Путин се обиде да им објасни на студентите зошто ја нападнал Украина: Орки распарчуваат мечки (ВИДЕО)
2Путин се обиде да им објасни на студентите зошто ја нападнал Украина: Орки распарчуваат мечки (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 28.октомври 2020 годинаДневен хороскоп за среда, 28.октомври 2020 година.Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ако се обидете да објасните нешто шта на вас ви е сосема јасно , нема да успеете , зашто другата страна мора да биде отоврена за такви измени. Добро ви оди и вака. Кариера Ќе посакате денеска да прекинете со една соработка , но првин размислете дали тоа е воопшто потребно. Здравје и совет Избегнувајте луѓе што сакаат да направат сцена. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот денеска ќе се развива над очекувањата. Мали недоразбирања се можни само околу вашите фалбаџиски изјави. Кариера Ќе продолжите да ги промовирате своите амбиции и планови. ДФругите ќе треба да ве слушаат , но не би бикло лошо понекогаш да биде и обратно. Здравје и совет Бидете пореални. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашите љубовни освојувања ќе продолжат пред публика или пријатели. Тоа ќе ви биде дополнителна мотивација. Кариера Може да се впуштите во речиси секоја работа , зашто и ѕвездите ќе го поддржуваат развојот на вашата кариера. Здравје и совет Помалку јадете , движете се повеќе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Разиграност , веселба и дружба во добро расположение се на повидок. Ако сте веќе во врска , ќе се подобри. Кариера Лекомислено ќа ја сфаќате работата денеска .Ќе бидете повеќе подготвени за забава , отколку за работа. Здравје и совет Не си поигрувајте со луѓето. Риби 20.2.- 20.3. Љубов И натаму останува дека треба да се дистанцирате и на мир да чекате да завршат овие денови неповолни за љубов. Кариера Со својата ангажираност ќе направите надредените да се посрамотат. Подобри сте од нив, но не мора да им го потенцирате. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата зборливост ќе ви помогне да ги надминете празнините во личниот живот. Ќе разговарате што недостига во емотивните односи. Кариера Денеска ќе водите интензивна кореспонденција со колегите. На повидок се многу меилови , телефонски повизци и пораки. Здравје и совет Поработете на својата спретност. Бик 21.4- 20.5. Љубов Колку и да се трудите , денеска нема да добиете емотивно исполнување какво што очекувавте. Треба едноставно да издржите. Кариера Не мачете се себеси и другите со вашите сомневања. Постојат правила што треба да ги следите во деловниот живот. Внимавајте на нив. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Сеуште не сте сфатиле дека светот не се врти околу вас и дека треба да покажете способност за почит кон другите. така ќе бидете посреќни. Кариера Стравот што понекогаш го чувствувате е последица на вашето его. не е секогаш лесно да се работи со вас. Размислете. Здравје и совет Луѓето не се играчки. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете малку поопуштени и пријателски расположени , па ќе се отворите и ќе си го подобрите односот со саканата личност. Кариера Вашата работа ќе се развива на најдобар множен начин. Денеска анализирате и некои свои заслуги. Здравје и совет Игнорирајте ги провокаторите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате доверба во луѓето и на многумина ќе им дозволите да ви се приближат. За осамените ќе има одлични шанси. Кариера Не се двоумете околу сигурноста на вашата работа , но би сакале нешто да смените. Има простор за подобрување. Здравје и совет Не чепкајте таму каде што не треба. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се засили умереноста кон она што не е видливо. Ќе читате меѓу редови и тука ќе ги наоѓате одговортие на вашите љубовни дилеми. Кариера Мало надмудрување со шефовите би можело да даде резултати, не ќе ви ги исцрпи нервите. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате. Вага 24.9.-23.10 Љубов Љубовните настани на работното место продолжуваат и денеска.Ако уште сте сами , отворете ги добро очите. Кариера Многумина ќе го следат вашиот пример зашто ќе препознаат дека вие сте се поставиле најадобро и знаете што работите. Здравје и совет Бидете она што сте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 31. август 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 31. август 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Покажавте што чувствувате , а сега прифатете ја реакцијата од другата страна. Не с еплашете , на крајот искреноста носи добро. Кариера Ќе имате мали финансиски трошоци , на кои не сте сметале. Сето тоа ќе мора да го запишете во книгите на компанијата. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нема долго да чекате додека личност од вашата работна средина не ви ја открие својата наклонетост. Денеска ќе има можност за тоа. Кариера Малку повеќе труд вложете во својата работа , па нема да изостанат резултатите. Соработувајте со другите колеги. Здравје и совет Не може вечно да се живее на стара слава. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов И партнерот и вие ќе бидете во емотивна фаза, но секој на свој начин. Бидете поотворени кон саканата личност. Кариера Тешко ќе се договарате околу работата , зашто едноставно нема да ви се работи .Обидете се барем да го одработуите минимумот. Здравје и совет Ви недостига дисциплина. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можно е дека ќе ве окупираат љубовни сеќавања или ќе ве допре една личност од вашето љубовно минато. Кариера Ќе има мали несогласувања меѓу колегите , а вие ќе бидете третата страна која ќе се обидува да ги усогласи. Здравје и совет Ќе сонувате исклучителен сон. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата потреба за љубов ќе биде зголемена , а шансите намалени. Од таму се фрустрациите. Кариера Бидете доследни во спроведувањето на она што сте го ветиле. Така ќе го подигнете сопствениот рејтинг на работното место. Здравје и совет Пазете се од вирози. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ве изненади повик за излегување со поголема група луѓе. Не се двоумете , прифатете и ќе ви биде убаво. Кариера На виделина излегуваат плодовите на вашата работа и сега е целосно јасно колкави се вашите заслуги. Здравје и совет Опуштете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска ќе добиете покана од пријатели за мала забава. Кариера На работа ќе ги средувате заостанатите помали работи, а шансата што ја добивте се развива како што треба. Здравје и совет Подобрување. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку денеска излезете , можно е да сретнете личност , која ќе ве зашемети. Затоа излезете. Кариера Младите киолеги ќе ви се воодушевуваат на професијата што ја работите , но вие ќе тереба да се покажете како одговорен работник. Здравје и совет Подобрување. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска ќе му се предадете на вашиот свет на мечтаење , а ќе заборавите на реалноста. Некои дури и ќе измислат личност што не постои. Кариера Целиот ваш труд ќе може демнеска дас е собере во еден збор : плеткање. Одберете си ги приоритетите , направете подобар план и тогаш делувајте според него. Здравје и совет Приберете се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И денеска е добар ден за излегување , па сепак поверојатно е дека среќата ќе ја побарате во мирната атмосфера на топлиот дом. Кариера Ќе добиете креативни нагони и ќе се обидерте да ги вклопите во она што го работите . Идеите ќе бидат интересни. Здравје и совет Анализирајте си ги соништата. Рак 22.6-22.7. Љубов Одличен ден за излегување , забави и дружби. Без оглед на работната недела , одете меѓу луѓе. Ќе ви биде убаво. Кариера Веќе е полесно и работите се кристализираат. Успеавте да ги надминете и последните пречки и да продолжите понатаму. Здравје и совет Уживајте во спортот. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно во текот на денот се повеќе ќе ве преплавува плима од емоции , која веќе нам да можете да ја скриете пред другата страна. Кариера Некои ваши можности би можеле да испливаат на површина , иако и самите нема да знаете како да ги презентирате. Ќе ви дојде самото од себе. Здравје и совет Не е проблем ако се расплачете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМиле Лефков во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Миле ЛефковКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШтип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
ТехнологијаНова студија истражува дали моделите на вештачка интелигенција може да симулираат човечки емоцииГермански истражувачи тестираа дали може големите јазични модели да имитираат страв, тага, вознемиреност и да послужат како алатка за проучување на ментални нарушувања.Нарушувањата на менталното здравје се медицински предизвик низ целиот свет. Се проценува дека до 2050 година, дури 1,2 милијарди луѓе би можеле да живеат со некаков вид на ментално нарушување. Затоа научниците работат напорно за подобро да ги разберат нивните причини, да развијат поефикасни методи за превенција и да пронајдат нови терапевтски пристапи. За разлика од лековите, терапиите засновани на разговор и психолошки интервенции се многу потешки за истражување и развој. Причината е што ниту клиничките испитувања кај луѓето, ниту студиите врз животни не можат целосно да ја опфатат сложеноста на човечките емоции, мисли и однесување. Покрај практичните ограничувања, ваквите истражувања често поставуваат важни етички прашања. Затоа, истражувачки тим од Технолошкиот универзитет во Дрезден (TU Dresden), Германија, истражувал дали големите јазични модели на вештачка интелигенција (LLM), како оние зад модерните чет-ботови со вештачка интелигенција, би можеле да послужат како нова алатка за моделирање на одредени аспекти на менталните нарушувања, пишува Euronews. – Нашите резултати покажуваат дека големите јазични модели можат да репродуцираат модели на човечки афективни и когнитивни процеси под контролирани услови – изјави д-р Магдалена Векенборг, раководител на истражувачкиот тим PsychoDigital на TU Dresden. Според неа, таквите модели би можеле да им помогнат на научниците подобро да ги разберат механизмите што стојат зад менталните заболувања, како и да истражат нов пристап во лекувањето, вклучувајќи развој на психотерапевтски методи кои се темелат на разговор. Можат ли моделите на вештачка интелигенција да имитираат човечки емоции? Иако некои аспекти на менталните нарушувања со години се проучуваат кај животински модели, според истражувачите ваквите пристапи не успеваат целосно да ја опфатат комплексноста и субјективната природа на човечкото искуство. Од друга страна, во последниве години големите јазични модели покажаа извонредна способност во убедување, емоционално разбирање и логичко расудување, па дури и постигнуваат резултати споредливи со човечките способности. За да го тестираат својот потенцијал во истражувањето на менталното здравје, истражувачите ги охрабрија јазичните модели на вештачка интелигенција да симулираат различни емоционални состојби, вклучувајќи страв, вознемиреност, гнев, гадење, тага, грижа и стрес. Потоа ги користеа како експериментални модели за да проучуваат специфични карактеристики на менталните нарушувања. Во следната фаза од истражувањето, тие тестираа дали емоционалните состојби предизвикани на овој начин можат да бидат „регулирани“ или ублажени со различни стратегии за емоционална регулација, слично како психотерапијата кај луѓето. Истражувачите беа заинтересирани и за тоа дали вештачката интелигенција, кога е „изложена“ на одредена емоција, ќе покаже сличен модел на грешка и пристрасност во расудувањето како луѓето кои ја доживуваат истата емоционална состојба. Резултатите покажаа дека, иако моделите на вештачка интелигенција не поседуваат вистински ментални состојби или емоции како што доживуваат луѓето, тие можат да репродуцираат одредени обрасци на размислување преку начинот на кој го обработуваат и генерираат јазикот. Нова алатка за психолошки истражувања Според авторите на студијата, токму оваа способност отвора можност за спроведување експериментални истражувања што би било многу тешко да се спроведат врз луѓе или животни или би покренале сериозни етички преиспитувања. Дополнителна предност на големите јазични модели е нивната доследност. За разлика од истражувањата врз луѓето, каде што резултатите можат да бидат под влијание на бројни надворешни фактори, експериментите со јазичните модели на вештачка интелигенција можат да се повторат неограничен број пати под идентични услови, со прецизна контрола на сите варијабли. Иако вештачката интелигенција не може да го замени човечкото искуство или вистинските учесници во истражувањето, научниците веруваат дека ваквите модели би можеле да станат вредна алатка во иднина за подобро разбирање на менталните нарушувања и развој на нови терапевтски пристапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter