ХороскопДневен хороскоп за 3.3.2019Дневен хороскоп за недела , 3 март 2019 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Можно е да ве освои млада личност по возраст или според духот. Тешко ќе и одолеете. Кариера Вие ќе сакате една идеја а вашите надредени друга .Денеска не е ден за размена на мислења.Воздржете се. Здравје Подобро од вчера. Овен 21.3-20.4. Љубов Иако со сите сили ќе се трудите да го подобрите сексуалниот живот , денеска во ова подрачје би можеле да имате мал неуспех. Кариера Ќе се сетите на некои предлози на лица од странство и ќе се потрудите со нив да ги обновите деловните потфати. Здравје Чувствителност на жолчката или црниот дроб. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата самоувереност би можело денеска да биде сериозно нарушна.Сетете се на љубовните успеси за да се охрабрите. Кариера Некои ќе ја истражуваат историјата на фирмата или на професијата што ја работите. Ќе биде интересна дигресија од секојдневните задачи. Здравје Што било , поминало. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе поминат оние ки љубовта нема да ја изразуваат со зборови , туку со дела. Се ќе биде во ред ако не зборувате. Кариера Ќе бидете склони дефинитивно да завршите некоја работа и да отоврите ново поглавје на сосема различен начин. Здравје Тешко ќе ви оди со изборот на вистински зборови. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашите пријатели ќе ви покажат кој е најдобриот пат до нечие срце. Послушајте ги и не прашувајте премногу. Кариера Денеска е подобро да бидете настрана од шефовите , бидејќи и со најдобра намера, лошо ќе влијаат на вас. Здравје Наспијте се откако ќе се прошетате. Лав 23.7-22.8. Љубов Не треба да се трудите да бидете љубезни , зашто нема да бидете уверливи. Бидете едноставно природни и правете го она што ви се допаѓа. Кариера Ќе бидете под големо влијание на оние околу вас . Можно е некој од соработниците да ви се вовлече под кожа. Здравје Лошото чувство утре ќе се изгуби.. Девица 23.8.-23.9. Љубов Оние кои одржуваат врска на далечина денеска ќе ја пренасочат во друга насока. Ќе дојде до промена. Кариера Можен е динамичен состанок со шефовите каде ќе размените различни идеи или мислења. Здравје Претстојат нови планови за патувања. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во текот на денот ќе ги расчистите сомневањата и ќе го вратите во рамнотежа вашиот однос со саканата личност. Кариера Денеска не очекувајте поддршка од други. Потпрете се на сопствените сили и се ќе помине подобро. Здравје Подобрување. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашите зборови ќе допрат длабоко во душата на саканата личност и ќе постигнат ефект за паметење. Слободно изразете ги чувствата. Кариера Ви претстои финансиска загуба, со која тешко ќе се помирите. Сепак бргу ќе најдете начин тоа да го надоместите. Здравје Ќе бидете прецизни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои ќе заведуваат преку кујната, а другите со хумор. И во двата случаи ќе има успех. Кариера Денеска би било добро да не соработувате со млади , зашто нема да се разберете.Ограничете се на други соработници. Здравје Некои ќе дочекаат сакана личност од патување. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Од внатре нешто ќе ве натера да направите потег што е целосно откачен , но ќе биде полн погодок. Кариера Можно е да ви ги оспоруваат резултатите од работата.Не влегувајте во расправија, туку почекајте до утре кога се ќе може полесно да докажете. Здравје Ќе бидете забавни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска занемрете ги идеите што ви доаѓаат од интуицијатаи држете се до она што можете да го видите и да го допрете. Кариера Ќе имате зголемено влијание врз другите , па тоа искоритете го во работата , која се развива и без тоа , многу добро. Здравје Несоница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЛамин Јамал и Инес Гарсија разменуваат нежности во јавност (ФОТО)Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал (19) и инфлуенсерката Инес Гарсија (21) уживаат во своите заеднички моменти додека навивачите се загрижени за повредата на фудбалерот.Двојката неодамна зеде приватен авион на еднодневен излет во Париз. Нивната врска стана јавна во април, откако беа видени на заедничка вечера, а не долго потоа се појавија фотографии од нив како се држат за раце во Грција. Тие официјално ја потврдија својата врска во мај, кога дојдоа заедно на вечерата на Барселона на крајот од сезоната. View this post on Instagram A post shared by Inés García Santos (@ineesgaarcia) Еден ден во Париз Двојката објави на Инстаграм краток клип од нивното патување на кое се гушкаат на кауч. Инес Гарсија напиша опис на објавата: „24 часа во Париз“. View this post on Instagram A post shared by Inés García Santos (@ineesgaarcia) Коментари на објавата Нејзините 4,6 милиони следбеници реагираа брзо, а коментарите беа полни со позитивни реакции. „Прекрасно“, напиша еден следбеник. „Обожавам да ги гледам заедно!“, коментираше друг, додека трет додаде: „Тие се многу заљубени и тоа се гледа“.Тагови: Ламин Јамал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Приказната за Силјан“ со две номинации за Еми наградите Од малата Македонија до Лос Анџелес, патот на документарниот филм „Приказната за Силјан“ одамна ги надмина границите на една филмска продукција.Оваа година „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, беше единствениот филм од неамериканска продукција меѓу номинираните во своите категории, и тоа со две номинации за Emmy Awards, Exceptional Merit in Documentary Filmmaking и Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program. Во двете категории „Приказната за Силјан“ се најде во директна конкуренција со американски продукции. Особено силна беше номинацијата за Exceptional Merit in Documentary Filmmaking, каде „Силјан“ беше еден од само два номинирани филма, додека во категоријата Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program се најде меѓу петте избрани остварувања. Наградите во двете категории им припаднаа на американски продукции. Овој успех има уште поголема тежина затоа што доаѓа од мала земја и мала филмска индустрија, која не располага со буџетите и продукциските услови на најголемите светски кинематографии. Токму затоа фактот што еден македонски филм стигна до две номинации за Еми е силно признание за македонската кинематографија. Од македонските села и пејзажи, преку светските фестивали и National Geographic, до црвениот тепих во Лос Анџелес, „Приказната за Силјан“ покажа дека една локална приказна може да стигне до светска публика. „Тоа што ќе го донесеме дома од Еми наградите е едно незаборавно искуство од еден од најголемите светски настани по Оскарите, меѓународно признание, нова видливост за македонскиот филм и доказ дека границите на една мала земја не мора да бидат и граници на нејзините приказни“, изјави Тамара Котевска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПо заканите од Аргентина и пораките на Трамп, Британија бара повеќе пари за одбрана на Фокландите Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј за Фокландските Острови ја истакнуваат потребата Британија да ги зголеми трошоците за одбрана.Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси од Лабуристичката партија, денеска изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во врска со Фолкландските Острови ја истакнуваат потребата Велика Британија да ги зголеми своите трошоци за одбрана. Деси рече дека британската влада треба да ги зголеми трошоците за одбрана на три проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2030 година, објави Гардијан. „Важно е премиерот Енди Бернам и министерот за финансии да не ги одложуваат овие одлуки до следната година“, рече Деси. Тој рече дека заканите од Аргентина дополнително ја истакнуваат потребата Велика Британија да биде подготвена да ги заштити Фолкландските Острови. Порано оваа недела, во среда, Деси го праша премиерот дали ја поддржува целта трошоците за одбрана да достигнат три проценти од БДП до 2030 година. Бернам тогаш изјави дека ја презел обврската, но кабинетот на премиерот подоцна соопшти дека не е преземена цврста обврска за исполнување на целта од три проценти до 2030 година. Наместо тоа, британската влада се обврза на долгорочната цел на НАТО за трошење 3,5 проценти од БДП за одбрана до 2035 година, потсетува лондонскиот весник. Деси рече дека сè уште има недостаток на јасност во врска со британската одбранбена политика и дека затоа неговото прашање во парламентот е оправдано. Оваа недела, аргентинскиот претседател Хавиер Милај го повтори ставот на неговата земја за Фолкландските Острови, кои Аргентина ги нарекува Малвински Острови. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп ја доведе во прашање американската поддршка за британскиот суверенитет над островите. Трамп изјави за GB News дека Обединетото Кралство не ги поддржало САД за време на војната во Иран и посочи на зависноста на Велика Британија од нафтата што минува низ Ормутскиот теснец.Тагови: Аргентина Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook