ХороскопДневен хороскоп за 3. февруари 2024 годинаДневен хороскоп за сабота, 3. февруари 2024 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ако веќе толку сакате да се жалите, тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба, а не на онаа со која сте во врска, зашто ќе и бидете напорни. Кариера Можеби ќе посакате сите да ве остават на мир, за да го одработите својот дел од работата со потребната концентрација.Ќе ви тргне од рака. Здравје и совет Можни се преоптоварувања. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе се подготвуваат да кажат нешто важно и во главата ќе спремаат голем говор.Не изразувајте што мислите , ако тоа не можете да го промислите. Кариера Еден трошок малку ќе ве вознемири, но набргу ќе воспоставите контакт со кој ќе развиете работа и ќе го надоместите. Здравје и совет Добро ќе маневрирате. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачат.Тоа ќе биде напредок и благо олеснување. Кариера Ако имате проблеми да го изработите неопходното, сетете се на своите стручни знаења и набргу ќе дојдете до решение. Здравје и совет Одморете,наспијте се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Можно е некој да ви предложи излез од љубовниот лавиринт , но не сте подготвени тоа да го спроведете на дело. Кариера Пред вас е порака, понуда или слично , која што доаѓа од странство.Сепак не е сосема дефинирана, но радува како можност. Здравје и совет Засега анализирајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Изразувањето на личното незадоволство не е начин за подобрување на интимните односи , доколку не предложите и некои конкретни решнија. Кариера Верувајте дека можете подобро и повеќе.Имате право , но не треба од себе да го барате неможното.И вие сте само човек. Здравје и совет Бидете пореални. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска завршувате една фаза на својот еротски живот и ги комплетирате искуствата.Оние во врска се добро ,а осамените заведуваат. Кариера Веројатно ќе се најдете покрај големи вложувачи во вашата работа, но работите се уште не се дефиинирани , ниту готови. Здравје и совет Здрави сте и подготвени за нови предизвици. Лав 23.7-22.8. Љубов И да одите чекор напред па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате.Тоа ќе го препознае и другата страна. Кариера Денеска ќе се занимавате со некои нежни теми или естетски , уметнички и креативно подобрување на работата. Здравје и совет Имате добра форма. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете стабилни и сигурни во својата врска , зашто ќе се појават резултатите од вашите претходни љубовни делувања. Кариера На чекор сте до моментот кога ќе ве забележат и оние кои до сега не ве забележувале. Здравје и совет Само продолжете со зададените активности. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ако ви се пристори како партнерот ви ги крои деновите , ќе се побуните , а потоа ќе продолжите тоа да го прави до одреден степен. Кариера На некои ќе им се чини дека се им е однапред зацртано, па немаат многу простор за маневрирање. Здравје и совет Имате доволно слобода , без грижа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ви претстои големо пријателство, можеби и повеќе , а до зближувањето ве дели еден мал чекор. Кариера Ќе се ослободите од некаква нејаснотија , што ќе ја видите пред да ја забележат другите.Сепак не се однесувајте како се да знаете, туку дадете им шанса и на другите. Здравје и совет Ќе бидете разбрани. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Оние кои се вљубени , би можеле на саканата личност да и предложат нешто поврзано со заедничкиот дом . Кариера Ќе довршувате мало инвентирање, кое е предуслов за уште поголемо напредување во работата.Ќе успеете. Здравје и совет Не претерувајте со јадење и пиење. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ја носите саканата личност од место на место и ќе и покажувате каде би можеле еден ден да живеете заедно. Кариера Добро ќе соработувате со сите , но најдобро со младите соработници. Ќе уживате во тоа. Здравје и совет Бидете она што сте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизГолема дупка се отвори пред луксузната вила на Николас Кејџ, наредена е итна евакуација Силна бура што го погоди брегот на Лос Анџелес сериозно им се закани на неколку домови во Малибу, вклучувајќи ја и вилата на Николас Кејџ. Голема дупка во земјата се отвори во непосредна близина на домот на актерот, поради што властите наредија евакуација на жителите од погодената област. Бурното море, плимата и силните бранови предизвикаа уривање на дел од брегот и приодите кон куќите лоцирани покрај океанот. Вилата на Кејџ, вредна 10,5 милиони долари, е еден од петте имоти што се обележани со црвена ознака, што значи дека во моментов се забранети поради безбедносни ризици. Голема дупка се отвори веднаш до куќата Според Page Six, пред имотот на актерот имало дупка широка и долга околу девет метри. Фотографиите направени на местото на настанот покажуваат дека срушената област е многу блиску до куќата. Скеле може да се видат и околу вилата, што укажува дека одредени работи веќе биле во тек на имотот пред бурата дополнително да ја искомплицира ситуацијата. За среќа, никој не е повреден во уривањето. Сепак, обемот на штетата и заканата од понатамошни лизгања на земјиштето беа доволни градот Малибу да прогласи вонредна состојба во вторник вечерта. „Наредба за евакуација е на сила за сите погодени имоти. Шерифските заменици лично ги известија жителите и е издадено дигитално предупредување“, се вели во официјалното соопштение. Службите за итни случаи се обидуваат да спречат понатамошно уривање Екипите на терен се обидуваат да го обезбедат срушениот дел од брегот пред следната плима бидејќи постојат стравувања дека морето би можело да однесе повеќе земја и дополнително да ги загрози домовите. Штетата на цевките за природен гас беше откриена и за време на интервенцијата, но дефектот оттогаш е поправен. Според „Њујорк пост“, бурата што го погоди брегот на Лос Анџелес во вторник е поврзана со остатоците од ураганот Мари. Кејџ ја купи куќата во Малибу во 2024 година за 10,5 милиони долари. Вилата е од околу 370 квадратни метри и се наоѓа веднаш до океанот. Меѓу нејзините главни адути се погледот на морето и приватната тераса на покривот.Тагови: Николас Кејџ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
СветТрамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември.Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември, изјави портпаролот на владата, додавајќи дека не е одреден нов датум за разговорот. Портпаролот не даде причина за одложувањето. Во вторник, Трамп ја припиша победата на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AфД) на неделните покраински избори во Саксонија-Анхалт на германските правила за имиграција, кои ги опиша како „ужасни“. Трамп е воодушевен од победата на AfD „Воау! Популистичката партија во Германија штотуку имаше навистина голема ноќ“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, осврнувајќи се на неделните избори. Трамп не ја спомена конкретно AfD, но беше јасно на која партија мислеше. AfD и нејзините поддржувачи се презаситени од „апсолутно ужасните правила за имиграција“ на Германија, рече Трамп. „ТИЕ СЕ ВО ПОГОЛЕМУВАЊЕ и повеќе нема да го толерираат тоа“, напиша тој. The President of the United States supports AfD. pic.twitter.com/gLGoknyMd8 — Ron Filipkowski (@RonFilipkowski) September 8, 2026 Џ.Д. Венс се сретна со лидерот на АфД Откако Трамп ја презеде функцијата во јануари 2025 година, се смета дека АфД има поблиски врски со Вашингтон од кога било досега. Копретседателката на АфД, Алис Вајдел, го опиша Трамп како пример за углед по неговото враќање во Белата куќа, а претставници на АфД отпатуваа во Вашингтон за неговата инаугурација. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, се сретна со Вајдел на маргините на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2025 година. На конференцијата, Венс предупреди дека исклучувањето на популистичките партии и градењето политички „заштитни ѕидови“ ризикуваат игнорирање на волјата на милиони гласачи.Тагови: АфД Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)Попладневно избувна голем пожар во Карпош 4 во Скопје , во близина на бунарите Лепенец. Голем пожар избувна пред половина час во близина на бунарите Лепенец, покрај кејот на Вардар во Карпош 4. Според видеата, се гледа голем пожар и чад што зафати сува трева и грмушки во близина на објектот на ЈП Водовод. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook