3Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
ХороскопДневен хороскоп за 28. ноември 2025 годинаДневен хороскоп за петок, 28. ноември 2025 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Постои можност за настинка. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се. Кариера Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи. Здравје и совет Изразите го својот став и борете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас. Здравје и совет Одморете се во слободното време. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите. Кариера Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им. Здравје и совет Преоден стрес. Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост. Кариера Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи. Здравје и совет Радувајте му се на секој убав момент. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување. Кариера Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае. Здравје и совет Бидете умерени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате. Кариера Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата. Кариера Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат. Здравје и совет Издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост. Кариера Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас. Здравје и совет Преодна психичка нестабилност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено. Здравје и совет Душевен немир што набргу ќе помине. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни. Кариера Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно. Здравје и совет Внимавајте да не се сплеткате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните. Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот. Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните. -Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“. Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан ДистрибуцијаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16