки и храна ќе се развива како суштинско партнерство преку кое научните сознанија ќе се вградуваат во земјоделските политики и ќе стигнуваат до производителите и компаниите. „Земјоделството е храната на нашите трпези, почвата и водата, животот во селата, животната средина и сигурноста на државата. Затоа не ја чекајте иднината, бидете проактивни и со љубопитен дух создавајте ја преку знаење, наука, технологија, труд и одговорност. Наша обврска е да создадеме услови вашите идеи да се реализираат овде, во нашата татковина“, порача пред студентите министерот Серафимовски, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПротест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)Пред најавеното пристигнување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, група Албанци се собраа на аеродромот во Приштина во знак на протест против осудата на поранешните лидери на таканаречената ОВК за воени злосторства.Демонстрантите го блокираа главниот излез од аеродромот, каде што се очекува да помине претседателката на Европската комисија, но таа помина низ излезот за Липљан, објавува „Коха“. Како што е објавено, толпата носеше транспаренти во поддршка на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими, кои беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства од страна на Специјализираните комори во Хаг. На транспарентите пишуваше „Не во мое име“, „ЕУ, нè предаде“ и „Денес Тачи, утре Зеленски“. Фон дер Лајен се сретна во Приштина со вршителот на должноста претседател, Албуљен Хаџиу, а беше најавена и средба со премиерот, Албин Курти. Фон дер Лајен пристигна во Приштина од Тирана, каде што се сретна со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕпилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровериНе само во Македонија, членовите на организираната криминална група која вчера беше разбиена во Прилеп, имале нелегални активности и во Грција на Халкидики, а еден од нив бил и бегалец од куќен притвор во Шпанија.Министерот за внатрешни работи Тошковски во гостување на Радио Лидер откри дека повеке од една година работеле на овој случај кој резултира со над 20 кривични пријави, меѓу кои и полицајци кои и помагале во криминалните дејствија на групата. Најави дека и понатаму ќе се истражуваат активностите и документите кои се поврзуваат со оваа група која се поврзува со наркотици. пронајдени се околу 130 илјади евра готовина, запленети се десетина возила, меѓу кои и луксузни автомобили масерати и ленд ровери, а постојат сомнежи и за фалсификување на документи и перење пари.. целата шема функционирала над 15 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45