Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ХороскопДневен хороскоп за 29. јули 2023 година Дневен хороскоп за сабота, 29. јули 2023 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Малите естетски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближите на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе имате успех. Кариера Оние кои работат во лаборатории , болници , институции од затворен тип и слично ќе добијат унапредувања и добри резултати. Здравје Не влегувајте во расправии. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот може да биде менлив. Кариера Резултатите од вашата работа би можеле да излезат на виделина , со што ќе ви порасне гордоста. Продолжете да го градите започнатото. Здравје Мала меланхолија. Вага 24.9.-23.10. Љубов За да ја подобрите вашата љубовна состојба , денеска послужете се со вашата интуиција. Нека таа ве води и се ќе биде подобро. Кариера Во сите дејности , кои се поврзани со луѓе ќе постигнете денеска завидни резултати. Другите ќе соработуваат. Здравје Не освојувајте по секоја цена. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе продолжите да заведувате драга личност. За неа ќе бидете неодоливи. На тој начин ќе ја зголемите блискоста во врската. Кариера Ќе дојде до мали преиспитувања во врска со финансиски вложувања , за кои ќе мислите дека не се стабилни. Ќе смислите нов план. Здравје Не можете вие да одработите за другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете склони кон попуштање во се и сешто , а некои целосно ќе ги симнат критериумите за љубов. Самците би можеле да бидат со личност по принципот ,,која и да е” . Кариера Ако сте решени да делувате од сенка, денеска е ден кога на таков начин може да постигнете успех. Здравје Прво промислете , а потоа делувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење. Кариера Иако некои колеги ќе бидат малку почувствителни и ќе прават драма , добро е што ќе донесете креативност и нови решенија. Здравје Освежете се на чист воздух. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се веселите со пријатно друштво и нема да дозволите ништо да ви ги расипе добрите односи , расположението и забавата. Кариера Подобро од другите знаете дека дека со мали чекори се минува исто растојание како и со големи. Здравје Релаксирајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции . Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Една состојба или дел од работата ќе биде дефиниран, созреан и заклучен. Од тоа ќе произлезат нови иницијативи. Здравје Можна е мала настинка. Овен 21.3-20.4. Љубов Кулминацијата на поврзаноста со пријателите ќе ви донесе радост , а секако ќе ги подобри и личните особини. Кариера Би сакале да воведете некои измени во процесот на работата. Денеска ќе размислувате за деталите. Здравје Крајот делото го краси. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе заклучите дека е време на другите да им покажете колку се сакате и да ја официјализирате врската. Некои тоа само ќе го посакаат. Кариера Ќе работите без напор и нема да се зимачувате со премногу прашања . Имате добра перспектива , позитивен став. Здравје Сега живеете уредно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Богатството на еротиката и сензуалноста ќе бидат главна одлика на овој ден. Уживајте. Кариера Можете слободно да направите нешто за себе. На кого било да му објасните , ќе го разбере вашиот став и ќе го прифати како нешто нормално. Здравје Ќе знаете да се справите со проблемите. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашите скриени чувства денеска ќе се појават , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило. Кариера Заклучоците до кои доаѓате ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас , но овој пат така е најдобро. Здравје Никаде не треба да брзате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСоветот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОККДенеска Советот на јавните обвинители треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.Тагови: ОЈО ГОКК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаОпозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министритеДенеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и другиТагови: пратеници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВрховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапувањеВрховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Врховниот суд соопшти дека ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје во предметот против поранешниот градоначлник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и случајот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд. Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Кривичен го осуди Јакимовски за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект судот му изрече казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години. Тогаш Јакимовски рече дека пресудата е донесена без докази и дека е политички мотивирана. Со најновата одлука, Врховниот суд ги укинува првостепената пресуда од 2025 година и пресудата на Апелацискиот суд од 2026 година и предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот суд.Тагови: Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter