Дневен хороскоп за 29. август 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 29. август 2023 година

Дневен хороскоп за вторник, 29. август 2023 година. 

Дневен хороскоп за 29. август 2023 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности.

Кариера

Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин.

Здравје и совет

Немир и незадоволство.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите.

Кариера

Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања.

Здравје и совет

Некој нема да ви се допадне .

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор.

Кариера

Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден.

Здравје и совет

Легнете да спиете на време.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да спитите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате.

Кариера

Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој.

Здравје и совет

И натаму сте одлично.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив.

Кариера

Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост.

Здравје и совет

Вежбајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво.

Кариера

Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате.

Здравје и совет

Бидете што е можно поразумни.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете.

Кариера

Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате.

Кариера

Веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот.

Здравје и совет

Штедете го грлото и гласните жици.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени.

Кариера

Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна.

Здравје и совет

Ви недостига трпение.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин.

Кариера

Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци.

Здравје и совет

Редовно опуштајте се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна.

Кариера

Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа.

Здравје и совет

Немате грижи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи.

Кариера

Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател.

Здравје и совет

Останете будни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неизвесна е судбината на 12 членови на екипажот во потонатиот брод во близина на брегот на Бугарија

Бугарија добила повик за помош од товарен брод што потонува во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море.

Неизвесна е судбината на 12 членови на екипажот во потонатиот брод во близина на брегот на Бугарија

Бугарија добила повик за помош од товарен брод што потонува во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, а судбината на 12-те членови на екипажот сè уште е непозната, соопшти денеска Министерството за транспорт на земјата.

Бродот што пловел под сомалиско знаме превезувал три тони пченица на големо од Романија до Египет, се вели во соопштението. Два бугарски, еден романски и еден турски бродови се испратени на местото на настанот.

Причината за инцидентот сè уште не е позната, а се случил во време на серија напади со беспилотни летала врз бродови покрај бреговите на Бугарија и Романија, за кои експертите велат дека се дел од војната на Русија против Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тргнал од Сицилија кон Малта со автомобил полн со желки и папагали, во багажникот му нашле 377 животни

Италијанските власти пресретнаа автомобил во Сицилија кој превезувал 377 животни подготвени да патуваат со ферибот за Малта. 

Тргнал од Сицилија кон Малта со автомобил полн со желки и папагали, во багажникот му нашле 377 животни

Во автомобилот имало 300 желки и 77 папагали, сместени во област без соодветни услови или контрола на температурата, во средина која ветеринарите ја оцениле како неприфатлива за благосостојбата на животните, објави Eurogroupforanimals.

Трговијата со животни била откриена од страна на припадници на италијанската финансиска полиција, Guardia di Finanza и Агенцијата за царини и монополи за време на проверките во просторијата за товарење во пристаништето Поцало, кои веднаш ја повикале ветеринарната служба за да ја проценат состојбата на животните.

Истрагата открила дека 76-те папагали припаѓале на видови заштитени со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови дива фауна и флора (CITES), вклучувајќи ја црвената ара, зеленокрилата ара, сино-жолтата ара, розовокастиот какаду и белиот какаду. Лицето кое ги транспортирало животните било пријавено во канцеларијата на јавниот обвинител во Рагуза (Италија) под сомнение за кривично дело чување животни во услови што предизвикуваат големо страдање, како и за кршење на италијанските закони што ја штитат конвенцијата CITES. Сите 377 животни беа запленети и сместени во објект каде што добија соодветна грижа.

Случајот го водеа членови на мрежата на Еврогрупата за животни, вклучувајќи ја италијанската организација Лега Анти Вивисезионе и Малтешкото друштво за спречување на суровост кон животните (MSPCA). Нивното вклучување ја нагласува важноста на меѓународната соработка меѓу организациите за заштита на животните, особено кога животните се откриваат за време на меѓународна нелегална трговија. Покрај чинот на конфискација на животните, клучно е да им се обезбеди соодветна грижа, судски постапки и соодветно сместување во иднина.

Транспортот на животни во тесни и несоодветни услови им предизвикува големо страдање, додека трговијата со заштитени видови покренува дополнителни прашања за зачувувањето на загрозениот див свет и усогласеноста со меѓународните прописи. Дури и кога ваквите пратки се пресретнати, инцидентот претставува само еден дел од трговијата поттикната од побарувачката за егзотични животни. Кога животните се запленети, нивната благосостојба мора да остане приоритет, со специјализирана грижа и долгорочни решенија што ги задоволуваат нивните потреби.

Во моментов, капацитетот за спасување на животните, а воедно и обезбедување соодветни услови за нивна благосостојба низ цела Европа, е недоволен и потребна е подобра координација помеѓу засолништата и прифатилиштата.

Правилата, исто така, се разликуваат од една земја-членка до друга: купувачите честопати не се свесни за прописите, ниту за потеклото на животните, кои трговците можат да ги експлоатираат, па затоа се потребни јасни правила, унифицирани низ целата Европска Унија, за тоа кои животни смеат да се тргуваат, а кои можат да се чуваат во домовите. Ова би им го олеснило изборот на купувачите, би помогнало во намалувањето на побарувачката, би го направило спроведувањето на законот поефикасно и би им го отежнало на трговците. Случајот Поцало уште еднаш покажа колку е важна координираната акција помеѓу царинските службеници, органите за спроведување на законот, ветеринарите и организациите за заштита на животните во борбата против трговијата со диви животни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст

Жан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, истакна дека истиот е изготвен во услови на сложено и неизвесно меѓународно економско.

Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст

Жан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, истакна дека истиот е изготвен во услови на сложено и неизвесно меѓународно економско опкружување пропратено со бројни надворешни ризици, геополитички предизвици, нестабилност на енергетските пазари како и неизвесност во глобалните економски текови, додека целта на Владата, во вакви услови, е да обезбеди стабилност, да ги заштити интересите на граѓаните истовремено создавајќи услови и за економски развој на државата.

„Суштинска работа за овој буџет е тоа што е проектиран во насока на одржување на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, зајакнување на фискалната одржливост со јасна определба за фискална консолидација и одговорно управување со јавните финансии“, рече Дрвошанов и додаде:

„Фискалната политика за 2027 година е поставена во согласност со донесената фискална стратегија на Република Македонија за периодот од 2027 до 2031 година. Останува проектираниот буџетски дефицит од 3,5% од БДП и тоа се, во услови на неповолна надворешна клима и висока економска непредвидливост на глобално ниво. Планираниот буџетски дефицит претставува рамка во која ќе се реализираат планираните активности со истовремено водење сметка за динамиката на јавниот долг, одржлива стабилна економија која ќе создаде услови за одржлив релативно висок раст на БДП, а со тоа и подобрување на животниот стандард на граѓаните“.

Дрвошанов истакна дека ваквата проекција на буџетскиот дефицит упатува на негово постепено намалување со намера да се зајакне фискалната дисциплина и да се стабилизира динамиката на јавниот долг.

„Буџетскиот дефицит е предвиден на 45 милијарди денари или 3,5% од БДП. Овие показатели испраќаат важна порака дека државата се движи кон постепено намалување на буџетскиот дефицит со намера да ја зајакне фискалната дисциплина, да ја стабилизира динамиката на јавниот долг. Особено е важно што фискалната консолидација не се спроведува преку запирање на развојните процеси и преку кратење на неопходните средства за граѓаните, туку преку поголема рационалност, подобро планирање и поефикасно користење на јавните ресурси“.

Пратеникот Дрвошанов истакна дека една од побитните улоги на буџетот е обезбедувањето на социјалната сигурност и стабилност на граѓаните и посочи дека за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, за социјална заштита за најранливите категории 14,3 милијарди денари, додека за активните политики и мерки за вработување се предвидени 2,9 милијарди денари, при што ваквиот начин на креирање на социјалната политика освен финансиска помош, како што вели Дрвошанов, треба да создаде и можности за вработување и економска независност на граѓаните во општеството.

„Една од најважните улоги на буџетот е исто така да се обезбеди социјална сигурност и стабилност на граѓаните. Во оваа насока за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари што претставува зголемување за 4,1%. Од овие средства 123,8 милијарди денари се наменети за исплата на пензии или 4,8% повеќе од минатата година. Нашата обврска е да создадеме услови за достоинствен живот на повозрасните граѓани, но истовремено да обезбедиме и долгорочна одржливост на пензискиот систем“, кажа Дрвошанов и додаде:

„За социјална заштита за најранливите категории се планирани 14,3 милијарди денари, за активните политики и мерки за вработување се предвидени 2,9 милијарди денари, додека за исплата на паричен надомест во случај на невработеност планирани се средства во износ од 1,5 милијарди денари. Ова се средства кои треба да обезбедат поддршка за семејствата со ниски приходи, лицата во социјален ризик и оние на кои им е потребна помош од институциите, но социјалната политика не треба да се сведува само на финансиска помош, таа треба да создаде можност за вработување и економска независност и активно учество на граѓаните во општеството“, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер