ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
1ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
1Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
ХороскопДневен хороскоп за 29. септември 2020 годинаДневен хороскоп за вторник, 29. септември 2020 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе. Кариера Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот. Здравје и совет Посилни сте од ден во ден. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место. Кариера На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива. Здравје и совет Се интересирате за козметика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш. Кариера Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли. Здравје и совет Не манипулирајте со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого. Кариера Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место. Здравје и совет Проанализирајте се себеси. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете. Кариера Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете. Здравје и совет Бидете зрели и воздржани. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот. Кариера Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања. Здравје и совет Телесно сте одлично , емотивно сте празни. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него. Кариера Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна. Здравје и совет Внимавајте на главата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни. Кариера Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите. Здравје и совет Поместете ги своите граници. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат. Кариера Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински. Здравје и совет Концентрирајте се на позитивните работи. Рак 22.6-22.7. Љубов Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени. Кариера Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди. Здравје и совет Меланхолија. Лав 23.7-22.8. Љубов Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план. Кариера Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги. Здравје и совет Напредувате во секој поглед. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања. Кариера Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНаставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казнаНаставничка од Дизбург, Германија, е под истрага на јавното обвинителство поради сомневање за измама, откако поминала речиси 17 години на непрекинато боледување, притоа примајќи целосна плата, пренесува *Welt*.Надлежното јавно обвинителство покрена постапка против неа откако било откриено дека, како државен службеник, таа речиси 17 години примала целосна плата, а во текот на целиот тој период не одржала ниту еден час настава. Како последица на тоа, регионалните власти наредија нејзино принудно пензионирање. Сепак, наставничката ја оспорува оваа одлука и поднесе тужба до Управниот суд во Дизелдорф. Нејзината цел е да продолжи да ја прима својата целосна плата (како да е активна во службата), наместо стандардна пензија – која, во нејзиниот случај, би изнесувала приближно 4.000 евра месечно. Обвинителството бара затворска казна, како и враќање на 248.000 евра, за кои постои сомневање дека биле противправно присвоени. Нејзините деловни активности ја прават состојбата на наставничката уште посложена . Имено, иако официјално била прогласена за целосно неспособна за работа, таа активно развивала козметички производи – за што дури добила и претприемачка награда. Овој случај исто така привлече значително внимание во јавноста поради пошироката ситуација во Дизбург. Градот со години се соочува со сериозен недостиг на наставен кадар во своите 128 училишта, кои опслужуваат околу 70.000 ученици. За да привлечат нови наставници, локалните власти покренаа посебни кампањи кои вклучуваат воведни обиколки на градот и стимулации, како што е привремено сместување без плаќање кирија.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на КовачевскиСо падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање на Филипче.Промените кои сега ги гледаме во европските држави, пред пет години почнаа токму од Македонија. Прво со падот и заминувањето од власт на Зоран Заев и Венко Филипче како негов министер и најблизок соработник. Потоа, пред две години, со нокаутот на СДС на парламентарните избори и падот на наследникот на Заев, Димитар Ковачевски, конечно, дојдоа промените и Македонија се ослободи од криминалната и предавничка власт. Народот доби надеж дека работите можат да бидат подобри и на избори избра достоинство, иднина, подобро утре и чесна работа. Затоа несфатлив е феноменот кој владее кај СДС по изборите во соседна Србија. Живеат во илузија и се уверени дека 1000 пати повторена лага или измислена приказна, ќе стане вистина. Го слават поразот на Александар Вучиќ, како тие да победиле на избори и како до вчера да не беа добри пријатели. Тие можеби сакаат да заборават и, веројатно мислат дека и народот има кратка меморија, па влегуваат во такви приказни, како едноставно кај нив Фројд да работи. И ние и граѓаните добро се сеќаваме како до пред некоја година кога Филипче и Заев беа власт, како го величаа и му се поклонуваа на Вучиќ, додека на граница им донираше ковид вакцини, затоа што нашите сакаа да ги украдат. Народот добро памети како до пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија за него се кажело некаков лош збор. Додека, пак, негови блиски луѓе како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на СДС на власт, лично од Заев беа вдомени како советници во неговата влада. Наместо да се занимаваат и слават победа на избори на партија во друга држава, пожелно би било СДС и Венко Филипче да си го средат сопствениот двор, и ако веќе мислат дека се подготвени и само што не победиле, нека повелат и нека побараат избори. А, СДС и Филипче како ѓавол од темјан да бегаат од нив, заборавајќи дека во демократска Македонија на власт се доаѓа со победа на избори. И кога веќе СДС и Филипче прашуваат кој е следен, одговорот е едноставен. Следен е Венко, затоа што тој е од истата, стара и криминална структура на СДС, на кого му тежат 20% провизија од анексот за зголемувањето на цената за модуларните болници, жртвите од модуларната во Тетово, Стабри вакцините, златната виза, бизнисите и станот во Дубаи, акциите во индиската авиокомпанија и многу други. Едноставно кажано, со падот на Заев пред пет години почнаа промените во Македонија, продолжија со изборниот дебакл на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање и заминувањето од политичката сцена на Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСерија земјотреси на островот Вануату во Тихиот Океан Серија земјотреси, со јачина од 4,8 до 6,0 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодија островската држава Вануату во Тихиот Океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на отворено море, на длабочина од десет километри и на 523 километри од главниот град на Вануату, Порт Вила. Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter