ХороскопДневен хороскоп за 29. јули 2022 година Дневен хороскоп за петок, 29. јули 2022 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска ќе покажете луцидност и сентименталност во исто време. Нежната страна на вашиот карактер ќе изклезе на виделина на радост на саканата личност. Кариера Веројатно ќе добиете шанса за да го искажете својот талент .Ќе биде кратко , неочекувано и возбудливо , така како што сакате. Здравје и совет Радувајте се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе биде силна потребата за блискост. Ќе се потрудите да бидете сами со саканата личност на место што го сакате. Кариера Своите атрактивни идеи ќе успеете да ги вклопите во сивото секојдневие. Ќе најдете за тоа и финансиски средства. Здравје и совет Пазете се од провев . Вага 24.9.-23.10 Љубов Не се сомневајте во своите љубовни способности. Личноста која ви се допаѓа е исто така заинтересирана за вас. Кариера Оние кои сакаат да сменат нешто на работното место, на чекор се до исполнување на тој план. Треба само да одредите на кој начин. Здравје и совет Зајакнувате и со духот и со телото. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ги тргнете од дневенред грижите што ве измачуваа и ќе се посветите на љубовта со доверба. Тоа ќе биде чекор напред. Кариера Не заостанувате со свежи идеи, но би сакале промените да се одвиваат побргу. Сепак , се движи во таа насока. Здравје и совет Прифатете ја реалноста. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Додека односто со партнерот се одвива мирно и познато, наеднаш ви паѓаат на памет сосема откачени идеи. Кариера За да ја збогатите работата или проектот на кој што работите , ќе се послужите со својата интуиција , од каде ќе црпите идеи. Здравје и совет Верувајте во себеси. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ја комбинирате реалноста со фантазијата. Така на посебен начин ќе го збогатите својот однос со саканата личност. Кариера Кога на некои им оди , им оди. Немате грижи , многу работи се одвиваат и подобро отколку што сте се надевале. Здравје и совет Немојте да се препуштате на неодговорниоста. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Дококлку сте подготвени да му се препуштите на партнерот и со доверба да му се препуштите на неговите идеи , ќе биде одлично. Кариера Веројатно ќе ви предложат нов договор или нови содржини на работното место , а за тоа ќе треба нешто да потпишете. Прво пручете го договорот. Здравје и совет Пад на имунитетот . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Она што ви недостига во односот со саканата личност ќе се обидете да го надоместите со фино однесување и љубезност. Кариера Ќе има се повеќе работа , а можно е да видадат и нови задачи или некого ќе заменуварте на работното место. Здравје и совет Одморајте се редовно. Овен 21.3-20.4. Љубов Добар пријател или пријателка денеска ќе ви предложи нешто интересно што ќе го вклопите во вашата љубовна врска. Кариера Главно ќе делувате од сенка. Тоа моментално ви одговара. Шансите за истакнување ќе дојадат подоцна. Здравје и совет Послушајте го својот внатрешен глас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Леснотијата со која ќе се дружите со пријателите ќе биде голема. Некои преку нив ќе најдат нова љубов. Кариера И натаму сте во фаза во која не сакате да се истакнувате. Некои од вашите колеги тоа ги изненадува , но вам ви е добро. Здравје и совет Опуштајте се редовно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Се е во рацете на вашиот партнер, а на вас е оставено што подобро да се прилагодувате. Кариера Доколку ви понудиле нов договор , земете го овој видекнд за размислување и не носете одлука пред понеделник. Здравје и совет Мирувајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Сметате дека некои потреби на саканата личност се претерани и дека не може да ги исполните. Тоа уште повеќе ќе ве оддалечи. Кариера Можно е денеска да работите повеќе од вообичаеното , зашто има многу работа. Нема да ви биде тешко. Другите ќе се опуштат. Здравје и совет Пресметајте си што имате на сметката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забранаРусија ги повика Соединетите Држави да поддржат меѓународен договор за спречување на трката во вооружување во вселената, откако Вашингтон за првпат јавно потврди дека американската војска поседува оружје во Земјината орбита.Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената. „Сметаме дека сè уште не е доцна да се создаде средина што би спречила трка во вооружување, која носи зголемен ризик од отворен конфликт во вселената“, рече Рјабков. САД за првпат јавно потврдуваат дека имаат оружје во орбитата Руската реакција уследи по првата јавна потврда од американски воени претставници дека САД имаат распоредено оружје во орбитата. Командантот на Американските вселенски сили, Даглас Шис, изјави дека персоналот од тој воен огранок управува со оружје во орбитата способно да ги заштити американските сили од напади што доаѓаат од вселената. Американските претставници не открија за кои системи точно станува збор. Рјабков рече дека САД не ја известиле Русија однапред за овие капацитети, но дека објавата не претставувала изненадување за Москва. „Ова не е ништо ново за нас. Ние сè ова го следиме, го евидентираме и извлекуваме соодветни заклучоци“, рече тој. Москва ги обвинува САД и Британија за одолговлекување на договорот Рјабков тврди дека Русија долго време се залага за договор со кој би се спречила употребата на сила – или закана со употреба на сила – против објекти во вселената. Тој ги обвини САД и другите западни земји, особено Обединетото Кралство, дека со години наоѓаат причини за да избегнат преговори за таков договор. Од друга страна, американските претставници го претставуваат распоредувањето на своите вселенски системи како одговор на развојот на руските и кинеските антисателитски и други вселенски капацитети, како и како средство за одвраќање и одбрана на американските сили. Извор: Индекс.хрТагови: русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба Николоски- Варнс: Македонија и САД имаат одлични билатерални односиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава. На средбата се разговараше за економската соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Економските врски меѓу двете земји исто така се на високо ниво, а трговската размена бележи позитивен тренд. Заменик претседателот Николоски, на средбата истакна дека развојните политики на Владата се насочени кон економски развој, токму преку реализација на крупните капитални проекти кои водат кон регионалното поврзување и интеграција. Тој додаде дека изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови. Двајцата говорници го поздравија стратешкото партнерство меѓу двете земји, истакнувајќи дека тоа е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот. Македонија и САД имаат одлични билатерални односи, се заклучи на средбата и во насока на истите постои силна подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе урна рудник за злато во Судан: Загинаа најмалку 67 лицаНајмалку 67 лица загинаа по уривањето на рудник за злато во Судан.Несреќата се случила во рудникот „Ал-Зара“ во близина на градот Нухуд, во западната провинција Западен Кордофан. Областа е под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), кои од 2023 година се борат против суданската армија, пренесува АП. Според преживеаните, рудникот се урнал доцна синоќа, а потрагата по голем број рудари сè уште трае. Медицински извори наведуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до преживеаните и да ги извлечат телата заробени под урнатините. Рударот Ал-Амин Сулиман потврди дека луѓе сè уште се заробени во рудникот. Еден од преживеаните, Каирал-Сајед Габара, го опиша уривањето како огромно и истакна дека на лице место немало тешка механизација за расчистување на земјата. At least 60 small-scale miners have died after shafts collapsed at the Al-Zaraa gold mine near El-Nahud in Sudan’s West Kordofan, with many more feared trapped under the rubble.#Sudan #MiningDisaster #GoldMine #WestKordofan #PakistanTV pic.twitter.com/aDfqO8V1Rp — Pakistan TV (@PakTVGlobal) September 16, 2026 Чести несреќи поради ниските стандарди Судан е еден од најголемите светски производители на злато, но несреќите во рудниците се чести поради слабите безбедносни стандарди. Слични несреќи се случиле и во последните години. При уривање во 2023 година загинаа 14 рудари, додека во друга несреќа во 2021 година животот го загубија 38 лица. Извор: Индекс.хрТагови: рудник Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook