3Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот
Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
1Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
2Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
ХороскопДневен хороскоп за 3. декември 2024 година Дневен хороскоп за вторник, 3. декември 2024 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можно е дека ќе ве окупираат љубовни сеќавања или ќе ве допре една личност од вашето љубовно минато. Кариера Ќе има мали несогласувања меѓу колегите , а вие ќе бидете третата страна која ќе се обидува да ги усогласи. Здравје и совет Ќе сонувате исклучителен сон. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата потреба за љубов ќе биде зголемена , а шансите намалени. Од таму се фрустрациите. Кариера Бидете доследни во спроведувањето на она што сте го ветиле. Така ќе го подигнете сопствениот рејтинг на работното место. Здравје и совет Пазете се од вирози. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ве изненади повик за излегување со поголема група луѓе. Не се двоумете , прифатете и ќе ви биде убаво. Кариера На виделина излегуваат плодовите на вашата работа и сега е целосно јасно колкави се вашите заслуги. Здравје и совет Опуштете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска ќе добиете покана од пријатели за мала забава. Кариера На работа ќе ги средувате заостанатите помали работи, а шансата што ја добивте се развива како што треба. Здравје и совет Подобрување. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку денеска излезете , можно е да сретнете личност , која ќе ве зашемети. Затоа излезете. Кариера Младите киолеги ќе ви се воодушевуваат на професијата што ја работите , но вие ќе тереба да се покажете како одговорен работник. Здравје и совет Подобрување. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска ќе му се предадете на вашиот свет на мечтаење , а ќе заборавите на реалноста. Некои дури и ќе измислат личност што не постои. Кариера Целиот ваш труд ќе може демнеска дас е собере во еден збор : плеткање. Одберете си ги приоритетите , направете подобар план и тогаш делувајте според него. Здравје и совет Приберете се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И денеска е добар ден за излегување , па сепак поверојатно е дека среќата ќе ја побарате во мирната атмосфера на топлиот дом. Кариера Ќе добиете креативни нагони и ќе се обидерте да ги вклопите во она што го работите . Идеите ќе бидат интересни. Здравје и совет Анализирајте си ги соништата. Рак 22.6-22.7. Љубов Одличен ден за излегување , забави и дружби. Без оглед на работната недела , одете меѓу луѓе. Ќе ви биде убаво. Кариера Веќе е полесно и работите се кристализираат. Успеавте да ги надминете и последните пречки и да продолжите понатаму. Здравје и совет Уживајте во спортот. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно во текот на денот се повеќе ќе ве преплавува плима од емоции , која веќе нам да можете да ја скриете пред другата страна. Кариера Некои ваши можности би можеле да испливаат на површина , иако и самите нема да знаете како да ги презентирате. Ќе ви дојде самото од себе. Здравје и совет Не е проблем ако се расплачете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Покажавте што чувствувате , а сега прифатете ја реакцијата од другата страна. Не с еплашете , на крајот искреноста носи добро. Кариера Ќе имате мали финансиски трошоци , на кои не сте сметале. Сето тоа ќе мора да го запишете во книгите на компанијата. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нема долго да чекате додека личност од вашата работна средина не ви ја открие својата наклонетост. Денеска ќе има можност за тоа. Кариера Малку повеќе труд вложете во својата работа , па нема да изостанат резултатите. Соработувајте со другите колеги. Здравје и совет Не може вечно да се живее на стара слава. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов И партнерот и вие ќе бидете во емотивна фаза, но секој на свој начин. Бидете поотворени кон саканата личност. Кариера Тешко ќе се договарате околу работата , зашто едноставно нема да ви се работи .Обидете се барем да го одработите минимумот. Здравје и совет Ви недостига дисциплина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПрва реакција на Москва на резултатите од изборите во САДСергеј Рјабков ги коментираше резултатите од среднорочните избори во Соединетите Држави.Насоката на надворешната политика на Русија – вклучително и нејзиниот став за решавањето на украинското прашање – не е диктирана од тековните политички околности, ниту пак зависи од политичките промени во други земји, изјави заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи. Сергеј Рјабков ги коментираше резултатите од среднорочните избори во Соединетите Држави. „Да ги почекаме конечните резултати. Ставовите на претставниците на Демократската партија кон Русија се изразито негативни. Во тоа нема ништо ново“, изјави Рјабков за „Спутник“. Тој го даде овој коментар како одговор на прашањето дали резултатите од среднорочните избори би можеле да ги искомплицираат односите со САД, особено во однос на решавањето на украинското прашање. „Нашиот принципиелен и доследен став за Украина, како и нашата надворешна политика во целина, не се диктирани од тековните политички околности и, природно, не зависат од политичките промени во други земји. Ќе постапуваме во согласност со насоките на претседателот на Русија“, заклучи Рјабков. Според прелиминарните резултати и проекциите, демократите излегоа како победници на среднорочните избори во САД, одржани на 3 ноември. Во јануари, тие ќе обезбедат мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес, со што ќе добијат контрола врз двата дома на законодавниот орган. Извор: Б92Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фабриката на предизвикување страв и паника на СДС, под водство на Филипче нема да успее Фабриката на предизвикување страв и паника на СДС, под водство на Филипче нема да успее како што не успеа ни за мигрантите, ни за водата, ниту за пензиите.РЕАКЦИЈА НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СДС и Венко Филипче никако да ја напуштат матрицата да ја користат која било тема и состојба во државата со кревање хистерија да предизвикаат страв и паника кај граѓаните. Така беше со темата мигранти во Македонија, со водата во Гостивар, следно ширеа паника дека водата за пиење во Скопје е небезбедна, потоа дека ПИОМ бил загрозен, а пензионерите нема да можат пензиите да си ги земат и што ли уште не. Сега најново се фатија и за состојбата со банкарскиот систем, како нов обид за да стигнат до медиумски простор и да спечалат некој беден политички поен, зошто со план, програма и понуда до граѓаните, очигледно не можат. Ниту банкарскиот систем во државата е доведен во прашање, ниту незадоволство има, ниту немир или паника. Единствено СДС и Венко Филипче сакаат вештачки да предизвикаат немир и паника кај граѓаните и нивна недоверба во банкарскиот сектор и државните институции. Нафрлените тези на Венко Филипче во завиена прашална форма не го спасуваат од одговорноста за обидот да креира страв, паника и несигурност кај граѓаните дека им се загрозени парите. Државата, вклучително и Народна банка ги преземаат сите мерки за заштита на интересите на државата, граѓаните, штедачите, инвеститорите. Фабриката за креирање страв и паника на СДС, под водството со Филипче нема да успее, како што не им успеа ни со мигрантите, ни со водата, ниту пак со пензиите. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026 – 2030 година, истакнувајќи дека заштитата на човечкиот живот мора да биде највисок приоритет на институциите и на целото општество. Во своето обраќање министерот посочи дека во изминатите 35 години на македонските патишта годишно во просек животот го губеле околу 150 лица, што ја потврдува потребата од системски пристап и континуирани активности за подобрување на сообраќајната безбедност. „Кога говориме од аспект на безбедност генерално, но кога говориме за безбедност во делот на сообраќајот, тука особено во изминативе 35 години, навистина не можеме да кажеме дека имаме навистина добри резултати. Просек на загубени човечки животи во последниве 35 години годишно е негде околу 150 во Македонија“, истакна Тошковски. Министерот ги презентираше и најновите податоци, според кои во првите десет месеци од 2026 година во сообраќајни незгоди животот го загубиле 84 лица, наспроти 117 во споредбениот период минатата година, што претставува 33 помалку загубени човечки животи. Тој нагласи дека станува збор за значително подобрување на состојбите, особено ако се има предвид дека и во годините со драстично намален сообраќај, како 2001 и 2021 година, бројот на загинати бил повисок. Особена благодарност Тошковски упати до македонските граѓани, истакнувајќи дека нивното посовесно однесување во сообраќајот, заедно со активностите на институциите, превентивните кампањи и поддршката од општествено одговорните компании и граѓанските организации, придонеле за намалување на бројот на сообраќајни незгоди, повредени и загинати лица. „Овој ден, овој момент сакам да го искористам уште еднаш да им се заблагодарам на македонските граѓани, пред сè заради тоа што тие се тие кои најмногу допринесоа да се намали бројката на жртви во Македонија. Тие се тие коишто одлучија да управуваат моторни возила и да бидат учесници во сообраќајот посовесно од претходно“, порача министерот. Говорејќи за новата Национална стратегија, Тошковски нагласи дека таа поставува јасна цел – до 2030 година бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди да се намали за 50 проценти во однос на 2024 година. Стратегијата се темели на принципот „Секој живот е важен“ и предвидува заедничко делување на институциите и општеството преку превенција, едукација, подобрување на сообраќајната култура и примена на современи технологии. „Човекот секогаш може да згреши управувајќи моторно возило, но државата е таа којашто треба да стори сè за да го намали бројот на жртви во рамки на сообраќајот, да го намали бројот на повредени луѓе во рамки на сообраќајот и да стори сè за да може максимално превентивно да делува во насока на подобрување на сообраќајот“, истакна Тошковски. Министерот информираше и дека напорите на Македонија за унапредување на сообраќајната безбедност добиваат меѓународно признание, при што Министерството за внатрешни работи е меѓу петте селектирани институции за потенцијална награда на престижниот светски полициски самит во Дубаи, заедно со полициски служби од држави како Сингапур и ОАЕ. На крајот, Тошковски изрази уверување дека со заедничка одговорност, доследно почитување на правилата и континуирана институционална посветеност, Македонија ќе продолжи да ги подобрува резултатите и да се приближува кон крајната цел – што помалку сообраќајни незгоди и нула загубени човечки животи.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter