ВМРО-ДПМНЕ: Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба
2ВМРО-ДПМНЕ: Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба
ХороскопДневен хороскоп за 29. ноември 2024 годинаДневен хороскоп за петок, 29. ноември 2024 година.Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Постои можност за настинка. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се. Кариера Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи. Здравје и совет Изразите го својот став и борете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас. Здравје и совет Одморете се во слободното време. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите. Кариера Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им. Здравје и совет Преоден стрес. Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост. Кариера Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи. Здравје и совет Радувајте му се на секој убав момент. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување. Кариера Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае. Здравје и совет Бидете умерени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате. Кариера Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата. Кариера Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат. Здравје и совет Издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост. Кариера Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас. Здравје и совет Преодна психичка нестабилност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено. Здравје и совет Душевен немир што набргу ќе помине. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни. Кариера Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно. Здравје и совет Внимавајте да не се сплеткате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЛавров по разговорот со шефот на германската дипломатија: Не требаше воопшто да се сретнемеГерманскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се сретна со својот руски колега Сергеј Лавров во Њујорк, што беше прва билатерална средба меѓу двајцата министри од почетокот на војната на Русија во Украина во 2022 година.Средбата се одржа на маргините на Генералното собрание на ОН, во руската сала за состаноци, траеше повеќе од 20 минути и заврши со ракување меѓу двајцата министри. Лавров: Средбата беше непотребна Лавров рече дека средбата со Вадефул била непотребна и дека не видел никаков напредок во споредба со претходните разговори со него. Тој изјави за новинската агенција ДПА дека „не слушнал ништо различно“ од она што Берлин јавно го кажува секој ден. „Можевте само да ми се јавите и да ми кажете „прочитајте ја мојата изјава“, раскажа Лавров за разговорот со германскиот министер. Германија побара средба еден ден претходно, „во последен момент“, рече Лавров. Тој додаде дека разговорот со германскиот министер изгледал „како да имал некоја скриена порака - дојдов кај вас, ве почестив со моето присуство“. Тој рече дека имал впечаток дека Вадефул очекува отстапки од Русија во врска со Украина и навигацијата на Црното Море во замена за состанокот. Вадефул: Длабоки несогласувања околу завршувањето на војната По средбата со Лавров, Вадефул рече дека сè уште има длабоки несогласувања околу напорите за завршување на војната на Русија во Украина. „Беше интензивен разговор. Секако, не се согласувавме по клучните точки“, изјави конзервативниот политичар за германскиот радиодифузер ZDF. Тој рече дека „понудил деескалација, особено во однос на ситуацијата во Украина, но дека не нашол слушател“. За него беше важно да стави до знаење дека Германија „не прифаќа работи како нападот со беспилотни летала во Лајпциг, дека ова е неприфатлива ескалација“, рече тој, додавајќи дека ја предупредил Русија да не продолжува во таа насока. „Можеме да се одбраниме и ќе го сториме тоа“, рече Вадефул. Германската влада ја смета Русија за одговорна за инцидентот со неексплодираното беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг, тврдење што Москва го негира. Тагови: Сергеј Лавров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојбаКонтрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став, контра сме колку да сме поразлични.Контрашот Венко Филипче заедно со талогот од СДС денеска се јави повторно. И повторно, видно вознемирен во очајна состојба почна да плука по се што се прави од инвестиции до продлабочување на веќе постоечки партнерства, како она со САД и членството во НАТО. Филипче повторно кажа дека е против рудници, против нови индустрии како со дата центрите. Филипче повторно изрази лажна загриженост за земјоделците, за пензионерите, за лицата кои земаат минимална плата. Филипче повторно кажа дека Македонија е енормно задолжена. За ова ќе му дадеме само некои факти, ако не ги слушнал на почеток на месецов. Еве една споредба на првите осум целосни квартали на владите предводени од ДУИ и СДСМ и сега Владата предводена од ВМРО - ДПМНЕ. Во првите осум целосни квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум целосни квартали на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 посто. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика: во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 отсто. Што говорат бројките? Трендот е повисок и постабилен раст, како и континуитет на позитивниот економски тренд. Но, сето ова Филипче за да го разбере мора да го процесуира сам. До тогаш, без грижа, се е стабилно и дополнително се оди напред. И да, сериозна опозиција не може да се биде со ставот – СДС е контра се колку само да биде поинаков, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург 10:21Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаФилипче: Тотална шизофренија – мала група пучисти со сите сателити на Мицкоски на една маса!Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека мала група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други партии, дејствуваат за ослабување на СДСМ по налог на Мицкоски.„Сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија“, рече Филипче. Тој посочи дека поранешни функционери на СДСМ седат на иста маса со луѓе од партија Левица која истакнувала пораки против НАТО, која е проруска партија а истовремено бараат промени во СДСМ. „Тоа ли сакаат? Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики? Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето коишто во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец. Еве со кои седаа пучистите вчера. Еве со овие луѓе и со претставници на други партии бараат промена во СДСМ“, рече Филипче. Претседателот Филипче го постави прашањето зошто оваа група настапува токму сега, во период кога рејтингот на ВМРО се намалува, а СДСМ се консолидира и бележи раст на поддршката. „Година дена наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети, лаги. Се поставува прашањето зошто сега, во овој момент така силно излегоа во јавноста?“, рече тој. Целта е да се одземе вниманието од важните прашања што ги отвора СДСМ: плановите за дата-центри и нови рудници, задолжувањето, состојбата во земјоделството, минималната плата и пензиите. Претседателот на СДСМ нагласи дека партијата продолжува со консолидацијата и со подготовката на политики во интерес на граѓаните. „СДСМ вчера се покажа и се докажа дека е единствената партија којашто може да биде и е носител на опозициското движење и да ја канализира целата опозициска енергија во земјата“, истакна Филипче. „Ќе стоиме и ќе се бориме и за граѓаните, и за државата, и за СДСМ“, порача Филипче, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter