3 За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државата
ХороскопДневен хороскоп за 3. јануари 2020 годинаДневен хороскоп за петок , 3. јануари 2020 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе го остварувате својот љубовен план без никакви проблеми , речиси совршено. Се ќе ви оди од рака , а насмевката нема да ја симнувате од лицето. Кариера Во сите работи поврзани со односи со луѓето , денеска ќе постигнувате добри резултати. Останатите убаво ќе соработуваат. Здравје Нема ниту грижи , ниту пречки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вистинската среќа денеска ќе ја најдете преку добри пријатели или во нивното друштво. Препуштете им се со доверба. Кариера Ќе дојде до деловна преписка , што ќе ве замори. Се бара посебно деликатен начин на изразување. Здравје Слободно сонувајте со отворени очи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден со исклучително добра комуникација меѓу вас и партнерот. Како од вашата уста да зборуваат ангели. Кариера Ќе бидете одлично поврзани со луѓето со кои работите. Одличен ден за презентации , изнесување идеи, развој на контакти. Здравје Се наоѓате во добра форма. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе бидете сигурни во своите чувства и преполни со добри намери. Тоа ќе ја подобри вашата врска. Кариера Повеќе од кој било друг на работа ќе покажете љубезност и грижа.Колегите ќе знаат тоа да го ценат. Здравје Уживајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веќе сте заморени од љубовните кошмари , но што е , тука е. Ни денеска нема да биде подобро , но вие ќе успеете да најдете излез. Кариера Интелекталните и креативни работи денеска добро ќе би одат , но ако се однесувате професионално. Можеби енма да ви биде најпријатно , но следуваат резултати. Здравје Подобро да не коментирате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мали еротски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближиоте на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе успеете. Кариера Би сакале да воведете промени во некои подрачја на работата. Денеска ќе се занимавате со тоа. Ќе го разработувате планот во глава. Здравје Не се плашете да истражувате. Рак 22.6-22.7. Љубов Денот ќе ви открие вистинска плима од емоции , но се ќе се случува на избалансиран начин. Многумина ќе ја покажат вистинската љубов. Кариера Креативците денеска ќе имаат успех., а околината најверојатно ќе им даде поддршка. Здравје Главоболката попушта. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате потреба да ги надоградите личните односи на еден малку поформален начин , на кој ќе му ја одземете спонтаноста. Кариера Во работата во која соработувате со другите се појавува ненадејна вест или можност поврзана со смислата за убаво. Здравје За некои работи уште не е време. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сите кои уште бараат сродна душа денеска лесно ќе ја најдат преку работата. Нека обрнат внимание на личностите со кои соработуваат. Кариера Пријатно окружување , поддршка од колегите , креативност што излегува од секој потег- сето тоа ќе ви го направи денот продуктивен. Здравје Продолжете со здрав живот. Вага 24.9.-23.10. Љубов Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволство и со некои убави шанси. Кариера Некои можеби денеска ќе добијат шанса за да ги оплодат своите пари. Други ќе увидат дека добро им оди . Здравје Мали проблеми со дигестивниот тракт. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Толку добро ќе се поврзете со оние околу себе што ќе ги заборавите критиките , измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате. Кариера Некои работи треба да останат такви и вие нема да можете да ги смените. Ако ја прифатите состојбата , ќе биде покорисно. Здравје Одморете се по напорот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , што за вас ќе делува како мал шок. Кариера Вашите заслуги сепак ќе излезат на виделина , а вас ви преостанува дас е стрпите додека тоа не се случи. Здравје Прво размислете , па донесете одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВетувале сигурна добивка, измамиле стотици - битолчанка и Естонец „заработија“ кривичниУплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. „Уплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. Со вакви или слични пораки, споделени во група на социјална мрежа со неколку стотици членови, како што е „Вибер“, 56-годишна битолчанка и 38-годишник од Естонија ги убедувале граѓаните да инвестираат во криптовалути, ветувајќи им високи и сигурни добивки. Ама наместо заработка, во рок од пет месеци, од декември лани до април годинава, стотици граѓани останале без вложените пари. Откако ги добивале уплатите, измамниците ги префрлале во криптовалути. Следејќи го трагoт на овие трансакции, полицијата успеала да дојде до сопственикот на т.н криптопаричник за сега да има докази и да поднесе кривични пријави за „измама“ од член 247 од Кривичниот законик против битолчанката и Естонецот. -Со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број на граѓани од целата држава да вложуваат финансиски сретства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета. До секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР доставени се пет пријави од оштетени граѓани кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената во измамата оштетени се стотина граѓани од државата, но повеќето не го пријавиле случајот. - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Во текот на истрагата која траела со месеци биле вклучени странски институции, а делото е докажано со форензичка анализа на уредите, како што се комјутери и мобилни тетефони на 56 годишната Македонка, појасуваат од МВР. Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира до граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамници нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МакедонијаПродолжи судењето за „Државна лотарија“За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав кога постапката беше во одмината фаза и при носењето на истата не гласавме - вака денеска пред судот сведочеше Андреј Крстевски, вработен во Државна Лотарија.За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав кога постапката беше во одмината фаза и при носењето на истата не гласавме - вака денеска пред судот сведочеше Андреј Крстевски, вработен во Државна Лотарија, кој се појави како сведок на обвинителството во случајот со злоупотреби во државна лотарија од речиси 10 милиони евра. Крстевски кој сега работи во кабинетот на актуелниот директор на Лотарија, а порано бил член и во управниот и надзорниот одбор, рече дека вработените не добиле детално објаснување зошто е неопходна набавката на ВЛТ апарати. -За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав непосредно пред крај на постапката од лица кои беа членови во комисиите кои треба да ги спроведат постапките. Сметам дека требаше да добиеме подетално објаснување за оваа набавка. Тие никогаш не неа ставени во функција и сега се наоѓаат во некој наш магацин,- - сведок Андреј Крстевски. Според одбраната пак, иако сведокот рече дека не гласал за планот за набавка на ВЛТ апаратите, дал исказ со кој потврдил дека ВЛТ апаратите биле дел од финансискиот план на претпријатието и со тоа потврдил дека бил свесен за нивната неопходност уште од почетокот на постапката. Токму набавката на ВЛТ апарати е предмет на обвинение во случајот во кој првообвинет е ексдиректорот Перпарим Бајрами, а обвинителен предлог има и против поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште 6 лица. Следното рочиште е закажано за 6 ноември кога ќе се испитуваат последните сведоци на обвинителството, а кога се очекува да се појави и актуелниот директор на Лотарија Александар Климовски. По ова се очекува пред судот да бидат испрашувани сведоци на одбраната, а Груби веќе најави дека меѓу повиканите сведоци на одбраната ќе бидат сите поранешни членови на претходната влада на СДСМ и ДУИ, меѓу кои и поранешниот премиер Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државатаДеветмината осомничени во аферата со ФЗО и очната клиника „Санте Плус“, добија мерки на претпазливост. Кривичниот суд го прифати предлогот на ОЈО ГОКК, па на осомничените им се одземени пасошите и ќе мора редовно да се јавуваат во судот. доцна синоќа бил уапсен и сопственикот на „Санте Плус“, турскиот бизнисмен Билал Кара, кој се товари за кривичното дело – перење пари. -Полициски службеници, по наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, го лишија од слобода Б.К. за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Кара им е добро познат на органите за прогон и во регионот, а Албанија од лани го бара и со потерница поради сомнежи за неколку кривични дела. Меѓу нив се непријавување на приходи од еден милион евра преку клиниката„International Medicare“, поранешна „Санте Плус“, како и за користење на лекови со истечен рок и нелегално внесени медицински препарати. И во „Санте Плус“ во Приштина според тамошните медиуми, биле утврдени сериозни законски прекршувања, болницата работела две години без лиценца, а имало случаи каде на пациенти наместо ботокс им се вбризгувала вода. Очната болница во Скопје, која според пријавата оштетила помеѓу 3000 и четири пациенти со тоа што наплаќала за операции и од фондот и од пациентите денеска работи под полна пареа. Екипата на Канал 5 побара одговори од менаџментот но досега не добивме. Приватната болница вчера била затворена, но денеска функционира вообичаено, внатре холот е полн со пациенти кои вршат прегледи и закажуваат операции на очите Со спорниот договор помегуи фондот и Санте Плус буџетот бил оштетен 1,7 милиони евра, а приватната болница се стекнала со противправна корист од речиси 4,5 милиони евра. Договорот е потпишан кога со фондот раководел Ден Дончев кој според извори на Канал 5, не е во земјава .. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06