3Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
ХороскопДневен хороскоп за 29. септември 2019 годинаДневен хороскоп за недела , 29. септември 2019 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни. Кариера Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно. Здравје и совет Внимавајте да не се сплеткате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Постои можност за настинка. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се. Кариера Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи. Здравје и совет Изразите го својот став и борете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас. Здравје и совет Одморете се во слободното време. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите. Кариера Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им. Здравје и совет Преоден стрес. Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост. Кариера Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи. Здравје и совет Радувајте му се на секој убав момент. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување. Кариера Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае. Здравје и совет Бидете умерени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате. Кариера Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата. Кариера Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат. Здравје и совет Издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост. Кариера Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас. Здравје и совет Преодна психичка нестабилност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено. Здравје и совет Душевен немир што набргу ќе помине.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАлександар Вучиќ предложен за претседател на СНССедницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас! На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември. – На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој. Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз. – Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ. Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКиву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против МиланПредводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. „Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време. Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот. – Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТехеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната. Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“. „Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“. Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната. Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter