ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 3. август , 2019 година Дневен хороскоп за сабота, 3. август 2019 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Во љубовта внимателно ќе спојувате пријатно со корисно , така што ќе го усреќите партнерот. Кариера Работите во кои вие имате директно влијание , долгорочно се развиваат одлично , а денеска решавате некакви соработки. Здравје и совет Прилагодете се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Довербата што од вас ја очекува другата страна , ќе биде зацврстена доколку се потрудете да станете внимателен слушател. Не е тоа толку тешко. Кариера Мали недоразбирања ќе бидат поврзани со паузите на рабнотното место, но генерално , за вас сите работи се подобруваат. Здравје и совет Останете такви какви што сте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Отворени сте за нови можности и се повеќе надеж вложувате во моментите на спонтаност , кои ви носат задоволство. Кариера Некои би можеле да се постават како диви коњи , што треба да се припитоми. Мора да разберете дека работата ви е неопходна и тоа според правила. Здравје и совет Мали нервози. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Како да не гледате јасно , ќе бидете склони кон фалење на себеси. Проценките денеска нема да ви бидат сосема реални. Кариера Вашите колеги денеска ќе се покажат како многу вешти во уметнички и креативни работи . Тие ќе се изразат , а вие следете ги. Здравје и совет Не е забрането да се опуштите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ситуацијата ви е шарена. Можеби ќе излезете и убаво ќе си поминете, но личните односи ќе ви останат површни. Кариера Не саката да избрзувате , но некои одредници мора да се постават. Денеска за нив ќе разговарате на лежерен начин. Здравје и совет Организирајте си го денот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Може да очекувате еден поволен ден , кога станува збор за љубовта. Отворени се многу можности , а некои се поврзани со патување. Кариера Освен што одлично делувате на оперативно ниво , денеска на работното место ќе покажете завидно ниво на креативност. Здравје и совет Јадете помалку , движете се повеќе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата моментална потреба за акција ќе ве наведува на несмасни потези и невнимателни изјави кога станува збор за љубовта. Кариера Кога станува збор за задачите од некоја работа , денеска би можело да се покаже дека тие не се јасни ниту стабилни. Појаснете ги. Здравје и совет Не јадете тешка храна. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои привремено ќе го загубат компасот и претерано ќе се фалат со своите љубовни доживувања . Бидете поскромни. Кариера Заклучоците до кои доаѓате, ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас , но сега така е најдобро. Здравје и совет Движете се повеќе. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата потреба за зборување и џденеска ќе биде задоволена , но срцето повторно ќе остане празно. Но , и приказните се нешто. Кариера Како што ќе минуваат часовите на работното место, вие се повеќе во мнислите ќес е префрлате на вечерното излегување , кога очекувате добра забава. Здравје и совет Ќе ви биде пријатно да излезете на свеж воздух. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ги прескокнете прашањата и ќе ги заборавите грижите. Тоа ќе ви биде најдобар потег , зашто ќе се отворите на тој начин за подобри љубовни можности. Кариера Немате грижи , ниту проблеми , зашто работите се одвиваат за вас поволно. Сепак , осигурајте го она што сте го постигнале. Здравје и совет Вежбајте јога. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Доколку сте сами, денеска издржете зашто ќе имате шанса за ново пријатно познанство , кое може да прерасне во љубов. Кариера Една ситуација или дел од работата денеска ќе биде дефиниран , созреан или завршен. Од тоа ќе произлезат нови поттици. Здравје и совет Игнорирајте ја нервозата. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе најдете начин за да постигнете каква- таква рамнотежа во својот приватен живот. Во тоа ќе успеете на малку чуден начин. Кариера Можеби ќе ви изгледа дека не сте заштитени , но не е така. За вас само важат истите правила како и за другите. Здравје и совет Опуштете се со добар сон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter