Дневен хороскоп за 29. јуни 2022 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 29. јуни 2022 година

Дневен хороскоп за среда, 29.јуни 2022 година. 

Дневен хороскоп за 29. јуни 2022 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска семејството ќе бара од вас дополнителен ангажман. Партнерот ќе има разбирање.

Кариера

Најдобри ќе се искажете во кореспонденција и соработка со другите. Оние јкои учат , ќе имаат успеси.

Здравје и совет

Само немојте да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Со задоволство ќе споделувате се со другите , па така и со саканата личност. Денеска нема да се одвојувате.

Кариера

Пофалбите ви се пријатни и ве поттикнуваат на натаможни предизвици. Истовремено, други бараат помош од вас.

Здравје и совет

Помогнете со вашето знаење.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се однесувате таинствено и на тој начинќе ја привлечете другата страна. Сепак станува за вистинска измама. Само глумите мистерија.

Кариера

Влегувате во нова деловна фаза кога се ќе поминуваа поопуштено. Подготвени сте за отворена соработка со сите.

Здравје и совет

Уживајте во нежните соништа .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Многумина и денеска добро ќе се забавуваат , а вљубените навистина ќе уживаат. Ќе бидете задоволни.

Кариера

Она што го работите на вас ви изгледа лесно и едноставно , но тоа не го мислат и другите околу вас. Помогнете им.

Здравје и совет

Нема потреба за брзање.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Пред вас е ден во кој не само што ќе бидете забавбни , туку и со љубезниот став и однесувањето ќе ги придобиете сите околу себе.

Кариера

Ќе успеете да се договорите за се , зашто нема да бидете тврдоглави , а другата страна ќе има поопуштен став.

Здравје и совет

Прошетајте се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидете да ги игнорирате грижите и да се сконцентрирате на она позитивбнотио што постои во вашата врска.

Кариера

Не измислувајте чудни изговори за да избегнете одговорност. ова за вас е голема шанса. Прифатете го предизвикот.

Здравје и совет

Однесувајте се позрело.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Со помош на добрите пријатели , ќе најдете пат како повторно да го освоите срцето на саканата личност.

Кариера

Ќе чувствувате дека на работа ви е се понапорно , зашто барањата се поголеми , а тука е и притисокот што се засилува.

Здравје и совет

Правете редовни паузи.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се замислувате во некоја друга улога , поинаква од онаа во која живеете. Најмногу би сакале да побегнете , но немате каде.

Кариера

Некои денеска ќе земат мала пауза ,з а да ги соберат мислите и да се доведат вом ред. Оние кои работат , нека се држат до редовните должности.

Здравје и совет

Не одете преку своите граници .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе бидете подготвени на различни лудости со кои ќе ја збунувате саканата личност.

Кариера

Не инсистирајте да биде нешто по ваше , зашто нема да ве разберат. Одработете го она што морате и бидете трпеливи.

Здравје и совет

Мал душевен немир.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Задоволни сте од својот сегашен однос со личноста која ви се допаѓа. Наоѓате многу заеднички интереси.

Кариера

Малку работи сега може да ве запрат . Ги совладавте сите лекции и можете истите да им ги држите на другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Мали нестабилности во односите со саканата личност ќе бидат поврзани со доминацијата. набргу ќе се договорите.

Кариера

Ќе изгледа како да сте многу позрели од своите шефови. Ако треба , тактично посоветувајте ги како понатаму.

Здравје и совет

Пијте повеќе вода.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате доколку не прифаќате , ниту пак барате некаква обврска во личнит еодноси.

Кариера

Денеска веројатно ќе ви опадне концентрацијата за посериозни задачи. Оние кои имаат поопуштена работа, ќе поминат добро. Другите нека внимаваат.

Здравје и совет

Наспијте се.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зошто сè повеќе припадници на генерацијата Z одбиваат раководни позиции?

За генерацијата Z, успехот во кариерата повеќе не се дефинира со напредување

Зошто сè повеќе припадници на генерацијата Z одбиваат раководни позиции?

Младите вработени сè помалку се стремат кон менаџерските позиции, а доколку компаниите не успеат да развијат нови лидери, би можело да им биде сè потешко да ја одржат организациската ефикасност.

За генерацијата Z, успехот во кариерата повеќе не се дефинира со напредување, а многумина од нив приоритет даваат на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот отколку на поголемата одговорност и подолгото работно време.

Овој тренд станува сè поголем предизвик за компаниите, многумина од нив веќе се борат со развојот на следна генерација лидери.

„Според глобалните истражувања, само околу 6% од генерацијата Z би презеле раководни улоги и би станале шефови, што првенствено се должи на поголемата одговорност што доаѓа со работата. За организациите и нивните структури, ова е многу голем проблем“, изјави за Euronews Томаш Шкларски, извршен директор на Enpulse и стручњак за ангажман на работното место.

Во последниве години, бројот на вработени што му одговараат на еден менаџер значително се зголемил, а просечната големина на тимот се дуплирала од околу шест на дванаесет лица.

Ова ги става менаџерите под сè поголем притисок. Од една страна, тие се одговорни пред одборите и вишите раководители за исполнување на деловните цели. Од друга страна, од нив се очекува да го поддржат развојот, мотивацијата и благосостојбата на сè поголемите тимови.

„Генерацијата Z внимателно ја процени рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот наспроти жртвата потребна да се стане шеф. Младите луѓе јасно го гледаат товарот што доаѓа со менаџментот. Менаџерот е одговорен и пред своите претпоставени и пред сè поголемите тимови на кои им е потребна постојана поддршка“, изјави Шкларски.

Проблем што може особено силно да ја погоди Европа

Падот на интересот за менаџерските улоги не е проблем само за поединечни компании, туку е глобален тренд што може да се покаже како особен предизвик за Европа, каде што демографските промени веќе ја намалуваат работната сила.

„Сè помалку луѓе ќе работат, особено во Европа. Ако не обучиме нова генерација менаџери и не ги подготвиме луѓето да преземат одговорност за тимовите, ќе се соочиме со растечки предизвици во одржувањето на организациската ефикасност“, предупредува експертот.

Додека вештачката интелигенција сè повеќе продира во деловниот свет и автоматизира многу процеси, Шкларски верува дека тоа нема да го реши проблемот со недостигот на менаџери.

Експертот тврди дека останува нејасно дали вештачката интелигенција би можела ефикасно да ја пополни улогата на менаџер.

Водењето тимови сè уште бара вештини што тешко се заменуваат, вклучувајќи емпатија, градење односи, мотивирање на вработените и донесување одлуки што ја земаат предвид човечката страна на организацијата.

Извор:forbes.dnevnik.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поради кавга за мобилен- татко и син паѓаат во бездна, загина и мајката (Вознемирувачко видео)

Потресно видео кое го прикажува моментот кога татко и син паѓаат од карпа во индиската држава Махараштра кружи на социјалните мрежи.

Поради кавга за мобилен- татко и син паѓаат во бездна, загина и мајката (Вознемирувачко видео)

18-годишното момче и неговите татко и мајка починаа во петок, 21 август, откако скокнаа од карпа еден по друг. На трагедијата ѝ претходела расправија за мобилен телефон што момчето го купило на рати, но не можело да го исплати, објави НДТВ.

Според медиумските извештаи, Кунал Чандгуде излегол од дома по расправија со својот татко и се искачил на рид во областа Тисгаон околу 10 часот наутро. Неговите родители го следеле, а за време на речиси тричасовниот разговор, им се придружиле бројни селани, и го слушнале Кунал како се заканува дека ќе скокне од карпата.

Селаните се обиделе да го разубедат.

„Тој живее за мајка си“, се обидел да го убеди еден човек.

„Не, морам да умрам. Тоа е единствениот начин“, одговорил Кунал.

Поранешниот старешина на селото, Санџај Јадав, исто така, се обидел да разговара со младиот човек.

„Го молевме да ја погледне мајка му, да не скока, му рековме дека е образован и дека има иднина пред себе. Пробавме сè“, рече Јадав.

Други дури понудија да му купат iPhone 15 Pro, но Кунал сепак инсистираше дека смртта му е единствениот излез.

Според полицијата, младиот човек го купил iPhone-от на рати и барал пари од семејството за да го отплати. По расправија со татко му за последната рата, тој излегол од дома во бес и се искачил на карпата. Околу 13 часот, неговиот татко, Мурлидар, му се приближил на својот син кој стоел на работ на карпата и се обидел физички да го извлече од работ. За жал, двајцата ја изгубиле рамнотежата и паднале во бездната, што исто така било снимено со камера.

Мајката на Кунал, Сангита, која ги видела сопругот и синот како паѓаат, отишла до работ на карпата неколку моменти подоцна и скокнала. Сите тројца починале на местото на настанот.

Полицијата сè уште не објавила дополнителни детали за семејниот спор, ниту ги потврдила претходните извештаи дека Кунал можеби се борел со депресија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девојче се капело во езеро во САД, кога ја нападнала „амеба што јаде мозок“- почина

Осумгодишно девојче од Луизијана почина од ретка амеба што го напаѓа мозокот, за која се верува дека ја добила додека пливала во езеро во близина на нејзиниот дом.

Девојче се капело во езеро во САД, кога ја нападнала „амеба што јаде мозок“- почина

Веста ја потврдија нејзиното семејство и здравствените власти, пишува CNN.

Лилијан Смарт, од Растон, северна Луизијана, починала во болница за време на викендот, не долго по прославата на својот осми роденден. Нејзините родители претходно објавија дека девојчето имало тежок оток на мозокот предизвикан од паразитот. „Синоќа Лилијан помина од нашите раце во рацете на Исус“, напиша вчера семејството на Фејсбук. „Оштетувањето на мозокот беше премногу сериозно и нејзиното мало тело не можеше да се опорави.“

Смртоносна инфекција

Одделот за здравство на Луизијана минатата недела објави дека едно лице можеби ја добило амебата Naegleria fowleri додека пливало во езерото Клејборн, на околу 50 милји од Растон. Иако властите официјално не го објавија идентитетот, семејството и пријателите потврдија за локалните медиуми дека станува збор за Лилијан.

Овој микроскопски организам живее во топли свежи води, а инфекцијата се јавува кога контаминираната вода влегува во носот и стигнува до мозокот. Министерството објаснува дека болеста не може да се добие со голтање вода, ниту пак се пренесува меѓу луѓето. „Инфекцијата е исклучително ретка, но речиси секогаш фатална“, објавија здравствените власти.

Исклучително ретки случаи

Инфекциите со амебата Naegleria fowleri се ретки. Според Министерството за здравство на Луизијана, од 1937 до 2025 година, потврдени се само 180 случаи, од кои три биле во Луизијана.

Повеќето случаи се пријавени во јужните и централните американски држави поради потоплите клими. Сепак, неодамнешните истражувања покажуваат дека климатските промени ги загреваат водите и во северните и среднозападните држави, проширувајќи ја областа каде што амебата може да се колонизира.

Според Центрите за контрола и превенција на болести (CDC), раните симптоми вклучуваат главоболка, треска, гадење и повраќање. Инфекцијата е тешко да се дијагностицира и брзо напредува. Подоцнежните фази на болеста може да вклучуваат вкочанетост на вратот, конфузија, халуцинации и губење на рамнотежа.

Збогување на семејството

Лилијан е на интензивна нега од минатата недела. Нејзината мајка напиша на Фејсбук дека девојчето било примено во болница поради висока температура, а подоцна почнало да гледа двојно.

Пред нејзината смрт, неколку локални бизниси во Растон организирале собирање средства за семејството на нејзиниот роденден, објави KNOE. Жителите велат дека Лилијан била позната во заедницата по својата веселост. „Таа секогаш беше среќно дете“, изјавил еден сопственик на локален бизнис за KNOE. „Секогаш кога ќе ја видевте, таа имаше насмевка на лицето.“

„Сите правеа сè што можеа за да ја задржат со нас“, напишаа родителите на Лилијан на Фејсбук. „Срцата ни се скршени и искрено не знаеме што да правиме следно.“

CNN претходно објави слични случаи. Во 2023 година, жител на Џорџија починал од истата амеба, додека во 2022 година, првата смрт на дете поврзано со истиот патоген е регистрирана во Небраска. Во двата случаи, здравствените власти потврдија дека пациентите се заразиле откако пливале во свежа вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер