Дневен хороскоп за 29. март 2026 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 29. март 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 29. март 2026 година. 

Дневен хороскоп за 29. март 2026 година

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе флертуваат со личност која едноставно не е од нивен ранг. Ќе биде тоа вистинска утопија за двете страни.

Кариера

Можете да бидете среќни што некој од соработниците ви прогледува низ прсти. Истовремено , вашите критичари не спијат.

Здравје и совет

Морате да се приберете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Идеализам , сонување и фантазирање – сето тоа ќе го доживеете денеска. Бидете подготвени.

Кариера

Без оглед што сте направиле некои грешки , денеска ќе го одвоите и нагласите она доброто што сте го направиле.

Здравје и совет

Не ги критикувајте другите, прво погледнете се себеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да излезете надвор на атрактивно место или да останете дома и да уживате со партнерот во пријатна вечера. И едното и другото е добро за вас.

Кариера

Вашиот стил на работење веќе на сите им е препознатлив, но сега и други ќе ве прашуваат за совет или упатство.Помогнете им.

Здравје и совет

Не ви треба совет , знаете на што сте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Како што ќе минува денот , полека ќе паѓаат сите маски , а вас тоа ќе ве радува зашто по природа сте отворени.

Кариера

Со тактичност и дипломатија можете да постигнете вреден договор со шефовите. Без тактичност можно е само надмудрување.

Здравје и совет

Бидете паметни.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би можеле денеска да излезете и убаво да си поминете. Нема да има сензации , но ритамот на друштвениот и личниот живот е поволен.

Кариера

Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па затоа продгответе се .

Здравје и совет

Размислувате за диета.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе бидете концентрирани на саканата личност и ќе настоите да и игодите во секој поглед. Сепак не заборавајте се себеси.

Кариера

Можеби некои други се сега центар на случувањата на работното место , но вие својата работа пропдолжувате да си ја работите во мир и тишина.

Здравје и совет

Не очекувајте чуда.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Заведувањето ќе ви биде секојдневно хоби , а денеска преку него ќе се надмудрувате со другата страна.

Кариера

Веројатно ќе ви текне интересна идеја , но сепак ќе треба да знаете кому да му ја претставите.

Здравје и совет

Мали преодни грижи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Немојте премногу да сонувате зашто принцот(принцезата) на коњ би можела да ви избега.Подобро држете ги очите ширум отворени.

Кариера

Вашата потреба за слобода денеска ќе се засили , и како што ќе минува денот , така се помалку ќе ви се работи.

Здравје и совет

Подобро да трчате отколку да озборувате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Колку и да се трудите , ќе чувствувате празнина во душата , а љубовниот живот ќе ви биде недокажан.

Кариера

Пред вас се нови и многубројни работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и најдобро е да почнете веднаш.

Здравје и совет

Држете се до своите принципи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете малку лути , зашто другата страна не ве разбира , но тоа е резултат од вашите преголеми очекувања.

Кариера

Ако малку подобро погледнете што се случува околу вас ,ќе најдете на работата многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Подготвени сте за акција на работното место.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе поработите на комуникацијата со саканата личност. Така својот однос уште повеќе ќе го унапредите.

Кариера

Кога се работи за деловните односи, денеска многу работи доаѓаат на вистинското место.

Здравје и совет

Покажете се што знаете.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во случај дас е посомневате во себеси , свртете се и погледнете ги луѓето околу вас. Преку нив ќе видите дека се е во ред.

Кариера

Го ценат вашиот труд , а особено сега на почеток на новите анализи или пописи. Почнувате да ги согледувате резултатите.

Здравје и совет

Ќе има чудни сништа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над два милиони жртви?

Русија изгуби околу 450.000 војници во војната против Украина, додека вкупниот број на жртви, убиени, ранети и исчезнати од двете страни надминува два милиони, според нова студија на американскиот тинк-тенк „CSIS“.

Над два милиони жртви?

Според проценките на „CSIS“(Центар за стратешки и меѓународни студии), Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви, што е околу еден процент од вкупното население на земјата.

Загубите не се рамномерно распределени, а најпогодени се посиромашните области и етничките малцинства.

Приказните за малите села каде што загинале речиси сите мажи се сè почести во руските опозициски медиуми.

Авторите на извештајот, Сет Г. Џонс и Рајли Мекејб, истакнаа дека руските загуби во Украина се повеќе од четири пати поголеми од вкупните американски жртви во сите војни од Втората светска војна и повеќе од девет пати поголеми од сите советски и руски жртви во војните од 1945 година.

Украина, според истите проценки, претрпе помеѓу 525.000 и 625.000 жртви.

„Овие стапки се зачудувачки“, рекоа авторите на извештајот.

„Руските жртви во Украина се повеќе од четири пати поголеми од сите американски жртви во сите војни заедно од Втората светска војна и повеќе од девет пати повисоки од сите советски и руски жртви во сите војни заедно од Втората светска војна“, забележаа тие.

Ниту Русија ниту Украина не објавуваат официјални бројки за жртвите, но најновите бројки на „“CSIS се во голема мера во согласност со западните проценки.

Џонс и Мекејб рекоа дека во однос на жртвите, војната станува многу поскапа за Русија отколку за Украина, додавајќи дека бројот на жртви веројатно се зголемил за речиси осум спрема еден во првата половина од оваа година, што значи дека за секој убиен, ранет или исчезнат украински војник, има осум руски жртви, објавува „CNN“.

Тие исто така додадоа дека оваа ситуација е последица на напредокот на Киев во неговата програма за беспилотни летала, особено неговата способност значително да ја прошири смртоносната зона - областа околу фронтовските линии што е толку заситена со беспилотни летала што руските трупи е речиси невозможни да влезат.

„Украинската стратегија за длабинска одбрана беше ефикасна во убивањето и ранувањето на руски војници, како и во ограничувањето на руските маневри“, велат тие.

Тие додаваат дека руските загуби се влошуваат и поради лошата тактика, недостатокот на координирани операции, корупцијата и нискиот морал.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски скок за „Apple“: „iPhone 18 Pro Max“ има подобра батерија од „Samsung“?

Се појавија информации за „точни“ капацитети на батеријата за „iPhone 18 Pro Max“.

Историски скок за „Apple“: „iPhone 18 Pro Max“ има подобра батерија од „Samsung“?

Од претходните гласини, веќе слушнавме дека „iPhone 18 Pro Max“ ќе има најголема батерија досега видена кај моделите на „iPhone“ што не се на преклопување. Сега, протекоа нови информации што наводно ги откриваат точните бројки.

Секако, сето ова е под услов оваа информација да е точна, што е прилично големо „ако“. Интересно е што „iPhone“-ите никогаш не биле познати по својот голем капацитет на батеријата, но ако ова се оствари, „iPhone 18 Pro Max“ ќе има поголема батерија од онаа во „Samsung Galaxy S26 Ultra“, која е 5.000 mAh.

За споредба, вреди да се напомене дека „iPhone 17 Pro Max“ со слот за физичка „SIM“ картичка има батерија од 4.823 mAh, додека верзијата што поддржува само „eSIM“ има 5.088 mAh. Ова значи дека можеме да очекуваме огромен скок од дури 412 mAh за моделот со физичка „SIM“ картичка или дополнителни 337 mAh за „eSIM“ верзијата на „iPhone 18 Pro Max“ во споредба со неговиот претходник.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гасниот интерконектор со Грција напредува според планот

Завршувањето се очекува следната година.

Гасниот интерконектор со Грција напредува според планот

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција – еден од најзначајните енергетски инфраструктурни проекти за државата и регионот.

На работните средби одржани во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на кои присуствуваа министерката Сања Божиновска, извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, и главната извршна директорка на ДЕСФА, Марија Сферуца, беа разгледани тековните активности за изградба на интерконекторот на двете страни од границата, како и динамиката за реализација на договорните обврски.

Во фокусот на разговорите беше потврдената заедничка определба проектот да се реализира во согласност со утврдените рокови, преку интензивна координација меѓу институциите и операторите, со цел да се обезбеди нов, сигурен и диверзифициран пристап до природен гас за Македонија

На средбите беше потврдена заедничката оценка дека гасоводниот интерконектор ќе биде завршен во текот на наредната година, во согласност со утврдените рокови и планови за реализација.

На средбата меѓу министерката Божиновска и главната извршна директорка на ДЕСФА, посебен акцент беше ставен и на регионалната иницијатива „Вертикален гасен коридор“, која претставува значајна можност за унапредување на енергетската поврзаност, зајакнување на сигурноста во снабдувањето и интеграција на националните пазари во пошироките европски енергетски текови.

„Гасоводниот интерконектор со Грција е стратешки проект кој директно ја зајакнува енергетската безбедност на државата и отвора нови можности за диверзификација на снабдувањето. Нашата цел е Македонија да обезбеди стабилен пристап до различни извори и правци на енергија, а ваквите инфраструктурни поврзувања се клучни за поголема независност, конкурентност и отпорност на енергетскиот систем“, истакна министерката Сања Божиновска.

Извршниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, нагласи дека успешната реализација на проектот бара континуирана координација и партнерство меѓу сите вклучени страни, додека главната извршна директорка на ДЕСФА, Марија Сферуца, ја потврди посветеноста на грчкиот оператор за навремена и успешна реализација на интерконекторот.

Гасоводниот интерконектор со Грција претставува клучна инвестиција во енергетската иднина на Македонија. Со неговата реализација, државата ќе обезбеди пристап до нови извори на природен гас, ќе ја зајакне сопствената енергетска сигурност и ќе го унапреди своето позиционирање во регионалната и европската енергетска инфраструктура.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер