3ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде да се камуфлира во партизан, одработи ли со Заев повторно за Бугарија и Радев во случајот со Ива Михаилова?
ХороскопДневен хороскоп за 29. септември 2024 година Дневен хороскоп за недела, 29. септември 2024 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и МршевциОпштина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци. Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите. Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаМЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!Макеоднскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денес (14 октомври) со почеток во 18:30 часот ќе го пречека естонскиот состав Тарту во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на ФИБА Еврокупот. Македонскиот претставник се наоѓа пред историска можност на овој натпревар да стигне до својата прва европска победа во 21 век, поради што управата на клубот најавува уште еден голем кошаркарски спектакл. Како вистинска увертира за овој значаен предизвик, клубот организира специјална фан-зона на платото пред СЦ „Јане Сандански“, која ќе биде отворена од 17:00 часот. Присутните навивачи ќе имаат можност да се загреваат за натпреварот во опуштена атмосфера, придружувана со одлична музичка програма за која ќе биде задолжен Диџеј Ален, надополнета со богата понуда на храна и пијалаци. Преднатпреварувачката програма нуди забавни содржини за сите генерации, вклучително и специјална програма за најмладите, како и натпревар во слободни фрлања преку кој фановите ќе можат да освојат вредни награди. Од раководството на клубот апелираат до сите симпатизери по завршувањето на дружењето масовно да се преселат на трибините, потенцирајќи дека нивната силна и континуирана поддршка е клучна за остварување на зацртаната историска цел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИнтер и Баерн Минхен изненадени во Лигата на шампионитеНеколку изненадувачки резулати во синоќешната програма во Лигата на шампионите. Секако најголемо внимание привлекоа неочекуваните резулати на фаворитите Баерн Минхен и Интер Милано. Баерн Минхен одигра нерешено 3:3 на гостувањето кај Викинг во Норвешка. Викинг приреди вистинско шоу вечерва и по 38 минути водеше со 2:0, иако во натпреварот влезе како апсолутен аутсајдер. Тимот на Винсент Компани некако успеа да се „врати во игра“ и да изведе „блицкриг“ – во периодот од 54-тата до 71-вата минута беа постигнати три гола (два на Кејн и еден на Дијас) за целосен пресврт. Но, тука не заврши драмата. Олисе успеа да добие два жолти картони еден по друг во 73. минута и да го остави својот тим со играч помалку, што Хауген го искористи во 90. минута и сепак им донесе (барем) еден бод на „Викинзите“. Сепак нејголемото изненадување синоќа го направи тимот на Интер ов Милано кој на Џузепе меаце претрпе пораз од Бриж. Интер доживеа еден од најстудените тушеви во поново време, откако Бриж победи во Милано со 4:3! Гостите поведоа преку Тресолди од пенал во 30-тата минута, а Лаутаро Мартинез израмни во 44-тата. Потоа Тресолди продолжи со својата одлична игра – со уште два гола до 74-тата минута го комплетираше хет-трикот и го одведе Бриж до голема предност од 3:1. Мартинез потоа го намали заостанувањето, но во 87-мата минута Вермант зголеми на 4:2. Бони успеа повторно да го намали резултатот во 93-тата минута, по асистенција на Александар Станковиќ, но немаше време за чудо. Лига на шампиони, 2. коло вторник Ленс - Спортинг 0:2 (0:1) Суарез 22, Думбија 74 Сабах - Славија Прага 2:0 (0:0) Перис 49, Микелс 88 Арсенал - Лил 3:0 (0:0) Тимбер 64, Езе 67, Сака 71 Атлетико - М. Јунајтед 2:0 (1:0) Бариос 1, Лукман 79 Галатасарај - Барселона 1:4 (1:1) Батраков 28 – Кансело 43, Фермин 50, Гордон 53, Адејеми 65 Интер - Клуб Бриж 3:4 (1:1) Мартинез 44, 81, Бони 90+3 – Тресолди 30п, 63, 74, Вермант 87 Лајпциг - ПСВ 1:0 (0:0) Грутка 75 Викинг - Баерн Минхен 3:3 (2:0) Стенс 2, Кристијансен 38, Хауген 90 – Кејн 54п, 60, Диас 71 Виљареал – Наполи 3:1 (2:1) Микаутадзе 23, Мурињо 26, Олувасеји 86 – Рахмани 8 среда 18.45 Феенорд - Комо 18.45 ЛАСК - Ливерпул 21:00 Рома - Реал Мадрид Астон Вила - Фенербахче Бетис - Порто Боде/Глимт – Борусија Дортмунд Ман. Сити - ПСЖ 21.00 Шахтјор - АЕК Слован - ШтутгартКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter