ХороскопДневен хороскоп за 28. јули 2022 година Дневен хороскоп за четврток, 28. јули 2022 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите. Кариера Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно. Здравје и совет Размислувајте во тишина. Девица 23.8.-23.9. Љубов Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење. Кариера Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска. Кариера Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите. Здравје и совет Подобрување. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска. Кариера Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина. Здравје и совет Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета. Кариера Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат. Здравје и совет Сѐ ќе ви биде интересно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба. Кариера Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле. Здравје и совет Бидете малку поскромни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно. Кариера Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа. Здравје и совет Ќе истражувате интересни работи . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи. Кариера Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности. Здравје и совет Не сте сами на светот. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската. Кариера Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете. Кариера Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа. Здравје и совет Верувајте во поубаво утре. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер. Кариера Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина. Здравје и совет Потрудете се да се храните здраво. Рак 22.6-22.7. Љубов Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното. Кариера Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина. Здравје и совет Имате право.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забранаРусија ги повика Соединетите Држави да поддржат меѓународен договор за спречување на трката во вооружување во вселената, откако Вашингтон за првпат јавно потврди дека американската војска поседува оружје во Земјината орбита.Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената. „Сметаме дека сè уште не е доцна да се создаде средина што би спречила трка во вооружување, која носи зголемен ризик од отворен конфликт во вселената“, рече Рјабков. САД за првпат јавно потврдуваат дека имаат оружје во орбитата Руската реакција уследи по првата јавна потврда од американски воени претставници дека САД имаат распоредено оружје во орбитата. Командантот на Американските вселенски сили, Даглас Шис, изјави дека персоналот од тој воен огранок управува со оружје во орбитата способно да ги заштити американските сили од напади што доаѓаат од вселената. Американските претставници не открија за кои системи точно станува збор. Рјабков рече дека САД не ја известиле Русија однапред за овие капацитети, но дека објавата не претставувала изненадување за Москва. „Ова не е ништо ново за нас. Ние сè ова го следиме, го евидентираме и извлекуваме соодветни заклучоци“, рече тој. Москва ги обвинува САД и Британија за одолговлекување на договорот Рјабков тврди дека Русија долго време се залага за договор со кој би се спречила употребата на сила – или закана со употреба на сила – против објекти во вселената. Тој ги обвини САД и другите западни земји, особено Обединетото Кралство, дека со години наоѓаат причини за да избегнат преговори за таков договор. Од друга страна, американските претставници го претставуваат распоредувањето на своите вселенски системи како одговор на развојот на руските и кинеските антисателитски и други вселенски капацитети, како и како средство за одвраќање и одбрана на американските сили. Извор: Индекс.хрТагови: русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Николоски- Варнс: Македонија и САД имаат одлични билатерални односиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава. На средбата се разговараше за економската соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Економските врски меѓу двете земји исто така се на високо ниво, а трговската размена бележи позитивен тренд. Заменик претседателот Николоски, на средбата истакна дека развојните политики на Владата се насочени кон економски развој, токму преку реализација на крупните капитални проекти кои водат кон регионалното поврзување и интеграција. Тој додаде дека изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови. Двајцата говорници го поздравија стратешкото партнерство меѓу двете земји, истакнувајќи дека тоа е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот. Македонија и САД имаат одлични билатерални односи, се заклучи на средбата и во насока на истите постои силна подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветСе урна рудник за злато во Судан: Загинаа најмалку 67 лицаНајмалку 67 лица загинаа по уривањето на рудник за злато во Судан.Несреќата се случила во рудникот „Ал-Зара“ во близина на градот Нухуд, во западната провинција Западен Кордофан. Областа е под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), кои од 2023 година се борат против суданската армија, пренесува АП. Според преживеаните, рудникот се урнал доцна синоќа, а потрагата по голем број рудари сè уште трае. Медицински извори наведуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до преживеаните и да ги извлечат телата заробени под урнатините. Рударот Ал-Амин Сулиман потврди дека луѓе сè уште се заробени во рудникот. Еден од преживеаните, Каирал-Сајед Габара, го опиша уривањето како огромно и истакна дека на лице место немало тешка механизација за расчистување на земјата. At least 60 small-scale miners have died after shafts collapsed at the Al-Zaraa gold mine near El-Nahud in Sudan’s West Kordofan, with many more feared trapped under the rubble.#Sudan #MiningDisaster #GoldMine #WestKordofan #PakistanTV pic.twitter.com/aDfqO8V1Rp — Pakistan TV (@PakTVGlobal) September 16, 2026 Чести несреќи поради ниските стандарди Судан е еден од најголемите светски производители на злато, но несреќите во рудниците се чести поради слабите безбедносни стандарди. Слични несреќи се случиле и во последните години. При уривање во 2023 година загинаа 14 рудари, додека во друга несреќа во 2021 година животот го загубија 38 лица. Извор: Индекс.хрТагови: рудник Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook