Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ХороскопДневен хороскоп за 28. мај 2022 годинаДневен хороскоп за сабота, 28. мај 2022 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во вториот дел на денот би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза и остварување на соништата што долго време сте ги сонувале. Кариера Одличен ден за сите дејности поврзани со луѓе или со смисла за естетика. Работите се одвиваат се подобро и подобро. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку во емотивните прашања се потпирате на вашиот внатрешен глас, денеска тоа може да ви донесе многу среќа и задоволство. Кариера Сите работи поврзани со алтернативното , како и оние поврзани со психологијата ,денеска ќе се одвиваат исклучително добро. Здравје и совет Бидете она што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат барем на кафе. Кариера На кусо службено патување ќе сфатите дека треба да прифатите она што другите ви го предлагаат , заедно со ризикот што оди со тоа. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата најдрага личност веројатно со недоличен потег или говор ќе навреди некого од вашето семејство. Обидете се да ја ублажите кавгата. Кариера Премногу размислувања за тоа како соработувате со други ќе ви го одземе скапоценото време. Здравје и совет Верувајте и на својата интуиција. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нивото на вашата самодоверба ќе биде високо , а шансите за дружење отворени. Многумина осамени денеска ќе запознаат нови лица. Кариера Со добра финансиска поддршка денеска би можеле да дефинирате дел од работите со странство. Здравје и совет Одете до крај без двоумење. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Додека минува денот, полека ќе сфаќате дека некои особини на саканата личност ве возмнемируваат. Прифатете ги , зашто чувството на немир е минливо. Кариера Некој од вашите надредени денеска би можел да застане на патот на вашите напредни идеи. Здравје и совет Издржете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На повеќето љубовни настани вие ќе најдете некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате со помалку строгост и опуштете се. Кариера Можни се неконтролирани финансиски издатоци. Држете се до зацртаниот план и правете минимални поместувања. Здравје и совет Некои ќе го изгубат гласот поради болки во грлото . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е добар за неврзано дружење на кафе. Излезете на воздух, прошетајте се , а особено ако се уште сте сами. Кариера Нема ништо да се случи доколку само чекате. Треба да се покажете , дас е јавите , дасе претставите. Здравје и совет Комуницирајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на уживање во љубовниот живот ќе продолжи и денеска. Ќе имате речиси се што би можеле да посакате. Кариера За да успеете , потпрете се на самите себеси. Вие сте најдобар патоказ , како за себе , така и за луѓето околу вас. Здравје и совет Се враќате низ сеќавањата. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе очекува нежност , а вие ќе бидете повлечени во својот свет. Се ќе биде подобро со малку поголема отвореност. Кариера Луѓето со кои соработувате денеска нема да бидат целосно сигурни во која насока да се продолжи со започнатото. Здравје и совет Кашлица. Овен 21.3-20.4. Љубов Во емотивните прашања ќе имате големи очекувања. Ќе сакате другите да ве галат и чуваат. Како ќе биде , зависи од партнерот. Кариера Ќе продолжите да ги развивате своите инвентивни идеи , додека во исто време ќе наопредува и соработката со колегите. Здравје и совет Во добра форма сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска на лесен и пријатен начин би можеле да ја најдат меѓу колегите од работа или на место поврзано со работата. Кариера Слободно може да и се препуштите на работата , зашто во активностите ќе најдете се она што сте го очекувале. Здравје и совет Одличен ден за вработените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
СветЗеленски: Преговарачите од Украина, Русија и САД се среќаваат на почетокот на ноември во Абу Даби Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека преговарачите од Украина, Русија и САД се согласиле на состанок на техничко ниво во првата половина на ноември во Абу Даби.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека преговарачите од Украина, Русија и САД се согласиле на состанок на техничко ниво во првата половина на ноември во Абу Даби, изразувајќи надеж дека ќе следи состанок на лидерите на трите земји. Зеленски рече дека разговарал со американските претставници Џаред Кушнер и Стив Виткоф во понеделник, по нивниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела, објави Ројтерс. Тој рече дека секој мировен договор ќе мора да вклучува силни безбедносни гаранции за Украина и финансирање на украинската војска за следните 10 години. „Планот е состанокот да се одржи во првата половина на ноември и, се разбира, што е можно поскоро“, рече Зеленски преку видео врска на собир на Институтот Хадсон во Вашингтон. Според него, многу ќе зависи од Русија, истакнувајќи дека сличен состанок, кој требаше да се одржи овој месец, не се одржа. Зеленски ја нагласи важноста на продолжувањето на дипломатските напори насочени кон постигнување прекин на огнот и завршување на војната, која сега е во својата петта година, и додаде дека Европа исто така треба да биде вклучена во преговорите. Украинскиот претседател оцени дека е клучно по техничките разговори да следи состанок на лидерите на Украина, Русија и САД. Зеленски, исто така, рече дека украинската војска сè уште има проблеми со пристапот до комуникациските системи „Старлинк“, и покрај уверенијата на САД дека ограничувањата на брзината се отстранети. „Ограничувањата на брзината на системите „Старлинк“ и „Старшилд“ сè уште постојат и брзината не е вратена“, рече Зеленски, спротивставувајќи се на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека услугите се целосно вратени. Украина, исто така, чека испорака на претходно договорените пресретнувачи на воздушна одбрана, рече Зеленски, што дополнително ја комплицира одбраната на земјата од речиси секојдневните масовни руски напади со беспилотни летала и ракети.Тагови: Абу Даби Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗатворени се сите четири аеродроми во Москва поради напади со дронови- се евакуираат патницитеСите четири московски аеродроми денеска повторно беа затворени за дојдовни и појдовни летови поради напади со беспилотни летала врз руската престолнина. Во Шереметјево (SVO/UUEE) повторно беше прогласена воздушна тревога, а патниците беа упатени во безбедни зони и засолништа. Руската федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација) воведе ограничувања на аеродромите Шереметјево (SVO/UUEE), Домодедово (DME/UUDD), Внуково (VKO/UUWW) и Жуковски (ZIA/UUBW). Пристигнувањата и полетувањата на авионите се суспендирани од безбедносни причини за летовите. Во Шереметјево, од патниците се бара да се оддалечат од прозорците и стаклените површини и да се префрлат во најблиските безбедни области на терминалот. Влезот во стерилните зони на сите терминали е ограничен, додека персоналот на аеродромот ги насочува патниците и ги информира за ситуацијата преку звучници. На патниците им беше кажано и да не користат лифтови или авиони како засолништа. Ограничувањата беа воведени додека руската воздушна одбрана се обидуваше да одбие напад врз московската област. Градоначалникот Сергеј Собјанин неколку пати во текот на денот изјави дека се соборени дронови, кои, според него, летале кон руската престолнина. Службите за итни случаи беа испратени на местата на несреќите. Затворањето на воздушниот центар на Москва предизвика големи нарушувања на распоредот на летовите. Повеќе од 340 летови беа одложени или откажани од почетокот на денот, според податоците од онлајн таблите на аеродромите објавени од руските медиуми. Некои авиони што веќе летаа за Москва беа пренасочени кон алтернативни аеродроми. Пулково (LED/ULLI) во Санкт Петербург прифати 25 летови насочени кон Москва, додека Нижни Новгород прифати уште 13 авиони. Аерофлот и Русија ги менуваат своите распореди на летови поради ограничувањата, при што летовите се откажуваат, одложуваат и пренасочуваат кон алтернативни аеродроми. Компаниите предупредија дека доцнењата може да продолжат дури и по повторното отворање на воздушниот простор, делумно поради ограничувањата на работното време на екипажот. Ситуацијата се менуваше неколку пати во текот на денот, при што ограничувањата беа укинати, а потоа повторно воведени. Според најновите достапни информации, сите четири московски аеродроми повторно се затворени, додека воздушната тревога е повторно активирана на Шереметјево. Тагови: дронови москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе урна новоизградена зграда во Кенија- имала градежна, но не и употребна дозвола (ВИДЕО)Зграда во изградба се урна денеска во Најроби, главниот град на Кенија. Се стравува дека голем број луѓе се затрупани под урнатините. Повеќе од десет ката се урнаа еден врз друг, а зградата остана огромна куп бетон, пишува АП. Зградата се урна околу 13 часот на прометна шопинг улица во областа Истли, низ која секојдневно минуваат илјадници луѓе. Шефот на полицијата во Најроби, Иса Мохамуд, рече дека сè уште се работи на повеќе од десет горни катови. Спасувањето беше уште потешко поради немирите во близина. Полицијата мораше да употреби солзавец за да ги растера луѓето кои почнаа да ги ограбуваат продавниците во близина, додека спасувачите се обидуваа да стигнат до урнатините. 🇰🇪 An 18-storey building under construction collapsed in Nairobi, Kenya Numerous people, including construction workers and nearby pedestrians, are trapped under the rubble. https://t.co/ErrXr9dzJE — Visegrád 24 (@visegrad24) October 23, 2026 Џозеф Каула, кој работеше на петтиот кат, успеа да избега непосредно пред да се урна зградата. Тој рече дека слушнал вресоци и ги видел колегите како трчаат кон излезот и викаат дека зградата се урива. „Јас бев последниот човек што излегол пред сè да се урна. Целата област беше исполнета со прашина“, рече Каула. Тој се плаши дека неколку негови колеги се закопани во подрумот. Полицијата потврди дека една повредена жена е извлечена од урнатините и однесена во болница. Спасувачите слушнале и друго лице кое повикува на помош, но нејзиниот глас подоцна не се слушнал. Мохамуд предупреди дека постои опасност од понатамошни уривања бидејќи дел од срушената зграда се потпира на соседна зграда. Ги пребарувале урнатините со часови без тешка механизација Спасувањето на почетокот било тешко бидејќи на местото на несреќата немало тешка механизација. Спасувачите ги пребарувале урнатините со часови користејќи дрвени столбови. Подоцна, пристигнал багер и почнал да отстранува големи парчиња бетон, а до вечерта биле доставени уште најмалку две работни машини. Спасувачите се обидуваат да најдат простори во подрумот и приземјето каде што можеле да преживеат. Во тие делови од зградата, и покрај работата на горните катови, веќе работеле продавница за електроника, месарница и продавница за храна. Жителите рекле дека некои членови на семејството кои останале под урнатините веднаш им се јавиле по уривањето и побарале помош. Сепак, подоцна повеќе не можеле да ги контактираат преку мобилни телефони. Во близина на местото на несреќата е поставен шатор каде што граѓаните можат да пријават исчезнати членови на семејството. Сè уште не е познато колку луѓе биле закопани. BUILDING COLLAPSE: A tragic incident has just happened in Eastleigh, Nairobi. An 18-storey building has collapsed, and we’re told over 50 people may be inside. The fear now is the number of lives this could claim. https://t.co/oks5c0Zt5t — Sholla Ard 🇰🇪 (@sholard_mancity) October 23, 2026 Зградата имала дозвола за градење, но не и дозвола за вселување Паѓањата на згради се чест проблем во Најроби, каде што локалните власти често се критикувани за лабав надзор на градежните работи и недоволни безбедносни контроли. „Ќе се спроведе истрага. Ќе се погрижиме одговорните за каква било небрежност да завршат на суд“, рече Мохамуд. Гувернерот на Најроби, Џонсон Сакаја, потврди дека срушената зграда имала дозвола за градење, но немала дозвола за вселување. Ова значи дека продавниците на приземјето не смееле да бидат отворени. Сакаја рече дека на локалните власти им се потребни поголеми овластувања за надзор на градежните работи. Тој верува дека сегашните казни за кршење на градежните прописи се премногу благи и не ги одвраќаат инвеститорите од опасни практики.Тагови: зграда Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter