Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
2Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ХороскопДневен хороскоп за 29. јуни 2021 годинаДневен хороскоп за вторник, 29. јуни 2021 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Повторно малку ќе загубите компас , а другата страна ќе се прашува што вие всушност сакате. Дефинирајте го својот став. Кариера Своите шефови денеска би можеле пријатно да ги изненадите со еден свој необичен финансиски предлог. Здравје Слушајте го својот внатрешен глас. Лав 23.7-22.8. Љубов Многумина денеск ќе бидат маѓепсани , вљубени и она што не е типично за нив , ќе ја заборават реалноста. Но , ќе им биде убаво. Кариера Веројатно ќе ги анализирате резултатите од една работа и ќе заклучите дека тие би можеле да бидат подобри. Сепак , генерално , работите подобро. Здравје Немојте да бидете практични. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во сегашните одлични лични односи денеска ќе внесете малку фантазија и така дополнително ќе ги подобрите. Некои ќе бидат навистина оригинални. Кариера Работата ќе ја одработувате со уживање и леснотија , а покрај сето тоа би можеле да предложите и некои сосема нови методи во работата. Здравје Силни сте и здрави. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите емоции ќе испливаат на површина. Некои ќе се затекнат како излегуваат или ќе бидат поврзани со млади личности. Кариера Посебните задачи ќе ги решавате со својата креативност и уметнички талент . Ќе успеете во тоа. Здравје Уживајте во спортот или во уметноста. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете задоволни со своите лични односи. Ќе се потрудите својата среќа да ја споделите со широк круг на луѓе. Кариера Во деловната кореспонденција ќе внесете од својот шарм , а љубезниот пристап ќе ви отвори бројни врати. Здравје Денеска знаете што сакате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Колку и да се трудите за да го подобрите својот личен живот , денеска работите поврзани со него ќе ви излегуваат од контрола. Кариера Ќе покажете дека вашиот однос со надредените доста хаотичен. Како тука да се знае кој тука пие , а кој плаќа. Здравје Ќе водите војна со апетитот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Кај вас денеска ќе се јави потреба за слобода , па оние мкои се во врска ќе сакаат малку да бидат сами или пак ќе одат во големо друштво. Кариера Ќе бидете многуз адоволни од изврпшените анализи или со резултатите од претходниот период. На тоа се надоврзуваат нови идеи. Здравје Помогнете му на член од семејството. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе сфаттите дека минувате низ еден доста фрустрирачки ден кога станува збор за љубовта. Едноставно издржете. Кариера Вашата потреба за да ги наметнете своите идеи ќе биде силна , но реалната состојба ќе биде таква што никој нема да ве сфати сериозно. Здравје Трпение, спасение. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Повеќето од вас ќе бидат расположени за раскажување бајки , ддодека реалната ситуација ќе биде поинаква. Не правете драма ако некој ве спушти на земја. Кариера Мали приходи ќе доцнат , а вие поради тоа ќе се чувствувате помалку сигурни. Сепак , контактите и натаму ви се добри. Здравје Не истражувајте премногу. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе бидете упорни во изразувањето на своите идеали. Некои би можеле да претерат со тоа. Одрекнете се од совршенството. Кариера На службено патување или на поголем состанок би можело да дојде до непрофесионално однесување . Здравје Прво смислете што ќе кажете , па потоа зборувајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко дека нешто може да ја помати вашата среќа. Дури и малите семејни недоразбирања ќе ги решите со леснотија. Кариера Ќе најдете оригинален начин за да победите во малите битки .Вашата стратегија е за секоја пофалба. Здравје Не се напрегајте толку многу . Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Без оглед што не го наоѓате она задоволство во љубовта какво што очекувате , ќе успеете се за да свртите во насока на добра забава. Кариера Во соработката со другите ќе покажете како може да се работи поинаку , понеобично и пооригинално. Здравје Може да ве прогласат за генијалец на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноДошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела. Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто. Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден. Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател. После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта. Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен. Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата. Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош. На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси. Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција. Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот. View this post on Instagram A post shared by Agora Brasil (@agorabrasilnews) Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата. Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни. Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители. По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби. Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата. Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот. Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата. Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.Тагови: гробот погреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери. „Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп. Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје. „Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп. Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година. „Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
СудбинаПет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV. Неочекуван пресврт Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето. „Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“ Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат. @chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis Разочарување на социјалните мрежи Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи. „Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата. Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“. @katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte Се обидоа да ги обештетат И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија. „Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“Тагови: Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29