1Блокадите на училиштата се шират низ Франција, учениците палеа канти и фрлаа предмети кон полицијата
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
ХороскопДневен хороскоп за 29. април 2025 година Дневен хороскоп за вторник 29. април 2025 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои добра забава со пријателите и саканата личност , низ содржини што имаат нешто мистично во себе. Кариера Уметниците меѓу вас денеска ќе зрачат многу повеќе од вообичаено , а другите ќе ги имитираат и ќе ги следат. Здравје и совет Бидете уште поотворени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Наеднаш би можело да ви падне на памет необична идеја со која ќе си го збогатите својот и сексуалниот живот на партнерот. Овој пат сте во право. Кариера Вашата интуација денеска ќе ви даде одговори на многу прашања. Само добро слушајте и се ќе ви биде јасно. Здравје и совет Престанете да анализирате. Рак 22.6-22.7. Љубов Би можеле да наидете на личност со која работите и која би можела да ве наведе на емотивни изливи. Размислувате за оваа личност. Кариера Додека полека минува работното време, вие се повеќе ќе размислувате за пари и како да ги заработите на страна. Замислувате необични начини. Здравје и совет Останете во реалноста и помалку фантазирајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Плима од емоции ќе ве наведе да посакате што повеќе време да минете со саканата личност. Ќе се потрудите околу тоа. Кариера Работната недела покажа дека успеавте да покажете што знаете за својата професија. Тоа ви носи задоволство. Здравје и совет На некој начин денеска ќе блескате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот љубовен живот квалитетнио се одвива, а вашата самодоверба расте од ден за ден. Самците ќе бидат успешни во додворувањето. Кариера Ќе им се препуштите на чувствата и на приватниот живот и ќе заборавите на работните обврски. Занете дека сте силни и џдека напредувате. Здравје и совет Одете во природа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можете да очекувате ден исполнет со задоволства , што ќе доаѓаат поради низата идеи , што ќе ги следите со саканата личност. Кариера Ќе верувате во својата храброст и високиот морал , така што лесно ќе ги решите малите деловни грижи , за кои само вие знаете. Здравје и совет Подобро е да верувате , отколку да се сомневате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Можеби ќе се изненадите кога саканата личност ќе ве повика да излезете на едно сосема невообичаено место. Кариера Кога денеска накусо ќе помислите за она што ве очекува , ќе бидете безгрижни. На некои би можело да им се јави шефот за дополнителни задолженија. Здравје и совет Уживајте во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Внимание и нежност ќе ви бидат главни преокупации , кога станува збор за љубовниот живот. Ќе знаете како на другите да им се вовлечете под кожа. Кариера Сите оние чија работа е поврзана со уметност , денеска ќе имаат инспирација за вистински мали ремек дела. Здравје и совет Следете ја интуицијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Емоции , убавина, хедонизам и страст денеска ќе се спојат во складна целина на взаемно задоволство. Кариера Дури и оние кои вредно работат, денеска ќе одмораат , зашто нивните желби ќе бидат насочени кон уживање. Здравје и совет Не претерувајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето и топењето на разликите меѓу вас и другата страна денеска ќе оди преку еротика и секс. Ќе чувствувате олеснување. Кариера Ве очекува средба со многу дарежлив спонзор и инвеститор кој е сериозен. Некој ќе ви се јави за да се подготвите за тоа. Здравје и совет Соработувајте со другите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сите карти ќе бидат во рацете на вашата најдрага личност , која ќе биде многу расположена за нежности. Не прашувајте зошто. Кариера Во мислите ќе ги анализирате вестите поврзани за работата и ќе ви се чини дека сосема добро се снаоѓате. Здравје и совет Немојте да се прејадете. Овен 21.3-20.4. Љубов Се повеќе ситуации се вртат во ваша корист , а вие станувате почувствителни . Другата страна ќе знае тоа да го цени. Кариера Денеска ќе настојувате што повеќе да ги истакнете своите заслуги во работата. Здравје и совет Обновете си го хобито.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБлокадите на училиштата се шират низ Франција, учениците палеа канти и фрлаа предмети кон полицијатаФранцуските средношколци продолжуваат со блокирање на училиштата барајќи подобри услови за образование.Протестите ескалираа во судири со полицијата, при што учениците палеа канти за отпадоци и фрлаа разни предмети кон полицајците. Демонстрациите пред средните училишта траат уште од минатата недела. Учениците се незадоволни од пренатрупаните распореди, преголемите паралелки и недостигот на наставници, пренесува „Еуроњуз“. Проблем претставуваат и прегреаните училници по неодамнешните топлотни бранови. Движењето започна во регионот Ил-де-Франс (областа околу Париз), каде што образовните власти забележаа блокади во околу десетина училишта. Оттогаш, протестите се проширија и во други градови низ земјата. Судири низ Франција Во Лил, во северна Франција, маскирани ученици се собраа пред средното училиште „Сезар Баџо“. Според фотограф на АФП, тие запалиле канти за отпадоци и уништиле автобуски постојки и билборди. Фрлале шишиња, калдрма и други предмети кон полицијата, која возвратила со солзавец. 🇫🇷 French high schools blocked as student protests escalate, security forces deployed 💢 Schools in Paris, Saint-Denis, Grenoble and Lille among those affected as students protest overcrowded classes and teacher shortages 🚨 Police fire tear gas at students in southern France… pic.twitter.com/BJjfMFny9x — Anadolu English (@anadoluagency) September 29, 2026 Во Нант, на западот од земјата, тинејџери го блокирале влезот на училиштето „Габриел Гист'о“ користејќи десетици канти за отпадоци. Тензично беше и пред училиштето „Араго“ во Париз, каде што околу триесет ученици се соочија со полициски кордон. Слични акции беа пријавени во Марсеј, Бордо и Лион. Околу осумдесет ученици се собраа пред училиштето „Ламартин“ во Париз. Тие носеа транспаренти со натписи: „повеќе часови на настава отколку спиење“ и „од 8 наутро до 6 попладне – дали сме ученици или затвореници?“. Немири избија и во Рен, пред најголемото средно училиште во Бретања, „Брекињи“, каде што околу стотина ученици фрлаа разни предмети кон зградата. Политички реакции и поширок контекст Ученичките протести се одвиваат во време кога синдикатите организираат национални демонстрации и штрајкови против буџетот предложен од владата на премиерот Себастиен Лекорну, близок соработник на претседателот Емануел Макрон. 🇫🇷 🪧 French high-schoolers formed blockades outside their #schools in Paris and across the country on Tuesday, demanding better conditions and more resources for their educators and themselves ahead of a crucial presidential election. This coincides with a nationwide strike by… pic.twitter.com/Y2i4pofB8O — FRANCE 24 English (@France24_en) September 29, 2026 Се очекува десетици илјади луѓе да се соберат во Париз и во други градови. Наставниците и пожарникарите штрајкуваат низ целата земја, иако јавниот превоз моментално функционира без поголеми прекини. „Гневот е огромен. Ја предупредувам владата дека мора да ги слушне барањата и да го ревидира нацрт-буџетот. Тоа е опасно за земјата и нè води директно кон рецесија со брзина од 200 километри на час“, изјави за „BFM TV“ Софи Бине, лидерката на синдикатот „CGT“. Една 17-годишна ученичка од гимназијата „Ламартин“, која сакаше да остане анонимна, изјави дека се фрустрирани поради недостигот на ресурси, условите во училниците и пренатрупаните распореди. „Тука сме и за да ги поддржиме нашите наставници, кои работат исклучително напорно за платата што ја добиваат“, изјави таа за „AFP“. Премиерот Лекорну вчера изјави дека каква било ескалација на протестите во училиштата би била неодговорна. Тој остро ја критикуваше радикално левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI) за поттикнување немири. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез соопшти дека вчера биле уапсени 164 лица и дека протестите опфатиле 180 училишта. „Нема да толерираме неред“, додаде тој. Un blocage scolaire ne devrait pas dégénérer en affrontements physiques. Si ces images sont authentiques, la réaction de la police exige des explications. #France #Lycées pic.twitter.com/5euGJv6J3P — Chloe Dubios 🇫🇷 (@ChloeDubiosl) September 29, 2026 Во сиромашното париско предградие Сен-Сен-Дени, градоначалникот од редовите на „LFI“, Бали Багајоко, им се придружи на стотици ученици на протестот пред гимназијата „Пол Елијар“. Тој ги предводеше учениците во пеењето на „Марсејезата“ и ги опиша протестите како целосно легитимни. Тој предупреди дека посиромашните области добиваат значително помалку средства од побогатите. Извор: Индекс.хрТагови: блокадите Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Македонија„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција низ цело СкопјеУтре, 30 септември, со почеток во 10:00 часот, низ сите скопски општини ќе се одржи голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.Во акцијата ќе се вклучат општините и градоначалниците, амбасади, ученици, спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност. Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат и со личен пример да придонесат за почисто и поуредно Скопје. Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензииФилипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии, пониски цени на горивата и економски раст.РЕАКЦИЈА НА ПРЕСОТ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Филипче нуди само блокади и празни политички пораки, на СДС и Филипче се им смета и се против се што е добро за државата. Кога Филипче зборува за горивата, да го потсетиме дека во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата дизелот има најниска цена во регионот и пошироко. Во однос на пензиите, СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен денес имаме 7.000 денари повисоки пензии и редовна исплата. За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС. СДС нема кредибилитет да зборува за пензиите. Во првите 2 години од доаѓањето на СДС на власт, од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари. За време на СДС и ДУИ, над 200 илјади пензионери примаа пензии под 14 илјади денари, а зголемувањата беа минимални и недоволни за реално подобрување на животниот стандард. Филипче и СДС знаат само за марихуана економија, стабри здравство и тендери а единствена грижа им беа провизиите, процентите и тендерите во четири очи. Да потсетиме дека во првите осум квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика во економијата или во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 проценти. За крај, Филипче треба да знае дека токму криминалите и распродажбата на државата ја сместија СДС во длабока опозиција и на маргините на политичката мапа. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook