ХороскопДневен хороскоп за 28. октомври 2025 година Дневен хороскоп за вторник, 28. октомври 2025 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот. Кариера Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома. Кариера На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Здравје и совет Бидете поодговорни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол. Кариера Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа. Кариера Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни. Здравје и совет Искажете го она што другите ги интересира. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност. Кариера Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се. Здравје и совет Изразете се. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. Кариера Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Здравје и совет Нема другите ништо да одработат наместо вас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции. Кариера Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време. Здравје и совет Бидете нежни. Рак 22.6-22.7. Љубов Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво. Кариера Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози. Здравје и совет Покажете се. Лав 23.7-22.8. Љубов иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден. Кариера Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза. Здравје и совет Верувајте во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација. Кариера На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас. Здравје и совет Кашлица или вироза. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи. Здравје и совет Постојано нешто очекувате. Опуштете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЕва Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жениПо повод Денот на еднакви плати за жените од латиноамериканско потекло, кој се одбележува на 8 октомври, актерката и режисерка Ева Лонгорија преку социјалните мрежи го сврте вниманието кон јазот во платите во САД.Во својата објава, таа истакна дека жените од латиноамериканско потекло во просек заработуваат само 53 центи за секој долар што го заработуваат белите мажи кои не се од латиноамериканско потекло. Жените имигранти се соочуваат со уште полоша ситуација Лонгорија објасни дека оваа бројка се однесува на сите вработени жени од латиноамериканско потекло, вклучително и на оние што работат сезонски или со скратено работно време. Покрај објавата, таа сподели и своја фотографија на која носи бела маица со слоган за зајакнување на жените, како и неколку инфографици што го илустрираат јазот во заработката. View this post on Instagram A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) Според еден од инфографиците, жените имигранти се во уште понеповолна положба, бидејќи заработуваат само 43 центи за секој долар што го заработуваат мажите земени за статистичка споредба. Лонгорија исто така објави фотографија од група жени кои протестираат за своите права и држат транспаренти.Тагови: Ева Лонгорија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18
Шоу бизРијана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни Се чини дека Ријана цело време чувала голем дел од својата музика за себе.38-годишната пејачка откри за време на преносот во живо на TikTok за нејзиниот бренд Fenty Beauty на 7 октомври дека има околу 170 необјавени песни, објави Пипл. Ова им даде на обожавателите увид во тоа колку музика собрала за време на нејзината долга пауза од објавување на целосен албум. Зборувајќи за нејзината необјавена работа, Ријана рече: „Ако има 10 производи во сеф, тогаш имам најмалку 17 сефови.“ Откритието доаѓа додека обожавателите продолжуваат со нетрпение да го очекуваат нејзиниот деветти студиски албум, кој треба да го наследи ANTI од 2016 година. Долгата пауза на Ријана од сцената е една од најгледаните и најочекуваните во историјата на поп музиката. Нејзиниот последен студиски албум донесе хитови како Work, Needed Me и Love on the Brain. Сепак, пејачката јасно стави до знаење дека не ја оставила целосно музиката зад себе. Во август, нејзиниот партнер, раперот A$AP Rocky (38), потврди за време на гостувањето во „Шоуто на Џејсон Ли“ дека Ријана се вратила во студиото и работи на нов материјал. Кога го прашале дали е виновен за нејзината долга пауза, раперот одговорил: „Никако. Таа е во студиото во моментов. Да, го кажав тоа. Извини, бејби.“ Потоа додаде: „Човече, таа работи. Готви нешто, не се шегувам. Човече, ова ќе ме доведе во неволја.“ Ријана претходно зборуваше за плановите за нејзиниот деветти албум. Минатата година, таа за Harper’s Bazaar изјави дека конечно го „открила кодот“ за музичката насока на целиот проект. Таа рече: „Ова време поминато подалеку од музиката мора да има влијание врз она што сите ќе го слушнат следно. Мора да вреди. Мора да биде важно. Морам да им покажам дека вредеше да се чека. Не можам само да издадам нешто просечно.“ Таа, исто така, наговести дека звукот на албумот нема да биде она што публиката го очекува: „Нема да биде ништо што некој го очекува. И нема да биде комерцијален или радио-пријателски. Ќе биде токму таму каде што мојата уметност заслужува да биде токму сега.“ Во годините по ANTI, Ријана беше посветена на градење на својата модна и козметичка империја преку нејзините брендови Fenty Beauty и Savage X Fenty. Таа триумфално се врати на сцената во 2023 година со настап на полувремето на Super Bowl LVII, каде што изведе голем број од своите најголеми хитови, а исто така откри дека е бремена со своето второ дете. Ријана и Асап Роки го добија својот прв син, RZA, во 2022 година, по што следеше нивниот син Рајот во 2023 година, а нивната ќерка Роки се роди во 2025 година.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаБезос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“Во Вашингтон се кројат големи планови – САД имаат намера не само да се вратат на Месечината, туку овој пат и да останат таму.Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е и основач на компанијата за вселенски летови „Блу Ориџин“, неодамна зборуваше за американските медиуми за патувањата до Месечината. „Овој пат одиме на Месечината за да останеме“, изјави Безос, додавајќи дека тоа нема да биде „само уште една мисија од која се враќате дома“. „Ќе изградиме вистинска, одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината и да откриваме интересни работи“, додаде Безос. "The Moon is a gift." @JeffBezos on building a Moon base: "NASA is really focused on the Moon now." "I've been focused on the Moon for a really long time and have been saying, 'Let's do the Moon and then do Mars.'" "It's kind of step by step, but do the Moon first." Via @CNBC @andrewrsorkin @blueorigin @NASAMoonBase — Jawwwn (@jawwwn_) October 8, 2026 Тој истакна дека мисијата на Месечината во 1969 година барала инвестиција од околу 3% од БДП на САД и наведе дека „луѓето ќе можат да летаат до Месечината уште во 2028 година“. „Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе успееме“, рече Безос. Тој исто така го изрази своето уверување дека Месечината – до која, како што напоменува, може да се стигне за три дена – ќе послужи како клучна логистичка станица за идните човечки мисии до Марс. Извор: Б92Тагови: месечината Џеф Безос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook