Фрчкоски: Мицкоски има нови кадри за Судскиот совет- бандата на власт бара спас во контролирано судство
1Фрчкоски: Мицкоски има нови кадри за Судскиот совет- бандата на власт бара спас во контролирано судство
3Јакупоски: Ги подобруваме условите во Маврово и Ростуше, со нов водоснабдителен резервоар, реконструкција на спортската сала „Македонија“ и обновени улици
ХороскопДневен хороскоп за 29. август 2024 годинаДневен хороскоп за четврток, 29. август 2024 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности. Кариера Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин. Здравје и совет Немир и незадоволство. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите. Кариера Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања. Здравје и совет Некој нема да ви се допадне . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор. Кариера Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден. Здравје и совет Легнете да спиете на време. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да спитите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате. Кариера Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој. Здравје и совет И натаму сте одлично. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив. Кариера Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост. Здравје и совет Вежбајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво. Кариера Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате. Здравје и совет Бидете што е можно поразумни. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете. Кариера Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате. Кариера Веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот. Здравје и совет Штедете го грлото и гласните жици. Бик 21.4- 20.5. Љубов Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени. Кариера Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна. Здравје и совет Ви недостига трпение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин. Кариера Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци. Здравје и совет Редовно опуштајте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна. Кариера Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа. Здравје и совет Немате грижи. Лав 23.7-22.8. Љубов Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи. Кариера Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател. Здравје и совет Останете будни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФрчкоски: Мицкоски има нови кадри за Судскиот совет- бандата на власт бара спас во контролирано судствоМицкоски го турка неговиот план да избира нови судии од тефтерчето.Тоа го прави веќе две години, сака целосна контрола врз правосудството. Бандата бара спас од одговорност за криминалот, и тоа во контролирано судство и обвинителство. Еве кои предлозите се буткаат за нови членови на Судскиот совет. Кандидатката Емилија Алексовска која добила најмногу бодови од ВМРО. Позната по јавните фалби на Мицкоски на социјалните мрежи. „Македонија со Вас е жива, повторно наша и горда“, вака го фалела Алексовска Мицкоски. Во изборот на свои кадри во судството Мицкоски очигледно најмногу бодови носат јавните фалби за него на социјалните мрежи. Каков критериум. Вториот кандидат, Џоко Диков исто така се врзува со ВМРО. Но скандалот тука е поголем затота што имал и кривична пријава. Има фотографии со членови на ВМРО-ОКГ, пратеници, градоначалници. Една од нив, на прослава на победата на градоначалникот на Ново Село, исто така од ВМРО. Партиските критериуми ги задоволил. Ајде да видиме дали ги задоволил стручните. Диков го застапувал градоначалникот на Ново Село, против еколошките активисти а имал и кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Граѓаните сами нека проценат. Ова се кадрите на Мицкоски, новите кандидати за судии од тефтерчето со кои треба да продолжи партизацијата и да се воспостави целосна контрола на правосудството. Јавноста веќе знае дека тој процес е започнат и трае. Данка Ристова, сопруга на Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш од ВМРО веќе беше избрана за членка на Судскиот совет. Потоа, нејзиниот сопруг - Ацо Ристов Мицкоски си го избра за претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Поранешен градоначалник од ВМРО сега е на чело на регулатор кој треба да е независен, а неговата сопруга е во телото што одлучува за судиите. Едни исти луѓе, врзани со Мицкоски треба да контролираат бизниси и судии. Класична мафијашка структура. Независните обвинители ги менува и ги нарекува медиокритети при телевизиско гостување, а новите ги поставува во живо. Нарачува процеси по телефон и од собраниската говорница. Вториот извештај на ЕК во делот на судството е катастрофален. Наскоро се очекува третиот. Сето ова го прави затоа што не му е гајле за ЕУ. Се плаши од одговорност. Со банда, нема независно судство. Има систем на контрола. Нема правда – напротив, има неправда. СДСМ бара повлекување на овие предлози и избор на стручни и независни кандидати за судскиот совет. Нашата порака е дека никој нема да се спаси, одговорност ќе има. Кога власта ќе се врати во рацете на народот, целата бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред европско обвинителство. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор Скопје, 16.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМОН: Пуштен во употреба новиот објект на ОУ „Крсте Мисирков“ во скопската населба ЧентоОбјектите во кои се организира воспитно – образовниот процес, се суштински за неговиот квалитет. Во добри услови и пријатна средина, мотивацијата за учење е поголема и затоа пред две години Владата и општините се обединија околу еден приоритет - да вложиме во инфраструктурата и да го зајакнеме овој столб на образованието. По две години делата се видливи. Ова училиште е резултат на тие заеднички заложби. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешното пуштање во употреба на новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба, каде заедно со премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот Бобан Стефковски, на учениците и наставниците им посакаа многу успеси и убави спомени. „Дојде моментот бараките зад нас да заминат во историјата. Со среќа нека се користи новиот училишен објект. Навистина е прекрасен и знам дека ќе биде инспирација и за учениците и за наставниците“, рече Јаневска додавајќи дека Владата и Министерството за образование и наука вложуваат подеднакво во сите региони на државата, затоа што, како што нагласи - сите деца заслужуваат еднаков пристап до квалитетни услови за образование. „Ќе потсетам дека за две години реализираме 90 проекти во вредност од 70 милиони евра. Половина од средствата се обезбедени преку Министерството за образование и наука и другата половина преку повикот на Владата за финансирање на капитални проекти на општините. Еден таков проект е токму ова училиште и благодарност до градоначалникот што се ангажираше да го подготви, да аплицира за средства и да го опреми објектот. Благодарност и до премиерот кој ја покрена оваа иницијатива – одеднаш да градиме и да изградиме многу нови образовни и спортски објекти на целата територија на Македонија“, додаде Јаневска. Новиот објект има два спрата со 30 училници и вкупна површина од 3.128 квадратни метри. Вредноста на инвестицијата е 170 милиони денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
АвтомобилизамНовaтa „Tesla“ лебдеше пред публиката (ВИДЕО)Американската компанија „Tesla“ претстави нова генерација на својот електричен спортски автомобил „Roadster“ – речиси девет години откако моделот беше првично најавен.Од „Tesla“ тврдат дека ова возило, опремено со ракетни потисници развиени во соработка со „SpaceX“, може да забрза од нула до 100 км/ч за помалку од една секунда. Извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, најави дека производството на новиот „Roadster“ се очекува да започне во 2028 година, пренесува „CNBC“. „Вечерва ќе видите неверојатни работи. Ќе ги видите резултатите од соработката помеѓу најдобрата автомобилска компанија во светот и најдобрата компанија за ракети во светот“, изјави Маск за време на претставувањето на новиот модел, што се одржа во четвртокот вечерта на полигонот за тестирање на „SpaceX“ во Мекгрегор, Тексас. Do a kickflip! https://t.co/DJ1Bq1yu8m — Tesla (@Tesla) October 16, 2026 За време на презентацијата, бел спортски автомобил со две седишта се движеше по закривена рампа, прилепен за нејзината долна страна, по што се одвои, се заврте во воздух и полека лебдеше пред да слета на земјата. Компанијата сподели снимка од овој момент на платформата „X“ со натпис: „Real life, baby“. Real life, baby https://t.co/3QEqn18wig — Tesla (@Tesla) October 16, 2026 Според мерењата на самата компанија, возилото може да забрза од нула до приближно 97 километри на час за помалку од една секунда. „Tesla“ сè уште ја нема објавено цената на новиот модел, ниту пак ги има обелоденето целосните технички спецификации за сите најавени верзии. Ракетна технологија Новиот „Roadster“ е развиен со фокус на намалување на тежината и вклучува систем за управување преку електронски сигнали (т.н. „steer-by-wire“, со што се елиминира механичката врска помеѓу воланот и тркалата), управувач во форма на буквата „J“, како и технологии од „SpaceX“. Тука спаѓаат ракетни потисници, композитни компоненти и моќни вентилатори кои создаваат потисна сила кон подлогата („downforce“), овозможувајќи изведување неконвенционални маневри. Според претходните најави на „Tesla“, потисниците се наменети за подобрување на забрзувањето и сопирањето, додека напредните аеродинамички системи треба да ја зголемат стабилноста и прилепувањето на возилото за подлогата. Маск изјави дека новиот „Roadster“ нема да го содржи системот „FSD“ (целосно автономно возење) на „Tesla“ и дека ќе биде последниот автомобил на компанијата дизајниран да биде целосно управуван од човек. Во текот на изминатите неколку недели, „Tesla“ повторно овозможи резервации за новиот „Roadster“, при што од купувачите во САД, Канада и Кина се бара депозит од 50.000 долари. Компанијата започна да прима депозити за ажурираниот модел уште во 2017 година, но оттогаш постојано ги одложува најавените датуми за испорака. Маск за првпат го претстави концептот на новата генерација на „Roadster“ во ноември 2017 година, а следната година најави можност за вградување на пакет од „SpaceX“, кој вклучува повеќе мали ракетни потисници поставени околу возилото. Претставувањето на новиот модел доаѓа по години одложувања, во текот на кои некои купувачи чекаат испорака уште од моментот на нивните првични резервации. Меѓу нив е и Сем Алтман, ко-основачот на „OpenAI“, кој минатата година јавно го критикуваше долгото чекање, по што му беше вратен уплатениот депозит. Дизајн инспириран од воздухопловството Надворешниот дизајн на автомобилот се одликува со скриени предни светла, задно светло што се протега по целата ширина на возилото и аеродинамични елементи интегрирани во каросеријата. Тркалата со тенки краци се конструирани така што обезбедуваат мала тежина и висока структурна цврстина. Од „Tesla“ наведуваат дека бојата „Ano White“ е инспирирана од технологиите во воздухопловната и вселенската индустрија и е дизајнирана да обезбеди заштита од ултравиолетово зрачење, екстремни температури и корозија. Стаклото со златеста нијанса потсетува на визирите на вселенските костими, додека деталите од титаниум придонесуваат за футуристичкиот изглед на возилото. Ентериерот е опремен со седишта за две лица, со употреба на бели материјали и детали изработени од сива еко-велур ткаенина. Компанијата нагласува дека намалувањето на тежината било клучна цел при развојот. Конструкцијата вклучува магнезиум, титаниум и јаглеродни влакна, заедно со поедноставени контроли и фиксни седишта – сè со цел автомобилот да реагира што е можно подиректно на командите на возачот. Три пакети опрема Една од највпечатливите карактеристики на „Roadster“ е системот што се состои од вентилатори и заптивки на подвозјето, кои создаваат потисна сила кон подлогата („downforce“). Според „Tesla“, системот го повлекува воздухот од под автомобилот, создавајќи доволно сила за да го задржи возилото на место – дури и кога е свртено наопаку. „Tesla“ исто така воведе технологија на потисници на ладен гас, кои користат електрични актуатори за прецизно насочување на потисокот и стабилизирање на возилото додека е во движење. Според соопштението на компанијата, моделот „Roadster“ ќе се нуди во три конфигурации со различни нивоа на перформанси. Основната верзија, наречена „Performance“, е наменета како за возење на пат, така и за на тркачка патека, таа располага со две седишта, активна аеродинамика и систем за вшмукување воздух под возилото, кој работи во повеќе режими. Верзијата „Augments“ — ограничено издание — исто така има две седишта, но на задниот дел од возилото вклучува потисни млазници на ладен гас. Најнапредната верзија, „Rocket“, ќе биде достапна само со покана и е дизајнирана за еден патник. Покрај системот за зголемување на притисокот кон подлогата („downforce“), таа ќе поседува и потисни млазници распоредени околу периметарот на возилото, наменети за овозможување забрзување напред и движења нагоре, како и странични и ротациони движења. Извор: Б92Тагови: тесла Roadster Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26