ХороскопДневен хороскоп за 3. февруари 2021 годинаДневен хороскоп за среда, 3. февруари 2021 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска е одличен ден за романтична вечера со свеќи. Ќе бидете нежни , а вашите кулинарски способности ќе излезат на виделина. Кариера Во услужните дејности денеска ќе дојде до остварување на еден долго подготвуван проект. Здравје и совет Некои се решија да стават крај на лошите навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден полн со инспирација за заљубување,можности за пријатни средби , дружења за кои долго сте сонувале. Кариера Ќе бидете енергични и подготвени да ги решавате и најголемите проблеми. Ништо нема да ви биде тешко , а на уморот ќе одговарате со хумор. Здравје и совет Подобрување. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашето слободно време денеска ќе биде окупирано од пријателите. Може да им ги доверите своите љубовни грижи. Кариера Некои ќе се затекнат во ситуација да бидат протежирани или ќе добијат понуда што ќе им го направи денот убав. Здравје и совет Бидете професионални. Бик 21.4- 20.5. Љубов И денеска ќе бидете поврзани со друштвото и пријателите повеќе отколку со саканата личност. Во врската моментално сте на дистанца. Кариера Немојте да се залажувате дека сте го постигнале максимумот , зашто не сте ни блиску до него. Треба уште многу труд и вложување во себе. Здравје и совет Бидете реални. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои бараат сродна душа , нека обрнат внимание на личностите што ги среќаваат на работното место . Има таму некој што го привлекувате. Кариера Некои колеги денеска ќе се чувствуваат лошо и запоставено, па можеби вие ќе им дадетеутеха. Здравје и совет Подобро сте од повеќето , па помогнете им. Рак 22.6-22.7. Љубов Продолжува вашиот пријатен љубовен период. Границата се единствено вашите зборови , кои овој пат не би биле најдобро избрани. Молчете и сакајте. Кариера Поголемиот дел од работното време ќе поминете во механичко одработување на она што треба да го сработите. Здравје и совет Уживајте во убавиот ден. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе чувствувате вистинска плима од емоции зашто ќе бидете почувствителни од обично. Насекаде ќе барате љубов. Кариера Тешко ќе се концентрирате на работата, зашто ќе бидете склони се да земате при срце. Треба да ги разделите работата и емоциите. Здравје и совет Не се грижете ако имате мали отоци.Ќе поминат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе ги свртите низ главата малите грижи.Битно е да не се внесете во нив. Минатото е минато и тука не може ништо да направите. Кариера На повеќето денеска нема да им се работи, но ако веќе мора, набрзина ќе го сработите неопходното и ќе настојувате да избегате дома. Здравје и совет Искористете го вашиот хумор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е надворешни влијанија да ве оттргнат од вашите сништа и фантазии. Ќе треба работите реално да ги согледате. Кариера Со почитување на другите, денеска ќе постигнете добри резултати. Со наметнување на своите ставови може само да си наштетите. Здравје и совет Одберете здрав живот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја прифатите реалноста и ќе ја градите својата врска најдобро што можете. Сега дури гледате колку ве сака партнерот. Кариера Додека ја работите секојдневната работа, вие се повеќе во главата го вртите филмот за некои нови идеи со кои би се унапредила работата. Здравје и совет Добро е што размислувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска лесно ќе влегувате како во својата така и во туѓата потсвест , па бргу и вешто ќе го прочитате партнерот. Кариера Ќе ја затворите вратата за неиздржани мисли и дела , па ќе се концентрирате на она што може да се исполни. Здравје и совет Можен е незаборавен сон. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Не сте сигурни дали да попуштите пред некои барања на партнерот. Добро ќе размислувате , зашто нема да знаете што да направите. Кариера денеска во работењето максимално ќе ја користите интуицијата. Ќе има и такви кои ќе ги анализираат своите соништа во разговор со колегите. Здравје и совет Внимавајте на настинки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook