Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?
2Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ХороскопДневен хороскоп за 28. септември 2021 година Дневен хороскоп за вторник, 28. септември 2021 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Некои ќе мислат дека никој не ги сака и ќе трпат. Оние во врска ќе се чувствуваат осамени и покрај се. Кариера Денеска повторно дознавате дека можностите се едно , а стварноста нешто друго. Ќе ви биде потребна мудрост за да најдете рамнотежа. Здравје и совет Ќе сонувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се во подолга врска , денеска ќе се обидат да го обноват односот со помош на секс и еротика . Малку ќе претерате. Кариера Веројатно за малку ќе избегнете расправија. Така е подобро. Исто така откажете се од непотребни коментари . Здравје и совет Издржете , без брзање. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Сметајте на зголемена чувствителност на партнерот или вашите лични односи ќе бидат подложни на најситни вибрации. Кариера Некои ќе ја менуваат моменталните деловни планови , за што подобро да се прилагодат кон ситуацијата. Другите ќе одмораат. Здравје и совет Треба да се каже вистината. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се обидете да ги споите емоциите и радоста. Во тоа речиси целосно ќе успеете. Многумина ќе почнат ново познанство. Кариера Повеќето ќе работите денеска со многу дух , шарм и отвореност. Ништо нема да им биде тешко. Здравје и совет Не заборавајте на искреноста. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Само што направивте еден чекор напред , веќе одите два наназад. Ви недостига трепение и такт . Кариера Веројатно на работа денеска ќе бидете површни. Ќе ви биде важно само да се опдработи она што се мора. Здравје и совет Повлечете се на мирно место. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Мали недоумици ќе бидат поврзани со преуредување на заедничкиот простор или домот. Ќе бидете збунети , но не толку за да не функционирате. Кариера Денеска се поврзувате со соработници од други места. Посебно добро им оди на оние од услужните дејности. Здравје и совет Бидете прибрани. Овен 21.3-20.4. Љубов Немојте да се изненадите ако партнерот кон вас искаже некаков вид на агресивност. На едно уво нека влезе , на друго да излезе. Кариера Ќе си дозволите еден непланиран трошок , за да се утешите од фрустрациите , бидејќи не ви одат лесно работите. Здравје и совет Одете полека. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е еден по малку тежок ден , во кој работите нема да се одвиваат како што би сакале , но Кариера Очекувајте спонзори на кои другите не сметаат . Денеска ќе се покаже дека сте имале добро претчуство. Здравје и совет Верувајте во подобро утре. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Би сакале да го дефинирате својот статус во еден однос , но околниостите нема тоа да ви го дозволат. Не е се уште јасно. Кариера Следува изненадување од претпоставените . Новите задачи бараат и нови таленти. Здравје и совет Средете ги недоразбирањата без нервоза. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска нема да бидете сигурни како да се поставите во љубовна ситуација. Според вашите критериуми , се ќе се одвива пребргу. Кариера Малку по малку , на другите ќе им се вовлечете под кожа и ќе почнат да ве прифаќаат како некој без кого не може да се работи. Здравје и совет Не правете драма , снајдете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате добар баланс меѓу чувствата и разумот. Ќе знаете да се поставите како што треба , а партнерот тоа ќе го цени. Кариера Ќе се појави ненадејна потреба да се заокружи една целина . Ќе се потрудите да финиширате најдобро што знаете. Здравје и совет Имате влијание врз другите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашите забави и дружби ќе продолжат со ист интензитет како и до сега. Ќе бидете среќни и задоволни. Кариера Оние кои обично многу зборуваат , со време им стануваат здодевни на другите. Пазете да не се вклучите во оваа категорија. Здравје и совет Ќе се чувствувате убаво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полицијаНа 24.10.2026 година, во 14:00 часот, во Полициската станица Делчево, 18-годишен жител на Делчево предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра.Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во Делчево пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица. Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите. Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаМанасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?Синоним за Филипче е лага, малверзација и корупција.Човекот едноставно не може, а да не излаже. Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, едно на брачен другар, мерцедес од 44 илјади евра и еден мотор од 25 илјади евра, сличен како оној што го возеше со Заев. Зошто Филипче рече дека има автомобил од 6.000 евра, а не му е вметнат во анкетниот лист? Дали можеби цената на автомобилот е повисока и е марка АУДИ добиена како подарок за тендер? Дали Филипче крие нешто од јавноста? Дополнително, што ли уште Филипче ќе излаже? Ако лаже за ваква работа, којзнае за што друго ќе лаже понатаму ако дојде на власт. На ваквите митомани како Венко Филипче не смее да има место во политиката, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СветГолеми протести во Израел против Нетанјаху во пресрет на изборите (ВИДЕО)Илјадници луѓе се собраа во Тел Авив на големи антивладини протести, три дена пред општите избори што се сметаат за референдум за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Протестот беше организиран од Октомврискиот совет, група основана од семејства на жртви и заложници киднапирани од палестинските милитанти на 7 октомври 2023 година, за да побара одговорност за неуспехот да се спречи нападот на Хамас што ја предизвика војната во Газа. „Три дена пред изборите, ќе одржиме последен настан за да одбележиме три години борба за откривање на вистината, барање одговорност и формирање државна истражна комисија“, напиша Октомврискиот совет на X пред митингот. Тесна трка Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу десничарскиот блок на Нетанјаху, кој е на власт од крајот на 2022 година, и блокот на централнодесничарскиот ривал Гади Ајзенкот. Најновите анкети покажуваат дека ниту еден блок нема да освои мнозинство места во израелскиот парламент. 💥The rally in Tel Aviv. All 4 opposition candidates expected. https://t.co/BGYmFED5id — Noga Tarnopolsky נגה טרנופולסקי نوغا ترنوبولسكي (@NTarnopolsky) October 24, 2026 Репортер на АФП изјави дека илјадници луѓе марширале од центарот на плоштадот Рабин кон Плоштадот на заложниците, каде што се одржал собирот и кој бил централна точка на минатите антивладини протести со барање за ослободување на заложниците од Газа. „Кој и да нè водеше во изминатите четири години, завршил ужасна работа“, изјави 68-годишната Хадас Фојерштајн за АФП кратко пред почетокот на собирот. „Израел никогаш не бил во ситуацијата во која се наоѓа сега“, додаде таа. Советот од октомври ја предупреди полицијата за можни „провокации“ од страна на провладините агитатори. Пропусти на 7 октомври Собирот доаѓа по години застапување од страна на израелското граѓанско општество и опозициските партии за формирање независна истражна комисија за да ги испита безбедносните пропусти што доведоа до настаните од 7 октомври. Владата на Нетанјаху одби да формира такво независно тело, како што Израел честопати формирал во минатото за да истражува големи пропусти на државно ниво. Наместо тоа, таа предложи формирање „политички“ комитет, во кој половина од членовите би биле назначени од владејачката коалиција, а другата половина од претставници на опозицијата. Опозициските лидери изјавија дека ќе го бојкотираат комитетот назначен од политичарите.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook