Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
1Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
3Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
ХороскопДневен хороскоп за 28. јуни 2026 година Дневен хороскоп за недела, 28. јуни 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска вашиот партнер нема да покажува способност за реалност, туку обратно. Затоа вие ќе бидете тука за да го спуштите на земја. Кариера На состаноците ќе дојде до недоречености , што ќе ве нервираат. Вие сакате се да ви е јасно , а се случува спротивното. Здравје Разјаснете го она што можете. Лав 23.7-22.8. Љубов Во попладневните часови доаѓа до нови поместувања кон подобро во вашата врска. Затоа дочекајте ги со радост. Кариера Возможна е соработка со една млада личност , која е посериозна од вашите врсници. Размислувате за неа. Здравје Не претерувајте со грижите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во личните односи денеска би можеле да се фокусирате на нешто ново. Заедно ќе истражувате интересни теми. Кариера Далечни филозофии, егзотика , други народи и континенти – сето тоа би можело денеска да ве преокупира. Здравје Оние кои можат нека отпатуваат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата самодоверба ќе биде на краткотраен испит. Но , со љубав и верба во партнерот набргу се ќе надминете. Кариера Можен е финансиски трошок за кој што мислевте дека можеше да се избегне , односно дека е непотребен. Здравје Не си ја трошете силата попусто. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот љубовен живот денеска ќе има нов замав , благодарејќи на магичната комуникација што ќе се одвива меѓу вас и вашиот партнер. Кариера Одлично ќе маневрирате во секој вид деловна кореспонденција.На суптилен начин ќе ја постигнете саканата цел. Здравје Не жалете по небитни работи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе одминува денот , во вашите лични односи ќе име се повеќе фрустрации. Кариера Бидете подготвени за нови потфати и активности , што од вас ќе бараат знаење , интуиција и вештина. Здравје Не им верувајте на слаткоречиви . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите. Кариера Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска. Здравје Кој може , нека оди на пливање. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете чувствителни со голема потреба некој да ве гушне. Доколку сте во врска, добро е. Ако сте сами ќе ве мачи копнеж. Кариера Во уметничките и естетските професии , би можело да дојде до претерување. Суетата ќе биде преголема и штетна. Здравје Спуштете се на земја. Риби 20.2.- 20.3. Љубов На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашиот вкус за детали. Кариера Ќе добиете можност за да ја покажете својата прецизност. Токму тоа ви е потребно , па со ентузијазам ќе го прифатите предизвикот. Здравје Настинка. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе најдете начин за да задржите нечија доверба , но тоа во исто време и ќе ве обврзе. Сметајте на тоа. Кариера Изгледа дека својата работа ќе ја гледате во розево светло. Би било подобро да ја согледате и онаа другата, помалку привлечна страна. Здравје Треба да се биде реален. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата фантазија може да создаде се што недостига , но кога работите ќе ги видите во реалноста, се гледа дека сепак нешто недостига.Поработете на тој дел. Кариера Кога сите луѓе би биле простодушни како деца, светот би бил поубав и се би било поедноставно. Соочете се со реалноста. Здравје Излезете на сонце . Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Иако нема да бидете премногу отворени, сепак ќе покажете добра доза на друштвена комуникација. Кариера Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе зарабиотуваат на црно. Здравје Чувствителност на нервиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРеформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултатиРеформата во одбраната веќе ги дава првите позитивни резултати, носејќи сигурност и трајно решение за нашите професионални војници. Денеска во Министерството за одбрана беа потпишани договори за вработување со професионални војници кои навршуваат 45 години возраст, како цивилни лица во Министерството чиј статус ќе се трансформира во цивилни лица во македонската Армија. Денешното потпишување договори е токму резултат на реформата која професионалните војници претходно не беа во можност да ја користат. Војниците кои денеска ги потпишаа договорите за вработување на неопределено време, претходно планираа да заминат со финансиски надомест (испратнина). Наместо да ја напуштат службата, тие по 45-тата година ќе продолжат да работат како цивилни лица сè до нивното пензионирање. Оваа суштинска реформа која е резултат на заедничката работа со претставниците на синдикалните здруженија и со Генералштабот, по повеќе децении става крај на неизвесноста и на професионалните војници им отвора нова, дополнителна можност — трансформација на работниот статус од определено на неопределено време. Притоа, досегашните законски опции, како испратнината во висина од две просечни плати во државата за секоја помината година во Армијата, како и префрлањето во органите на државната и локалната власт, и понатаму остануваат во сила за оние кои тоа ќе го изберат. Ставот на Министерството за одбрана и Генералштабот е едногласен: не постои подобар, поискусен и пообучен персонал за извршување на задачите од луѓето кои го поминале својот работен век во Армијата. Професионалните војници се еден од столбовите на нашата безбедност и ова е вистинскиот начин државата да им се оддолжи за нивниот придонес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноChatGPT ѝ рекол на жена со епилепсија да ја намали дозата на лековите? Таа почина, нејзиното семејство поднесе тужба против OpenAIПоднесена е тужба против компанијата OpenAI и нејзиниот извршен директор, Сем Алтман за смрт предизвикана од несовесно постапување . Тужбата следи по наводите дека нивниот чет-бот, ChatGPT, му советувал на 31-годишен пациент со епилепсија да престане да ги зема своите лекови. Тужителите тврдат дека таа го послушала овој совет, по што починала. Тужбата е поднесена од Кун Ван и Мејчин Сју во врска со смртта на нивната ќерка, Бовен Ван – инженерка во „Амазон“ која боледувала од епилепсија уште од 14-годишна возраст, пренесува „International Business Times“. Според тужбеното барање поднесено до Вишиот суд во округот Сан Франциско, моделот GPT-4o на ChatGPT генерирал детален 25-дневен план за постепено прекинување на употребата на лекот ламотригин, намалувајќи ја дозата од 400 милиграми на нула. Овој план не бил одобрен од ниту еден лекар. Ван ја зела својата последна доза околу 10 февруари, а починала на 12 февруари. Истражниот лекар (коронер) утврдил дека причина за смртта е „ненадејна неочекувана смрт кај епилепсија“ (SUDEP). Аутопсијата покажала дека нивото на лекот во нејзиниот организам било пет пати пониско од минималната терапевтска доза. Во тужбата, исто така, се тврди дека четботот ја охрабрил Ван да го скрие својот план од нејзините лекари. Се тврди дека, пред лекарскиот преглед, моделот ја советувал да не го споменува намалувањето на дозата и ја пофалил за одбивањето на крвен тест што би открил пад на нивоата на лекови. Нејзиниот невролог, д-р Николас Пулос, изјавил за „Њујорк тајмс“ дека, со оглед на нејзината медицинска историја, никогаш не би размислувал за постепено прекинување на нејзината терапија. Правната теорија зад тужбата се базира на интерниот документ на OpenAI, „Model Spec“, кој ги дефинира правилата на однесување за моделите на вештачка интелигенција. Адвокатите на семејството истакнуваат дека овој документ ја третира забраната за репродукција на текст заштитен со авторски права како строго правило што корисниците не можат да го заобиколат. Спротивно на тоа, упатствата против давање регулирани медицински совети имаат помала тежина. Во тужбата се тврди дека советите во врска со лековите требало да подлежат на исто толку строга забрана. Понатаму се наведува дека компанијата можела да ја спречи нејзината смрт доколку го прогласела за недозволено давањето упатства за лекови што се издаваат на рецепт. Портпаролот на OpenAI, Дру Пусатери, го опиша случајот како „исклучително вознемирувачка ситуација“, но напомена дека Ван користела модел кој во меѓувреме е повлечен. Моделот GPT-4o, кој беше критикуван поради тоа што бил премногу попустлив, беше отстранет од апликацијата на 13 февруари – ден по нејзината смрт. Наводите во тужбата сè уште не се докажани на суд, а OpenAI сè уште нема дадено официјален одговор. Овој случај е една од неколкуте тужби поднесени во врска со моделот GPT-4o. Од OpenAI изјавија дека повеќе од 300 милиони луѓе секоја недела поставуваат прашања поврзани со здравјето на ChatGPT. Во јануари 2026 година, компанијата го лансираше „ChatGPT Health“, посебен дел наменет за медицински прашања, при што нагласија дека тоа не претставува замена за стручна медицинска грижа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот„Внимавај за да стигнеш. За да стигнеме сите“ е главната пораката на новата општествено одговорна кампања во рамки на едукативната платформа „Јас внимавам“.„Внимавај за да стигнеш. За да стигнеме сите“ е главната пораката на новата општествено одговорна кампања во рамки на едукативната платформа „Јас внимавам“, која започнува на 29 октомври, а ќе ја спроведува ОКТА, во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБПС). Тргнувајќи од идејата дека во сообраќајот секој од нас е дел од поширока целина, кампањата го става акцентот на вниманието, присутноста и одговорноста за сопствената и за безбедноста на другите учесници. Преку платформата „Јас внимавам“, ОКТА континуирано инвестира во подигнување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Годинава кампањата е насочена кон поттикнување на поголема лична одговорност и самосвесност кај сите учесници во сообраќајот, охрабрувајќи ги да застанат за момент и да размислат што можеби превидуваат додека управуваат возило, преминуваат улица или се движат со велосипед, мотоцикл или тротинет. „Веруваме дека преку одговорно однесување и поголема грижа кон луѓето околу нас можеме заеднички да придонесеме кон побезбедна сообраќајна средина Бидејќи, нашата цел не е секој поединец безбедно да стигне до својата дестинација, туку сите безбедно да стигнеме до својата цел,“ изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор во ОКТА. Со креативниот концепт „Што пропушташ кога не внимаваш?“, кампањата ги поттикнува граѓаните да препознаат ризици што лесно остануваат незабележани во сообраќајот, како и опасностите од одвлекување на вниманието, особено од мобилните телефони. Истата ќе се спроведува преку различни комуникациски канали, како и преку теренски активности насочени кон подигнување на свеста за важноста на безбедното учество во сообраќајот. „Безбедноста во сообраќајот започнува со почитување на правилата, но и со свесност дека секоја наша постапка може да влијае врз другите. Возачите треба постојано да ја следат сообраќајната ситуација, да ги проверуваат ретровизорите и мртвите агли и да не дозволат мобилниот телефон или други фактори да им го одвлечат вниманието. Истовремено, сите учесници треба да бидат внимателни и одговорни во своето движење. Преку поддршката на кампањата „Јас внимавам“ сакаме дополнително да ја нагласиме важноста на превенцијата и на одговорното однесување во сообраќајот“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Посебен акцент во кампањата се става на видливоста и правилната процена на ризиците. Не е доволно само да ги забележуваме другите учесници во сообраќајот, туку е важно и самите да бидеме видливи, да ги почитуваме правилата и да не претпоставуваме дека другите секогаш нè забележале. Ова е особено значајно за пешаците, велосипедистите и корисниците на тротинети, кои се повеќе изложени на ризици во сообраќајот. „Секојдневното учество во сообраќајот бара постојано внимание, добра процена и одговорност. Затоа е важно да не се потпираме на претпоставки, туку да провериме уште еднаш, да го насочиме вниманието кон патот и да бидеме свесни за сите околу нас. Со ваквите иницијативи сакаме да поттикнеме сообраќајна култура во која секој учесник се грижи не само за сопствената, туку и за безбедноста на другите“, изјави Горан Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во 2017 година, ОКТА официјално започна со спроведување на националната платформа „Јас внимавам“, со цел да придонесе кон подигнување на јавната свест за безбедноста во сообраќајот и развивање поодговорни навики кај сите учесници. Во изминатите години, преку едукативни активности, кампањи и конкретни иницијативи, компанијата поддржа различни аспекти на сообраќајната безбедност, од едукација на децата и обезбедување рефлектирачки ознаки за првачињата, до подобрување на безбедноста на пешаците и поддршка за ранливите категории учесници во сообраќајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook