Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди
2Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди
Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
1Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
ХороскопДневен хороскоп за 3. јануари 2026 година Дневен хороскоп за сабота, 3. јануари 2026 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Речиси е сигурно дека денот ќе го поминете дома во друштво на саканата личност. Ќе ви биде убаво и без поголеми љубовни активности. Кариера Стигнува предлог за една соработка што не сте ја очекувале.Малку сте збунети , но ќе реагирате бргу и ќе се снајдете. Здравје и совет Имате право да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете способни да читате меѓу редови , како и да детектирате и она што е најскриено во односот со личноста која ја сакате. Кариера Ќе влијаете на работите и луѓето околу себе, понекогаш и несвесно.Ќе забележувате и повеќе отколку што очекувате. Здравје и совет Подобрување и инспирација . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ја поврзете саканата личност со вашето друштво и пријателите. Ќе ви биде пријатно и драго поради тоа. Кариера Не се двоумите да вложите енергија во работата. Секој труд кога-тогаш ќе се исплати. Здравје и совет Што сте замислиле, остварете го. Овен 21.3-20.4. Љубов Фантазијата ќе ве води низ патеките на срцето , па нема да бидете целосно реални. Отуѓувањето што е започнато , ќе ве оддалечи. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. работете енергично , а анализирајте полека. Здравје и совет Нерасположение без вистинска причина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска е ден кога во љубовните прашања ќе ги мешате скромноста и високите идеали. Резултат ќе биде збунетост од другата страна. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за една соработка , зашто ќе ви се чини дека не е реална. Сепак , размислете. Здравје и совет Мали главоболки. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Имате доволно самодоверба . Врските добро се развиваат , а ако сте уште сами , не чекајте туку излезете. Се е можно. Кариера Повеќето од вашите деловни активности ќе се одвиваат соо помош или поддршка на други. Покажете дека тоа го цените. Здравје и совет Ќе имате доволно време за дружба. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можело да се најдете на ново место со стари познајници или навики. Кариера Вашето знаење и стручноста се неспорни , но ќе ви се чини дека не ви придаваат доволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Не може ништо да се прескокне. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе бидете повеќе посветени кон партнерот , кој ќе биде почувствителен од вообичаеното. Бидете внимателни. Кариера Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и ги контактирате колегите за нови деловни потфати. Здравје и совет Пуштете да ве води интуицијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе дадете се од себе за да ја збогатите својата врска. Предлозите ќе бидат необични , но интересни. Кариера Срцето ве влече меѓу луѓето , но ако треба да се сработи уште нешто , направете го тоа без приговор. Здравје и совет Јадете повеќе овошје и зеленчук. Вага 24.9.-23.10 Љубов Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите кои се попречуваат меѓу вас и саканата личност. Кариера Ќе покажете дека имате свежи идеи , кои ќе бидат изненадување за некои од соработниците. Слободно презентирајте ги. Здравје и совет Би било добро да се наспиете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе бидетге подложни на посилно искажување на емоциите , а инспирациите за љубов нема да ви недостигаат. Кариера Сите работи поврзани со луѓе добро ќе се одвиваат . Комуницирајте , отворете се , предлагајте ги своите идеи и решенија. Здравје и совет Во добра кондиција сте . Продолжете така. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Развојот на вашиот љубовен живот е неспорен. Можете да избирате , а понекогаш е и обратно. Важно е дека срцето ви е на место. Кариера Во деловната коресподенција , што е интензивна би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и на ист начин одговарајте. Здравје и совет Поставете си јасни цели .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛукровски оствари средба со поглаварот на ИВЗГрадоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денес оствари средба со поглаварот на Исламската верска заедница, Шакир ФетахуНа средбата беше разговарано за предизвиците со кои се соочува општеството, значењето на меѓусебната почит и почитувањето на различностите, како и за важната улога што ја имаат верските заедници во градењето соживот, разбирање и доверба меѓу граѓаните. Соговорниците ја истакнаа важноста на верувањето и духовните вредности за народот, како и потребата од продолжување на меѓусебната соработка во интерес на сите граѓани. Во знак на благодарност и почит за досегашниот ангажман и придонес, на градоначалникот Сотир Лукровски му беше врачена благодарница. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Сотир Лукровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштедиГрад Скопје воведува систем на целосна контрола и мониторинг на службените возила со цел намалување на непотребните трошоци, спречување злоупотреби и поефикасно управување со јавните средства.Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар. Системот овозможува во реално време да се следи локацијата на возилата, нивната маршрута и брзина, времето поминато во движење, како и потрошувачката на гориво. Дополнително, со специјални сонди се следи и нивото на горивото, со што се овозможува навремено откривање на нелогични трошоци и подобра контрола врз користењето на службените возила. „Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување. Градскиот буџет е сопственост на граѓаните и со него мора да се управува домаќински, одговорно и транспарентно“, порачаа од Град Скопје. Домаќинското управување веќе дава конкретни резултати. ЈСП Скопје во првите шест месеци бележи заштеда од околу половина милион евра за гориво, со дополнително вклучени 50 возила, во споредба со првите шест месеци од истиот период минатата година. Град Скопје посочува дека ова е само еден дел од мерките насочени кон рационално користење на јавните средства. Вооедно, градоначалникот користи сопствено возило и горивото го плаќа од сопствени средства, додека службеното возило кое во минатото го користеле градоначалниците е ставено на располагање за потребите на Град Скопје. Секој денар што ќе се заштеди од непотребно трошење да биде насочен кон подобрување на услугите и условите за живот на скопјани: улици, паркови, јавен превоз, училишта, култура и други приоритети. Град Скопје продолжува со воведување ред, контрола и домаќинско работење, со јасен принцип дека јавните средства мора да се користат исклучиво во интерес на граѓаните. Град Скопје Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Девојка на светска фудбалска ѕвезда во проѕирно од главата до петицитеАтрактивната Ешлин Кастро објави провокативни фотографии во фустан од тантела и доби многубројни комплименти за својот изглед.Девојката на ѕвездата на Реал Мадрид и Англија, Џуд Белингем, манекенката и инфлуенсерка Ешлин Кастро – со која тој е во врска две години – позираше во провокативно издание на последната фотографија објавена на Инстаграм и предизвика бројни реакции, главно позитивни. „Во последно време – само тантела“, напиша атрактивната Американка, која на фотографијата носи црн фустан од тантела, целосно проѕирен, што ги истакнува нејзините атрибути – особено во неколкуте пози во кои таа се покажа вешто и заводливо. Фустанот имаше тенки прерамки, а таа го надополни изгледот со впечатлив накит и фризура со крената коса во пунџа; набрзо потоа, објавата беше преплавена со коментари за нејзиниот изглед. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook