ХороскопДневен хороскоп за 3. јануари 2025 година Дневен хороскоп за петок 3. јануари 2025 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Од удобноста на домот денеска ќе излезете надвор на сонце со своето друштво за да ги почестите саканите лица. Кариера И со мали чекори може да се стигне на целта. Не ви се потребни сензации. Можеби е помалку атрактивно , но е ефективно. Здравје и совет Здравјето ви се подобрува. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Се што на каков било начин може да влијае на вашиот љубовен и емотивен живот , денеска нема да ви оди од рака. Стрпете се. Кариера Ќе ви се чини како да имате многу пријатна позиција , но ќе треба да ја оправдате со професионализам и работа. Здравје и совет Непостојаност во навиките. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе се послужите со нежен речник за да освоите нечие срце. Делумно ќе успеете. Кариера На службен пат би можеле да доживеете исклучително убаво искуство . Ќе успеете да споите пријатно со корисно. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е ден е ден во кој ќе имате посебна инспирација за љубов и за своите идеали за личните односи. Кариера Нека ве води вашето знаење и креативните идеи . Нема да ве изневерат , туку ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат. Здравје и совет Ги победувате грижите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата љубовна врска убаво ќе се развива и покрај вашата повремена нетрпеливост. Ќе ви помогнат одредени ситуации. Кариера Полека излегува на виделина дека по некои прашања вие имате поголемо стручно занење од вашите надредени.Немојте поради тоа да се замислувате. Здравје и совет Прошетајте се на чист воздух. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Немојте да се фалите со нешто што не постои и што никогаш не се случило. Прифатете го ова сиромашно време за љубов како нешто минливо. Кариера Поддршката што можеби ја очекувавте нема да се оствари. Треба да се потпрете на сопственото знаење и труд. Здравје и совет Внимавајте што јадете. Рак 22.6-22.7. Љубов Во попладневните часови би можеле да покажете високо ниво на конфузија или да претерате во консумација на пијалоци додека сте во друштво. Внимавајте. Кариера Повторно нема да бидете сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате делумен успех. Ќе ви недостига доследност и прерфекционизам во работењето. Здравје и совет Изолирајте се во мир. Лав 23.7-22.8. Љубов Доколку уште сте сами , излезете меѓу луѓе зашто се можни преубави средби полни со искрени емоции. Кариера Без оглед на малото количество стрес , денеска сите предизвици ќе ги решавате со леснотија и ќе уживате во тоа. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во врска со љубовниот живот немате никакви грижи. Оние кои се во врска уживаат, а самите имаат успех во додворувањата. Кариера Следуваат минливи компликации со колегите , од кои некои ќе одат на боледување или ќе изостанат поради битна причина. Ќе мора да се снаоѓате. Здравје и совет Внимавајте на вируси. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ви претстои пријатна и многу емотивна средба со пријатели или драги личности. Врската добро се развива. Кариера Без оглед што и натаму трпите мали стресови од страна на надредените, денеска ќе бидете дури и поддржани.Контрадикторно е , но вистинито. Здравје и совет Медитирајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашите лични опдноси се развиваат во поволна насока за вас. немојте премногу да барате или да анализирате , зошто и вака е добро. Кариера Своите идеи внимателно ќе ги презентирате , поучени од претходните искуства . Сепак , би можеле да бидете малку посмели. Здравје и совет Останете доследни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете многу среќни во својот дом. Ако сте во двојка , ќе се посветите на домашните работи , кои ве опуштаат. Доколку сте сами , нема да излегувате. Кариера Работата што не сте ја довршиле , денеска би можеле да ја доведете кон крај на многу инспиративен и пријатен начин. Здравје и совет Избегнувајте колачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаГерманска ракета е лансирана во земјината орбита: Историски моментГерманскиот стартап „Исар Аероспек“ денес соопшти дека наскоро ќе ги прошири лансирањата на сателити, откако неговата ракета „Спектрум“ за прв пат беше лансирана во орбитата од вселенски центар во Норвешка.Германскиот стартап „Исар Аероспек“ денес соопшти дека наскоро ќе ги прошири лансирањата на сателити, откако неговата ракета „Спектрум“ за прв пат беше лансирана во орбитата од вселенски центар во Норвешка, што претставува пресвртница во напорите на Европа да обезбеди независен пристап до вселената. Беспилотната ракета „Спектрум“ стана првата комерцијална ракета што стигна до орбитата од континентална Европа, што е пробив за регион каде што неколку земји бараат упориште на брзорастечкиот пазар за лансирање сателити. „Способноста за лансирање во моментов е најголемото тесно грло во целата индустрија“, изјави за новинарите Даниел Мецлер, коосновач и извршен директор на „Исар“. „Исар“ е приватна компанија и сè уште е добро финансирана, рече Мецлер, додавајќи дека излегувањето на берза во моментов „не е опција“. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поздрави лансирањето со изјава во која го нарече „почеток на нова ера“. Мерц го посети местото за лансирање на „Исар“ во март и ги истакна напорите на Европа да воспостави поголема автономија, бидејќи глобалниот поредок, некогаш предводен од САД, се менува под водство на американскиот претседател Доналд Трамп. Лансирањето беше извршено од норвешкиот космодром Андоја, а Спектрум носеше пет мали сателити и технолошки експеримент, објави Исар. Ракетата е дизајнирана за растечкиот пазар на мали и средни товари. „Независниот пристап на Европа кон вселената штотуку доби голем поттик“, напиша комесарот на ЕУ за одбрана и вселена Андриус Кубилиус на социјалната мрежа X. Congrats to @IsarAerospace for historic launch from Andøya Spaceport, Norway! Europe’s independent access to space just got a major boost! 🇪🇺 Thrilled to see EU tools help startups scale from lab to launchpad and a visible European commercial space company. #EUSpace #Cassini https://t.co/p5X3Ut0B0R — Andrius Kubilius (@KubiliusA) September 6, 2026 Тоа беше второ лансирање на Исар, кое се случи 18 месеци откако првата ракета на компанијата падна во морето и експлодираше во огнен спектакл кратко по полетувањето од истата локација. Никој не беше повреден. Исар произведува уште пет ракети Исар објави дека во моментов произведува уште пет ракети и сега е фокусиран на зголемување на бројот на лансирања за да се задоволи зголемената побарувачка, со долгорочна цел од околу 40 лансирања годишно. Минатата недела, Исар објави дека обезбедил околу 200 милиони евра од Европската вселенска агенција за финансирање на развој на нови ракети и проширување на инфраструктурата за тестирање и лансирање. Глобалните играчи на пазарот за лансирање сателити ги вклучуваат американскиот „СпејсИкс“ на Елон Маск и француската „АријанГруп“, заедничко вложување помеѓу „Ербас“ и „Сафран“, која користи вселенски центар во Француска Гвајана во Јужна Америка. Шведска со својата лансирна рампа „Есранџ“ и Велика Британија со својот космодром „Саксаворд“ на шкотските Шетландски Острови се најблиските конкуренти на норвешката лансирна рампа и сите сакаат да ѝ обезбедат на Европа поголема автономија во вселенските летови.Тагови: ракета орбита Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкцииКрајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции, само со неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата не се премолчува и толерира.Нема ситуација во која СДС нема да се обиде да измисли, конструира и изврти нешто што нема никаква допирна точка со реалноста. Целосно ја поздравувам и ја поддржувам акцијата на надлежните институции за спречување на корупцијата, како и храброста и решителноста на граѓанинот кој го пријавил барањето за мито и соработувал со институциите за случајот да биде откриен и процесуиран. Само со таков однос, пријавување, постапување и неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата нема да се премолчува и толерира. За вакви постапки мора да има нулта толеранција, без разлика кој е сторителот. Во однос на мене лично, сакам да бидам кристално јасен дека целосно се оградувам од постапувањето на приведеното лице. Неговото постапување нема никаква врска со мене, со мојата функција, со моето работење или со каква било моја одлука или постапка. Лицето е возач кој во минатото работел и кај други функционери, а на позицијата возач кај генерален секретар е само околу шест месеци. Неговото незаконско постапување е исклучиво негова лична одговорност и за стореното треба да одговара пред надлежните институции. И до сите оние кои мислат дека на ваков начин можат да дојдат до пари или дека ваквото работење може да им се исплати сакам недвосмислено да истакнам дека со оваа Влада, со институциите кои постапуваат и со моето работење како поединец, но и како дел од овој систем, криминалот нема да ви биде исплатлив. Нема да дозволам нечии незаконски постапки да го валкаат угледот на луѓето кои чесно, одговорно и деноноќно работат за резултати, ниту ќе дозволам со такви постапки да се фрла сенка врз работата што ја вложуваме секој ден. Токму затоа е крајно несериозно и политички бедно тоа што СДС повторно се обидува од конкретен случај да произведе политичка конструкција. Кај нив очигледно нема ситуација во која нема да се обидат да измислат „врска“, да извртуваат факти и да фрлаат клевети, само за да создадат политичка приказна таму каде што не постои. Но, конструкцијата им е целосно промашена. Нивниот проблем е што не можат да прифатат дека денес институциите постапуваат. Не можат да прифатат дека никој не смее да биде заштитен ако го прекршил законот. И токму затоа денес се обидуваат да ја претстават како проблем акцијата која всушност покажува дека системот функционира. Нема да дозволам нивните политички конструкции да ја сменат вистината. Корупцијата треба да се пријавува. Институциите треба да постапуваат. А секој што ќе го прекрши законот треба да одговара без оглед на функција, партија или близина со кој било функционер. Тоа е нашата позиција. А СДС, наместо да измислува приказни, нека се соочи со фактот дека времето на заштита од одговорност заврши, објави на ФБ генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИнфантино се кандидираше за четврт мандат на чело на ФИФА, нема противкандидати Џани Инфантино (56) повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА на изборите во март 2027 година. Светската фудбалска организација потврди дека Инфантино, кој е на чело на ФИФА од 2016 година, се бори за четврти мандат. Неговата одлука доаѓа по турбулентен период во кој се соочи со силен отпор поради планот за продажба на удели во натпреварувањата на ФИФА на приватни инвеститори. Во официјално соопштение, ФИФА ја цитираше најавата на Инфантино во април дека повторно ќе се кандидира. „Секако, ништо не се променило. Г-дин Инфантино ќе се кандидира“, рече ФИФА. Ова е прва официјална потврда за неговата намера по контроверзиите што следеа по Светското првенство ова лето. Конфликт со УЕФА Односите меѓу ФИФА и УЕФА се влошија во последните недели. ФИФА го обвини европското тело за „кампања за оцрнување на федерацијата и нејзиното раководство“ како одговор на правната постапка што ја покрена УЕФА. Минатата недела, УЕФА поднесе правни документи во САД барајќи пристап до докази и документи на ФИФА и предупреди дека може да поднесе кривични пријави во Швајцарија. Поради спорниот финансиски план, УЕФА претходно се закани дека ќе ги бојкотира сите натпреварувања на ФИФА, вклучително и Светското првенство. Иако европската организација се откажа од обидот да гласа за недоверба на Инфантино, тие се уверени дека можат да му спротивстават на друг кандидат. Гласањето за недоверба би барало промена во статутот на ФИФА, што бара поддршка од три четвртини од членовите, односно 159 гласови, па таквото сценарио во моментов не се смета за реално. Потрага по противкандидат Кандидатурата бара поддршка од најмалку 106 од 211 национални асоцијации, а апликациите се примаат до 18 ноември. Досега нема други официјални кандидати за претседател на ФИФА. Претседателот на КОНКАКАФ, Виктор Монтаљани, неофицијално се споменува како можен противник на Инфантино.Тагови: Инфантино ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12