ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС
ХороскопДневен хороскоп за 29. јануари 2020 година Дневен хороскоп за среда, 29. јануари 2020 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата поврзаност со друштво или пријатели и денеска ќе биде нагласена. Саканата личност ќе има разбирање за тоа. Кариера За некои свои соработници ќе бидете добар советник. Ќе знаете да им покажете како да работат побрзо , поефикасно и попрецизно. Здравје и совет Наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашиот личен живот се развива добро , а вие сте среќни. Нема пречки да го постигнете она што го сакате. Оние кои се сами имаат самодоверба за додворување. Кариера Ќе бидете доста сигурни во себе и свесни за своите достигнувања. Со таква мисла ќе работите без проблем. Здравје и совет Вие сте во експанзија. Овен 21.3-20.4. Љубов Одлично ќе се снаоѓате во личните односи , зашто фантазијата и интелектот ќе ви бидат сојузници. Само мерете ги зборовите. Кариера Некој од далеку би можел да ви пружи рака за соработка или ќе предложи продолжување на старата деловна врска. Здравје и совет Разгледајте ги внимателно сите опции. Бик 21.4- 20.5. Љубов Од идеја до реализација има долг пат , а денеска малку ќе скршнете од светот на илузиите. Гледајте ја личноста пред вас таква каква што е. Кариера Веројатно некој од вашите надредени денеска ќе се посрамоти поради непрофесионалност и тоа ќе биде озборување на денот. Здравје и совет Издвојте го важното од купот небитни работи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вас како ништо да не може да ве запре во забавите . Сепак , дел од денот ќе мора да му го посветите на семејството. Кариера Работата денеска ќе се одвиува вообичаено , а вам ќе ви биде помалку здодевно. Здравје и совет Бидете она што сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе си дозволите малку повеќе уживање и ќе се препуштите на спонтаноста. Тоа ќе ја унапреди вашата врска. Кариера Во деловната кореспонденција ќе се покажете како многу подготвена личност , која знае пластично да ги објасни своите очекувања. Здравје и совет Поврзете се со луѓето. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата сакана личност денеска ќе ,,ви јаде од рака”. Ќе биде чувствителна и ќе бара ваша заштита и нежност. Кариера Ќе ви недостига тактичност и трпение за некои ваши соработници , кои не се снашле најдобро. Најдете време и за нив. Здравје и совет Ви треба повеќе сон. Девица 23.8.-23.9. Љубов Освен што и натаму добро се забавувате, денеска ќе се потрудите да се надминете. внимавајте до каде смеете да одите. Кариера Ќе се послужите со многу креативна идеја , за да решите еден мал деловен проблем. Здравје и совет Немојте да се опијаните. Вага 24.9.-23.10 Љубов Малку остана што би можело денеска да ве орасположи во емотивна смисла. Издржете уште еден здодевен ден. Кариера Ќе има многу приказни и озборувања , а вие бидете паметни и не им придавајте на значење.Имате многу работа. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе успеете се да свртите на шега или ќе излезете на добра забава.Односите и натаму ќе бидат површни. Кариера Денеска или ќе тргнете на помало службено патување или ќе ве назначат да воведете млади соработници во работата. Здравје и совет Бидете јасни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ви се чини како работите да ви се лизгаат од раце , но не се грижете. Има многу други добри работи околу вас. Кариера Трпеливо ќе ги очекувате почетните резултати од една работа . Ќе има причина за насмевки. Здравје и совет Не може се да биде совршено. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Малку ќе се смирите и ќе ги намалите љубовните очекуцања. Тоа ќе биде чекор напред кон зрелоста. Кариера Денеска ќе работите без никаков притисок , опуштено и со желба.Работите ќе се нижат самите од себе. Здравје и совет Следете го ритамот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНСВенко Филипче и Зоран Заев, по нивниот пример како неразделни другари, си земаа и советници од партијата СНС, на нивниот другар Александар Вучиќ.Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ како олицетворение на Вучиќ, од кој СДС и Филипче, по поразот на изборите, сакаат да се дистанцираат и од него бегаат како ѓавол од темјан, си ги вдомија во владата. Обрадовиќ, иако балкански мешетар, беше ангажиран како советник на Зоран Заев, кој потоа дури сакаше да го постави и за директор на ЕЛЕМ. Благодарение на притисокот што како ВМРО-ДПМНЕ тогаш го направивме оваа постапка беше стопирана, но сепак, во 2021 година Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ. Истиот овој човек, Обрадовиќ, кој Заев го вдоми во Македонија, од функцијата директор на Електростопанство на Србија, беше сменет поради луксуз и хедонизам. Кумот пак на Вучиќ, Башановиќ, кој исто така Заев си го вдоми во македонската влада, е и сегашен ПР шеф на СДС, на чело со Венко Филипче, и заедно со Милјан Шчекиќ им ги пишуваат соопштенијата и прес-конференциите кои потоа Венко и другите ги читаат. Дополнително, за Башановиќ се зборува дека е човекот којшто ги споил Зоран Заев и Алексис Ципрас кои го променија името на Македонија и дека во координација со Заев бил одговорен за зделки во делот на енергетиката. Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште одамна. Па, оттука се поставува прашањето, дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција? А, „Зобек мининг груп“ е истата таа фирма која на Филипче му купи автомобил од марката „АУДИ“. Преку вакви кадри СДС, Заев и Филипче го носеа српскиот свет во Македонија и единственото по што жалат е што не се власт во државата за да продолжат и понатаму да местат милионски тендери со луѓето на Вучиќ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМосква цел на масовен напад со 862 украински дронаГрадоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека ноќеска бил извршен масовен напад со украински дронови. Според него, од синоќа до утрово кон московскиот регион биле испратени 862 беспилотни летала.Руската воздушна одбрана неутрализирала најголем дел од дроновите. Од нив, 170 биле соборени при приближувањето кон руската престолнина.Руските медиуми нападот го оценуваат како еден од најмасовните оваа година. Претходниот голем напад врз Москва бил регистриран ноќта меѓу 28 и 29 октомври. Тогаш, според руските власти, биле испратени околу 613 дрона. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го оцени нападот како невообичаен. Тој посочи дека се случил за време на Самитот Русија-Африка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСамит на министри за надворешни работи на Г20 земјите во САД се очекува средба Рубио-ЛавровВо Соединетите американски држави, денеска се оддржува самитот на министрите за надворешни работи на Г20 земјите. Во Атланта пристигна и рускиот шеф на дипломатијата – Сергеј Лавров, кој се очекува да оддржи средба и со државниот секретар на САД – Марко Рубио. Средбата се оддржува пред трилатералниот самит САД-Русија-Украина првично закажана за 4ти ноември каде ќе продолжат напорите за ставање крај на војната во Украина, но и долгорочни гаранции за безбедност, како за Русија така и за Украина. Дополнително, како што пренесува Ројтерс, Пентагон им порачал на балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија да го намалат непријателскиот тон кон Русија и да избегнуваат провокациска реторика во однос на Москва, со цел да не се нарушува безбедноста на Европа. Рускиот претседател Владмир Путин вчера исто така порача дека доколку би дошло до војна со Европа, Русија е подготвена, но се надева дека нема да дојде до такво сценарио,Тагови: Г20 САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook