3Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ХороскопДневен хороскоп за 29. мај 2026 година Дневен хороскоп за петок, 29. мај 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Луцидноста и оригиналноста ќе бидат ваши доминантни особини на денот со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие. Кариера Доколку сте решиле да делувате од сенка, денеска е денот во кој на таков начин можете да постигнете завидни резултати. Здравје и совет Свртете се малку повеќе кон себеси. Рак 22.6-22.7. Љубов Подобрување на љубовната состојба кај вас би можело да предизвика и зголемување на љубовните апетити. Сепак , приземјете се на кратко. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збуниваат со својата чувствителност. Внимавајте да не ви најдат грешка во деталите. Здравје и совет Расте вашиот копнеж. Лав 23.7-22.8. Љубов Бидете и поддршка на вашата најсакана личност ,бидејќи таа тоа од вас го очекува , а истото и го заслужува. Така ќе го унапредите вашиот однос. Кариера Напредуваат креативните и интелектуалните работи , но и оние кои се работат во мир и тишина. Тука ќе дадете се од себе. Здравје и совет Можна е несоница. Девица 23.8.-23.9. Љубов Толку успешно ќе се поврзете со луѓето околу себе , што ќе заборавите на критиките, измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате. Кариера Можете слободно да направите нешто за себе. Кому и да му објасните , ќе ве разбере и ќе го прифатиу тоа како нешто нормално. Здравје и совет Ништо не коментирајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе успеете да и ја исполните секоја желба на саканата личност. Вашата љубезност како да нема крај. Дури и претерувате со тоа. Кариера Можно е дека ќе се затекнете во искушение на нелегална финансиска трансакција. Пазете што ви нудат или обратно. Здравје и совет Договарајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е ден во кој ќе ги мешате обичните пријатни ситуации и нешто сосема неочекувано што спаѓа во светот на фантазијата. Балансирајте. Кариера Креативците денеска ќе си дојдат на своето. Брилијантитните идеи ќе им доаѓаат самите од себе , а околината најверојатно ќе им даде поддршка. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Бидете љубезни и трпеливи колку и да ви се чини дека треба да реагирате или да се вмешате. Веќе утре се ќе ви изгледа поинаку. Кариера Пред вас е искушение на финансиски недоразбирања поради млади и неискусни соработници или поради некаква забава. Здравје и совет Помогнете доколку е потребно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веќе ве заморуваат љубовните недоразбирања , но што е , тука е. Ниту дернеска нема да биде подобро , но затоа вие можете помирно да минувате низ сето тоа. Кариера Иако некои од колегите малку ќе прават драма и ќе бидат пречувствителни , добрата страна е што тоа ќе донесе креативност и ќе донесе нови решенија. Здравје и совет Одморете се по напорниот ден. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Својот љубовен живот денеска ќе се обидете да го збогатите со некои необични еротски идеи. Тоа не мора да и се допадне на другата страна. Кариера Колегите на работното место се повеќе ве ценат и ве почитуваат , па врз основа на тоа градете ја својата новостекната доверба. Здравје и совет Држете се до законот и редот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Она што некогаш сте си го ветиле себеси, денеска полека се остварува. Вие уживате во друштво на лицето кое ви е исклучително мило. Кариера Можно е дека ќе добиете заслужено признание или јасно ќе се покажат резултатите од вашата претходна работа. Здравје и совет Ќе бидете задоволни. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно е претерување или фалби во односите со другите. На некои можеби тоа ќе им биде симпатично , а некои ќе се нервираат. Кариера Сите дејности во кои се бара суптилност , интуиција , креативни таленти или слично , денеска се одлично поставени. Здравје и совет Кога јадете , немојте да брзате и само да ја голтате храната. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веќе нема да можете да ја идеализирате својата најсакана личност , зашто стварноста ве разубедува. Прифатете ја. Кариера Ќе се разгледува можноста за една деловна соработка или патување за кое не е јасно дали би било поволно или не. Здравје и совет Трпение, спасение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп најави нов фронт: По Иран нашите бродови ќе тргнат кон Куба (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи предизборниот митинг во Флорида, каде што кубанските Американци се значајна изборна единица, за да вети дека ќе се обрати на Куба откако ќе се реши ситуацијата со Иран.Во 90-минутниот говор во Форт Мајерс, Флорида, Трамп повтори дека може да има нова воена акција против Иран додека се обидува да се справи со причините за наглиот пораст на цените на нафтата - ситуација што ги стави републиканците во дефанзива пред изборите на 3 ноември. Обраќајќи се на постарите Американци што живеат во Флорида, Трамп објави план за инвестирање 250 милиони долари за вработување најмалку 5.000 нови медицински сестри и техничари во домови за стари лица низ САД. Трамп: Ќе го испратиме Марко Рубио да ја заврши работата Бидејќи нема крај на конфликтот со Иран на повидок, Трамп зазеде цврст став кон Куба, продолжувајќи да врши притисок врз комунистичката влада таму по соборувањето на лидерот на Венецуела претходно оваа година, според Ројтерс. Трамп, кој освои 68 проценти од гласовите меѓу кубанските Американци во Флорида, рече дека американските поморски сили, кои моментално се вклучени во војна со Иран, ќе застанат на Куба на пат кон дома. „Еден од бродовите ќе застане на околу 50 јарди од брегот. Ќе ги кренат рацете во знак на предавање, а потоа ќе го испратиме Марко Рубио да ја заврши работата“, рече тој. Државниот секретар Рубио, поранешен американски сенатор од Флорида, во голема мера беше шеф за политика на администрацијата на Трамп за Куба. Митингот на Трамп имаше за цел да ги зголеми изборните изгледи на републиканскиот претставник од Флорида, Бајрон Доналдс, кој се кандидира за гувернер против демократот Дејвид Џоли. САД воведуваат ембарго за нафта врз Куба Трамп го зголеми притисокот врз Куба во својот втор мандат. Во септември, тој ја нарече Куба „пропадна држава“ на Генералното собрание на ОН и рече дека „слободата ќе дојде на Куба“, што предизвика напуштање на кубанската делегација. Трамп отворено изјави дека неговата цел е фундаментално да ја промени кубанската влада. Ембаргото за нафта наметнато од САД ја стави земјата под голем притисок додека се бори со недостиг на гориво и прекини на електрична енергија, влошени од влошената инфраструктура.Тагови: Доналд Трамп куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСрбин е уапсен вчера на Табановце- во јули возел со 166 км/час кај Демир КапијаЛишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 166 км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80 км/ч .На 23.10.2026 во 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(39) од Србија. При проверка на патничко возило „баик“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 15.07.2026 на автопатот Гевгелија - Демир Капија, М.П. го управувал возилото со брзина од 166 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко изјави дека ќе обзнани анкети во кои СДС имал голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ.Две недели по таа изјава на Филипче, ниту трага и глас од анкетите. Го прашуваме Филипче, каде се тие негови анкети во кои СДС има голем пораст во рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ пад? Зошто не ги покаже во јавноста? Зошто ги крие? Дали тие анкети се направени во штабот на СДС? Додека Филипче ветуваше анкети, во реалниот свет, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница со 4 спрема 1, поддршката на Филипче во СДС е на завидно ниво, кој стигне му бара оставка, но ние како ВМРО-ДПМНЕ му даваме целосна поддршка. Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски имаат најголема поддршка од граѓаните, а СДС полека но сигурно со Филипче станува маргинална партија. Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче. Граѓаните ја ценат работата, посветеноста и вистинската грижа која ВМРО-ДПМНЕ ја пружа. Затоа Филипче не сака избори, затоа што ќе доживее дебакл, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook