МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
ХороскопДневен хороскоп за 29. септември 2025 година Дневен хороскоп за понеделник, 29. септември 2025 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Во вашиот приватен живот работите се одвиваат како што треба. Поради тоа неумесни прашања не ве загрижуваат. Кариера Ќе треба да поработите на една работа заостаната од порано. Веројатно сеработи за пренамена или некакви корекции. Здравје и совет Мали стресови што добро ги поднесувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Радоста поради хармонијата и среќата во вашиот приватен живот ќе биде заразна. Игнорирајте ги грижите. Кариера Повремено ќе се сетите на новите планови и се она што ве очекува. Сепак , тоа нема да биде товар , туку само интересно комбинирање. Здравје и совет Бидете свои. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Поради тоа што има се помалку шанси кои се во прилог на вашиот љубовен живот , денеска ви паѓа самодовербата. Кариера За да постигнете напредок во една работа , ќе треба од нешто да се откажете. Кај некои тоа ќе значи и финансиски трошок. Здравје и совет Внимавајте на грлото . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе сфатите дека немате каде и дека требада ја прифатите состојбата каква што е. Тоа ќе биде зрела одлука што ќе треба да ја спроведете. Кариера На некои ќе им легнат пари на сметка. Други ќе осмислат уште подобар начин на заработувачка. Тртети ќе работат повеќе надевајќи се на поголем приход. Здравје и совет Не пијте студени напитоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Внимавајте со духовитите , а сепак несоодветни разговори да не ја повредите саканата личност.Контролирајте се. Кариера Вашите соработници од блиската работна околина ќе бидат оруигинални , но доста непродуктивни. Ќе имате утописки идеи. Здравје и совет Не поддржувајте нешто со што нес е согласувате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои во пријатна личност ќе препознаат идеален партнер. Ќе бидете збунети , но и подготвени за акција. Кариера Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило. Здравје и совет Држете се до својот план. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска саканата личност би можела навистина да ве збуни. Час ќе биде отворена и на раб на агресивност , а час чувствителна и повлечена. Кариера Во работите со луѓе и комуникации ќе бидете продуктивни и успешни. Поврзете се што можете повеќе со соработниците. Здравје и совет Не инсистирајте да биде по ваше. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно денеска ќе чувствувате дека созреваатнекои важни работи меѓу вас и партнерот. Само немојте да брзате. Кариера важно е да не се држите до крај до своите идеи , туку подобро да ги прифаќате и идеите на другите. Здравје и совет Да се греши е човечно , но да не се признаат грешките е лудост. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои во милата личност ќе го препознаат идеалниот партнер . Ќе бидат по малку збунети , но и подготвени за акција. Кариера Можен е финансиски трошок на кој не сте подготвени , но вашите идеи се толку богати што набргу ќе го вратите изгубеното. Здравје и совет Чувајте го грлото и вратот. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што можеби недостасува ќе го надополните со конструктивен пристап и фокусирање на она што е позитивно во вашиот однос. Тоа е паметно. Кариера Имате право да прашате доколку нешто не ви е јасно , но ако денеска не работите, прашањето одложете го за следната недела. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Лав 23.7-22.8. Љубов Доаѓа до се поголема хармонија во личните односи , а вие ќе бидете задоволни. Работите се одвиваат како што треба. Кариера На работа јасно ќе ви стават до знаење дека го ценат вашиот труд и професионалност. Тоа уште повеќе ќе ве мотивира за понатаму. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на мали нервози. Девица 23.8.-23.9. Љубов Конечно ќе најдете вистински зборови со кои ќе го подобрите односот со саканата личност. Самците успешно се додворуваат. Кариера Денеска ќе добиете одговори на некои прашања , а деловната кореспонденција ќе се интензивира. Здравје и совет Можни се мали нервози.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
ФудбалОд зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе По лошиот коментар на социјалните мрежи од Килијан Мбапе по церемонијата на доделување на Златната топка неколку кинески компании ги раскинаа своите спонзорски договори со францускиот напаѓач и Реал Мадрид.Кина ги спроведе своите закани во дело. Натпреварите од Ла Лига исчезнаа од програмата на државниот радиодифузер CCTV – потег што директно влијае врз Реал Мадрид и нивната француска ѕвезда, Килијан Мбапе, пренесува „Goal“. Ситуацијата произлегува од коментар на Мбапе во врска со сатиричен интернет-мем поврзан со кинескиот лидер Мао Цетунг. Според шпанскиот медиум „Marca“, ниту еден од натпреварите во Ла Лига, закажани за овој викенд, не е емитуван на каналите на државната телевизија. Сепак, платформата „Migu“ нуди поинаква слика. Како ексклузивен дигитален партнер на Ла Лига во Кина – партнерство што опфаќа период од тековната сезона па сè до 2029/2030 година – „Migu“ го задржа речиси целиот свој викенд-распоред непроменет. Сепак, постои еден значаен исклучок: натпреварот помеѓу Расинг Сантандер и Реал Мадрид не се појави во распоредот за емитување. Понатаму, „Migu“ не прикажува ниту еден натпревар на Реал Мадрид – детаљ потврден и од шпанска новинска агенција – дури ни оние што биле закажани пред почетокот на оваа криза. Корисниците на социјалните мрежи, уште на самиот почеток на кризата, укажаа на тоа дека платформата ги избришала снимките од головите на Мбапе од неодамнешниот „Ел Класико“ натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Сè започна кога Мбапе во едно интервју изјави дека еден од најсмешните сатирични интернет-мемиња што ги видел, бил оној на кој неговото лице е вметнато врз слика од „кинески лидер“ – при што не го именуваше експлицитно Мао Це Тунг, иако токму тој беше прикажан на мемето. Овие изјави, дадени во вторникот, предизвикаа брза реакција. Неколку кинески компании ги раскинаа договорите за спонзорство, државната телевизија го прекина емитувањето на натпреварите од „Ла Лига“ и оние на кои настапува францускиот напаѓач, а неговите реклами беа повлечени од програмата. Мбапе упати извинување на француски, кинески и англиски јазик.Тагови: Килијан Мбапе Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотФер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на ЧеликДефанзивецот на Борац, Абел Пасквал, истакна кандидатура за фер-плеј потегот на годината за време на дуелот против Челик во Зеница, во 12-тото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.Гостите од Бања Лука ги освоија бодови на „Билино поле“ во Зеница по пресврт (2:4) во фантастичен натпревар, за кој двата тима беа наградени со аплауз. Сепак, најголемиот аплауз на легендарниот стадион „Билино поле“ го доби фудбалерот од Бања Лука, Абел Пасквал, откако ѝ помогна на медицинската екипа што побрзо да стигне до навивачот на „Челик“ на кој му се слошило на трибините. Додека лекарите брзаа да му помогнат на навивачот од Зеница, Шпанецот од редовите на „Борац“ зеде опрема за реанимација од еден од медицинските лица и потрча кон трибината каде што се наоѓаше споменатиот постар господин. Според извештаите на медиумите од Зеница, навивачот на „Челик“ е во добра здравствена состојба по интервенцијата на лекарите. На крајот, „црвено-сините“ освоија три бода на „Билино поле“ и продолжија во трката зад првопласираниот „Зрињски“ од Мостар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
ФудбалФудбалскиот сојуз на Србија две недли пред изборот без кандидат за наследник на ЏајиќФудбалскиот сојуз на Србија се соочува со неизвесни избори за наследник на Драган Џајиќ. На помалку од две недели до закажаното Собрание, сè уште нема истакнато официјални кандидати за претседателската функција. Рокот за поднесување кандидатури е истечен, иако постои можност сепак да пристигнат пријави испратени по пошта. Како краен рок за завршување на овој процес се наведува понеделник. Најрано во понеделник се очекува мислење од правните експерти на УЕФА во врска со прашањата што влијаат на изборниот процес и на тековното функционирање на Федерацијата. Дополнителен проблем претставува претстојното истекување на мандатот на Собранието. Доколку не се најде соодветно решение, ФСС би можел да остане без ниту еден управувачки орган што поседува важечки мандат. Една од можностите за кои се разговара е воспоставување привремена управа под покровителство на УЕФА. Во такво сценарио, претставници на европската фудбалска организација би го презеле управувањето сè до одржувањето на нови избори – кои би можеле да се случат дури во 2027 година. Сепак, во овој момент сè уште не е донесена таква одлука. Друга можност би била формирање на привремена управа составена од поединци од Србија. За таков чекор би било потребно свикување седница на Собранието, со цел да се донесе потребната одлука. Исто така, се разгледува и опцијата за именување вршител на должноста претседател од редовите на актуелното раководство на ФСС (Фудбалски сојуз на Србија), како начин да се премости периодот до конечниот исход на изборниот процес. Ситуацијата дополнително се усложнува поради обврските што го очекуваат Сојузот следната година, со оглед на тоа што Србија ќе биде домаќин на Европското првенство за играчи до 21 година. Следствено, неизвесноста околу раководството предизвикува загриженост и во однос на континуитетот на подготовките за овој значаен турнир. Конечниот исход останува непознат; сепак, се очекува мислење од правните експерти на УЕФА, кое би требало да ги разјасни достапните опции и понатамошниот тек на изборниот процес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook