ХороскопДневен хороскоп за 29. октомври 2022 годинаДневен хороскоп за сабота, 29. октомври 2022 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Неврзано дружење со кафе би можело да се претвори во нешто повеќе. Ќе бидете пријатно изненадени со оваа можност. Кариера Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински финансиски волшебник , зашто ќе се сетите на нешто што на другите не им паднало на памет. Здравје и совет Поработете на истражување на деталите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас се многубројни љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на патување. Ќе ви биде убаво. Кариера За да стигнете до својата цел , ќе мора да истражите некои суоптилни детали што многумина ги буткаат под тепих. Здравје и совет Немојте да го губите компасот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Отворени сте за сите љубовни можности , кои нема да недостигаат . Истовремено во вас се раѓаат посебни сексуални барања. Кариера Нема потреба нештата да ги правите на сила , зашто со малку трпение се ќе се отвори како што треба. Здравје и совет Држете се понастрана од мрачни луѓе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Нервозата и напнатоста поради недоразбирања во личните односи може да ги отстраните со чиста љубов без многу зборови и само со помош на нежност. Кариера Можни се мали мнесдоразбирања со соработниците или при вербалните договарања. Со фантазија ќе успеете да стигнете до решение. Здравје и совет Не зборувајте премногу. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Поради преодна отуѓеност во личните односи , вашата љубовна самодоверба ќе опаѓа. Ќе помогне излегување и добра забава. Кариера На работното емсто ќе се занимавате со многу специфични теми , за кои некои можеби само сонуваат. Треба да се вклучи истражување и креативност. Здравје и совет Бидете поотворени кон луѓето . Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате многу оригинални идеи како да развиете одреден однос. Ќе влијаете на таа личност , но таа сепак ќе ве критикува. Кариера Се што е тајно , неистражено , заплеткано или скриено , денеска ќе ви доаѓа на дневен ред на работното место. Некои ќе станата вистински детективи. Здравје и совет Ќе имате визии во боја преку соништата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Со својата остроумност , фантазија и интуиција би можеле да ги импресионирате сите околу себе. Ќе ве запаметат. Кариера Денеска на работите ќе влијаете од сенка. Ќе бидете невидливи , па сепак ќе ги влечете конците на суптилен начин. Здравје и совет И натаму ве мачи замор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние во стабилни врски ќе увидат дека е најдиобро да се сака без премногу зборови. Само нека зборуваат помалку , а чувствата нека ги покажуваат преку дела. Кариера Соработката со другите ќе ве заморува и ќе ве прави нервозни , зашто ќе имате чувство дека нешто постојано мора да се објаснувате. Здравје и совет Одете порано на спиење. Рак 22.6-22.7. Љубов Сенеска во љубовта ќе жарите и палите со сто на час.Малкумина ќе може да ви одолеат. Ќе има страст, еротика ,задоволство. Кариера Тајните кои постојат на вашето работно место ќе ги откриете со леснотија. Ќе има интересни откритија. Здравје и совет Размислувате за нов спорт. Лав 23.7-22.8. Љубов Потребата да споделите се што ќе ви се случи ќе биде силна , но партнерот ќе бисде резервиран кон вас. Одредете до каде може да одите. Кариера Сите работи во кои може да дојдат до израз вашите квалификации и знаењето денеска се добро поставени. Здравје и совет Некои ги откриваат своите нови таленти. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе имате многу специфични , но добри идеи со кои ќе успеете да ја совладате дистанцата во лилчните односи. Кариера Ќе добиете посебни знаења . Некои ќе се изненадат кога ќе увидат дека добиваат поголеми погледи во реалноста. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ги имате сите адути во своите раце. Потребно е само да се зборува за се она што ви лежи на срцето. Кариера Пред вас е исклучителено интересен деловен ден. Конечно на дневен ред ќе дојдат теми кои ви се посебно значајни. Здравје и совет Излезете и фатете некој зрак сонце.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРусокосата Дилета повторно предизвика вистински хаос на интернет сега од своето работно местоЕдна од најубавите спортски новинарки на светот, италијанската новинарка Дилета Леота повторно привлече внимание со својот изглед на социјалните мрежи, откако се јави од студиото за време на еден натпревар минатиот викенд. Таа објави фотографии од своето работно место, а како и обично, беше во провокативна модна комбинација. За известување од една средба атрактивната Дилета одбрала црна, проѕирна комбинација, под која јасно се гледаше црн градник, истакнувајќи го нејзиниот буен биста. Со ова издание, таа уште еднаш ги израдува своите повеќе од 9 милиони следбеници, па така не недостигаа коментари и комплименти. https://www.instagram.com/reel/DepXu-Usoih/?utm_source=ig_embed Многумина се фалеа дека „направиле зум на фотографијата“, а други ѝ велеа: „Стануваш сè поубава и поубава...“, „Какво чудо...“ и слично. Дилета Леота во последните години е заштитно лице на британската компанија DAZN во Италија, а откако во мај годинава се породи по вторпат, нејзиниот изглед е постојано под лупа на јавноста и во центарот на медиумското внимание, бидејќи неверојатно брзо ја врати својата совршена линија. Дилета и нејзиниот сопруг, германскиот голман Лорис Кариус, имаат две деца. Првото дете, ќерката Арија, го добија на 16 август 2023 година, а интересно е тоа што Арија се роди на истиот ден кога е роденден на Дилета. Второто дете, синот Леонард, го роди на 9 мај 2026 година. Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотАјкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналотАјкула по име Буканги, која вчера беше насочена кон излезот откако помина повеќе од еден месец во канал во јужнокорејскиот град Бусан, се вратила во каналот, објави новинската агенција Јонхап. Утринава, на 22 октомври, ајкулата била забележана како плива во тесен простор помеѓу пловечка платформа – поставена близу излезот од каналот – и заштитна мрежа. Според набљудувачите, можно е ајкулата да се вратила пливајќи под платформата. Буканги првпат била забележана во каналот на 18 септември. Оттогаш, блискиот парк стана голема атракција, привлекувајќи повеќе од 1,6 милиони посетители заклучно со неделата, пренесува Танјуг. По два неуспешни обиди ајкулата да се насочи кон отворено море, градските власти и крајбрежната стража вчера успеаја да ја упатат кон излезот користејќи мрежа прикачена на понтон. Околу 18:00 часот, ајкулата била забележана близу пристаниште надвор од каналот, иако сè уште не била на отворено море. Некои посетители пријавиле дека ја виделе ајкулата како се враќа во каналот синоќа, околу 23:00 часот. Властите претходно изразија загриженост дека животното би можело да угине доколку температурата на водата дополнително опадне.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок) шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок), по повод државниот празник Ден на македонската револуционерна борба, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат. Со редовно работно време ќе се продолжи од 24.10.2026 година (сабота). Воедно, ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите. Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mkКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook