Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
1Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
3Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина
ХороскопДневен хороскоп за 28. јуни 2025 година Дневен хороскоп за сабота, 28. јуни 2025 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Подобрување на љубовната состојба кај вас би можело да предизвика и зголемување на љубовните апетити. Сепак , приземјете се на кратко. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збуниваат со својата чувствителност. Внимавајте да не ви најдат грешка во деталите. Здравје и совет Расте вашиот копнеж. Лав 23.7-22.8. Љубов Бидете и поддршка на вашата најсакана личност ,бидејќи таа тоа од вас го очекува , а истото и го заслужува. Така ќе го унапредите вашиот однос. Кариера Напредуваат креативните и интелектуалните работи , но и оние кои се работат во мир и тишина. Тука ќе дадете се од себе. Здравје и совет Можна е несоница. Девица 23.8.-23.9. Љубов Толку успешно ќе се поврзете со луѓето околу себе , што ќе заборавите на критиките, измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате. Кариера Можете слободно да направите нешто за себе. Кому и да му објасните , ќе ве разбере и ќе го прифатиу тоа како нешто нормално. Здравје и совет Ништо не коментирајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе успеете да и ја исполните секоја желба на саканата личност. Вашата љубезност како да нема крај. Дури и претерувате со тоа. Кариера Можно е дека ќе се затекнете во искушение на нелегална финансиска трансакција. Пазете што ви нудат или обратно. Здравје и совет Договарајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е ден во кој ќе ги мешате обичните пријатни ситуации и нешто сосема неочекувано што спаѓа во светот на фантазијата. Балансирајте. Кариера Креативците денеска ќе си дојдат на своето. Брилијантитните идеи ќе им доаѓаат самите од себе , а околината најверојатно ќе им даде поддршка. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Бидете љубезни и трпеливи колку и да ви се чини дека треба да реагирате или да се вмешате. Веќе утре се ќе ви изгледа поинаку. Кариера Пред вас е искушение на финансиски недоразбирања поради млади и неискусни соработници или поради некаква забава. Здравје и совет Помогнете доколку е потребно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веќе ве заморуваат љубовните недоразбирања , но што е , тука е. Ниту дернеска нема да биде подобро , но затоа вие можете помирно да минувате низ сето тоа. Кариера Иако некои од колегите малку ќе прават драма и ќе бидат пречувствителни , добрата страна е што тоа ќе донесе креативност и ќе донесе нови решенија. Здравје и совет Одморете се по напорниот ден. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Својот љубовен живот денеска ќе се обидете да го збогатите со некои необични еротски идеи. Тоа не мора да и се допадне на другата страна. Кариера Колегите на работното место се повеќе ве ценат и ве почитуваат , па врз основа на тоа градете ја својата новостекната доверба. Здравје и совет Држете се до законот и редот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Она што некогаш сте си го ветиле себеси, денеска полека се остварува. Вие уживате во друштво на лицето кое ви е исклучително мило. Кариера Можно е дека ќе добиете заслужено признание или јасно ќе се покажат резултатите од вашата претходна работа. Здравје и совет Ќе бидете задоволни. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно е претерување или фалби во односите со другите. На некои можеби тоа ќе им биде симпатично , а некои ќе се нервираат. Кариера Сите дејности во кои се бара суптилност , интуиција , креативни таленти или слично , денеска се одлично поставени. Здравје и совет Кога јадете , немојте да брзате и само да ја голтате храната. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веќе нема да можете да ја идеализирате својата најсакана личност , зашто стварноста ве разубедува. Прифатете ја. Кариера Ќе се разгледува можноста за една деловна соработка или патување за кое не е јасно дали би било поволно или не. Здравје и совет Трпение, спасение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Луцидноста и оригиналноста ќе бидат ваши доминантни особини на денот со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие. Кариера Доколку сте решиле да делувате од сенка, денеска е денот во кој на таков начин можете да постигнете завидни резултати. Здравје и совет Свртете се малку повеќе кон себеси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банкаДвојните аршини на Филипче и СДС повторно на виделина.СДС и Филипче да беа вака гласни за Еуростандард банка, како што денес се за Алта банка, можеби граѓаните тогаш, немаше да бидат оштетени. Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДС, пропадна Еуростандард банка, која патем, долго време одобрувала кредити без покритие на фирми блиски до Заев. Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Истата Еуростандард банка, за која власта на СДС и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат. Ете затоа им е криво на СДС и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски: Безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болестМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.Невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар Љубљана и од универзитетските клиники во Скопје разговараа за длабоката мозочна стимулација (DBS) кај Паркинсоновата болест и за антиамилоидните терапии со леканемаб и донанемаб во раната фаза на Алцхајмеровата болест. Се разговараше и за предусловите за нивно воведување во Македонија. „Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест не се само дијагнози. Тоа се години живот, на пациентот и на семејството што се грижи за него. Ниту една од овие терапии не е за секого. И двете бараат внимателно избрани пациенти, обучени тимови, дијагностика и долгорочно следење. Затоа прашањето не е само дали, туку како: безбедно, стручно и одржливо“, изјави министерот Клековски. Во националниот здравствен систем се регистрирани околу 24.000 лица со деменција, а проценките се дека до 2050 година бројот може речиси трипати да се зголеми. Со Паркинсонова болест живеат околу 8.000 граѓани, најголемиот дел од нив се згрижени дома, од своите семејства. Министерот истакна дека Министерството е подготвено да ја слушне струката и очекува од дискусијата конкретни препораки: што недостига, по кој редослед и за колку време. Клековски им се заблагодари на гостите од Љубљана за двегодишната соработка меѓу клиниките од Љубљана и Скопје, која се реализира преку програмата „Mentor–Mentee“ на Меѓународното друштво за Паркинсонова болест и нарушувања на движењето (MDS). На панелот учествуваа, проф. д-р Звездан Пиртошек, независен експерт на ОН за остварување на сите човекови права на постарите лица, проф. д-р Дејан Георгиев, асист. д-р Јован Божиновски, директор на Универзитетската клиника за неврологија, и д-р Љуљзим Агани, директор на Универзитетската клиника за неврохирургија. Модератор беше проф. д-р Габриела Новотни, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаОд почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа винаСудењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Во Кривичниот суд денеска од почеток почна судењето за предметот „Онкологија 2“, кое се води против поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија член на судечкиот совет. Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред судот. Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Тагови: Онкологија 2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter