Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
1Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
ХороскопДневен хороскоп за 3. август 2023 година Дневен хороскоп за четврток, 3. август 2023 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе успеете да најдете заеднички јазик со саканата личност или со онаа која ви се допаѓа. Ќе бидете поопуштени. Кариера Денеска ќе треба малку да излезете од сенка и да поработите на еден деловен договор. Ќе бидете внимателни. Здравје Читајте меѓу редови. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби ќе бидете доста романтични или на саканата личност ќе и предложите одење на забава. Немојте да се срамите. Кариера Подготвеноста да попуштите не е вашата типична особина , но денеска ќе бидете такви. Но , и тоа ќе биде на место. Здравје Бидете она што сте. Вага 24.9.-23.10. Љубов Веројатно денеска малку повеќе ќе поработите на вашиот сексуален живот , а на партнерот ќе му биде мило. Кариера Ќе почнете се подобро да се поврзувате со луѓето , а ќе се надоврзат и покани и повици за работа во други региони. Здравје Прошетајте се на воздух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои некого освојуваат денеска ќе знаат да изберат вистински зборови за да дојдат до саканата цел. Ќе бидат искрени. Кариера Малку повеќе дипломатија и толеранција би ви заштедило маки и непотребен напор на работата. Здравје Ќе бидете меланхолични. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Сериозните теми ќе успеете да ги тргнете со помош на духовита конверзација. Другата страна ќе нема забелешки. Кариера Ќе дојде до уште подобра соработка со колегите. Ќе успеете да ги прилагодите различните идеи и мислења. Здравје Не се натпреварувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно вечерва ќе излезете и убаво ќе си поминете во добро друштво. Не останувајте дома. Кариера Со мали чекори може да стигнете до значајна цел исто како и со големи чекори. Затоа несе грижете ако напредокот е постапен. Здравје Прошетајте се на воздух. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе чувствуваат се поголема поврзаност со личност со која работат. Ќе ги интересира што би можело од тоа да произлезе. Кариера Вашите колеги и соработниците ќе ги прифатат идеите што им ги нудите. затоа ќе бидете многу задоволни. Здравје Верувајте во подобри денови. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележите дека драгата личност станува се повеќе чувствителна. Бидете внимателни. Кариера Посакувате уште поголеми признанија од оние што неодамна ги добивте. Би било добро да сте малку поскромни. Здравје Треба повеќе да се рекреирате. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата најдрага личност ќе очекува повеќе нежност , а слична потреба ќе имате и вие. Треба само да почнете. Кариера Пред вас се нови можности , кои се уште не се отворени целосно , но ги насетувате. Здравје Служете се со интуицијата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Нема да знаете што најдобро да направите , односно како да се поставите. Единствен вистинским патоказ е вашето срце. Кариера Уште подобро ќе соработувате со луѓето на работното место. Ќе ви оди од рака секој проект , па дури и оној што сте мислеле дека е тежок. Здравје Бидете подготвени на соработка. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во текот на денот ќе имате се поголема потреба да се затворите меѓу четирите ѕида на домот. Веројатно нема да излезете на забава. Кариера Би сакале нешто да предложите , но не сте сигурни како ќе биде прифатено. Ќе ја тестирате идејата врз најблискиот колега. Здравје Имате право на одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе , кои се подготвени се да споделуваат со другите. Тоа ќе ви биде полн погодок. Кариера Сакате да се пошегувате со колегите . Денеска ќе направите мала сцена , но никој нема да ви замери. Здравје Добро е што не ги комплицирате работите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаПретрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во ТетовоПри претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон.На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 366 од Кривичниот законик, односно за лажна дојава за бомба во општинското средно училиште - гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. При претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон, а А.Д. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријаваТагови: Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканКонститутивна седница во Српското собрание - почнува смената на властаСо трескавични овации и со добро познатите слогани „Победа“ и „Пумпај“, стотици граѓани ја пречекаа новата власт во Српското собрание.140-те пратеници на Српската листа еден по еден како херои влегуваа во Законодавниот дом, каде што беше конституиран новиот состав на Парламентот. А внатре, судир на две Србии, и кадровски и идеолошки. Од една страна, претставниците на студентите, луѓе без речиси никакво политичко искуство, но со убедливо мнозинство и импресивно образование. Доктори на науки, професори, но и адвокати, културни работници спортисти. Од другата страна, прв пат во опозиција по 14 години доминантна власт, Вучиќ и неговата Српска напредна партија, која уверува дека многу брзо ќе ги врати работите назад. По верификувањето на мандатите, 250-те пратеници положија заклетва. Седницата ја водеше најстариот пратеник, Стојан Раденовиќ. -Се обврзувам дека должноста народен пратеник ќе ја вршам посветено, чесно, совесно и верно на Уставот. Ќе ги бранам човечките и малцински права и граѓанските слободи. , Додека пратениците положуваа заклетва, пораките од надвор беа дека нема да им простат ако скршнат од ветувањата Србија да ја направат демократска и ослободена од корупција. -Дојдовме да ги поздравиме нашите луѓе што народот ги избра и сите тие луѓе да бидат свесни дека ако не работат во интерес на граѓаните лесно ќе бидат заменети. -Успеавме, за ова се боревме. Погледнете ги овие среќни луѓе додека некои треба да влегуваат од задната врата. А, денот на токму на влезната врата почна тензично, кога пратеничката на Напредњаците, актерката Лидија Вукучевиќ беше полеана со јогурт. -Немам зборови. Прво почнаа да ме влечат одзади, потоа почнаа да ме кубат за коса, па ме полеаваасо јогурт. Тоа е недопустливо за било кој поединец. , изјави Лидија Вукичевиќ, пратеничка на Српска напредна партија -Вакво нешто никој никогаш не доживеал. Слободата ќе се врати во Србија многу брзо. , изјави Александар Вучиќ, поранешен претседател на Србија Констуитутивната седница која ја одбележаа две долги паузи, треба да се заокружи со избор на претседател и потпретседатели на Собранието. Акредитирани се околу 200 новинари, а седницата организирано се следи ширум зејава – во амфитеатрите, рестораните, кафулињата.. -Очекувам новото собрание да работи како што треба да работи собрание на една нормална демократска држава., вели жителка на Белград. -Прв пат доживеаме да не ја читаме историјата од книгите, туку сами да а пишувем и дека еден ден нашите деца и внуци ќе ја учат историјата што самите ја напишавме. , вели жителка на Белград. Од денеска течат и законските 90 дена за избор на нова влада. Српската листа засега не го открива името на идниот премиер. Во јавноста досега се споменуваа неколку имиња, меѓу кои и на носителот на листата, кардиологот Илија Срдановиќ и на екс гувернерот на Народна банка, Дејан Шошкиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаСашко Кедев ексклузивно за Канал 5 раскажува за планинарските подвизи кои го внесоа во ГинисТој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвовите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. Планинарот Сашко Кедев на 63 години и 14 дена го искачи последниот врв над осум илјади метри и е највозрасниот човек кој успеал да ги искачи и симне врвовите во зоната на смртта и сите највисоки врвови на седумтте континети, вака македонскиот каридолог е запишан во Гинисовата книга на рекорди. За професорот Кедев ова е затоврање на еден круг на патешествие и самиот денеска со велгувањето во Гинисовата книга на рекорди си го постаува прашањето „како е жив и излегол од одредени тешки предизвици“? Задодоволен што го има неговото име, но и тажен и празен што неговите водичи на сите патишта над осум илјади метри загинаа во лавина. Тој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвоите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. Кога искачувате се фокусирани на моментот, не мислите на се друго. така е и што да правите во животот потрено е трпение и мир. Расположено раскажува дека кругот со над осум илјади метри е затворен, но сигурно ќе се врати во Непал. Во моментов е посветен во воведувањето на новините во кардиологијата и секако убаво кажаниот збор за здравјте и важноста. Заедно со неговиот тим и докторката Билјана Зафировска објавиле медицинско достигнување во признато списание. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook