3Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
2Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
ХороскопДневен хороскоп за 28. јануари 2023 година Дневен хороскоп за сабота, 28. јануари 2023 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Внимавајте со духовитите , а сепак несоодветни разговори да не ја повредите саканата личност.Контролирајте се. Кариера Вашите соработници од блиската работна околина ќе бидат оруигинални , но доста непродуктивни. Ќе имате утописки идеи. Здравје и совет Не поддржувајте нешто со што нес е согласувате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои во пријатна личност ќе препознаат идеален партнер. Ќе бидете збунети , но и подготвени за акција. Кариера Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило. Здравје и совет Држете се до својот план. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска саканата личност би можела навистина да ве збуни. Час ќе биде отворена и на раб на агресивност , а час чувствителна и повлечена. Кариера Во работите со луѓе и комуникации ќе бидете продуктивни и успешни. Поврзете се што можете повеќе со соработниците. Здравје и совет Не инсистирајте да биде по ваше. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно денеска ќе чувствувате дека созреваатнекои важни работи меѓу вас и партнерот. Само немојте да брзате. Кариера важно е да не се држите до крај до своите идеи , туку подобро да ги прифаќате и идеите на другите. Здравје и совет Да се греши е човечно , но да не се признаат грешките е лудост. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои во милата личност ќе го препознаат идеалниот партнер . Ќе бидат по малку збунети , но и подготвени за акција. Кариера Можен е финансиски трошок на кој не сте подготвени , но вашите идеи се толку богати што набргу ќе го вратите изгубеното. Здравје и совет Чувајте го грлото и вратот. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што можеби недостасува ќе го надополните со конструктивен пристап и фокусирање на она што е позитивно во вашиот однос. Тоа е паметно. Кариера Имате право да прашате доколку нешто не ви е јасно , но ако денеска не работите, прашањето одложете го за следната недела. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Лав 23.7-22.8. Љубов Доаѓа до се поголема хармонија во личните односи , а вие ќе бидете задоволни. Работите се одвиваат како што треба. Кариера На работа јасно ќе ви стават до знаење дека го ценат вашиот труд и професионалност. Тоа уште повеќе ќе ве мотивира за понатаму. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на мали нервози. Девица 23.8.-23.9. Љубов Конечно ќе најдете вистински зборови со кои ќе го подобрите односот со саканата личност. Самците успешно се додворуваат. Кариера Денеска ќе добиете одговори на некои прашања , а деловната кореспонденција ќе се интензивира. Здравје и совет Можни се мали нервози. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во вашиот приватен живот работите се одвиваат како што треба. Поради тоа неумесни прашања не ве загрижуваат. Кариера Ќе треба да поработите на една работа заостаната од порано. Веројатно сеработи за пренамена или некакви корекции. Здравје и совет Мали стресови што добро ги поднесувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Радоста поради хармонијата и среќата во вашиот приватен живот ќе биде заразна. Игнорирајте ги грижите. Кариера Повремено ќе се сетите на новите планови и се она што ве очекува. Сепак , тоа нема да биде товар , туку само интересно комбинирање. Здравје и совет Бидете свои. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Поради тоа што има се помалку шанси кои се во прилог на вашиот љубовен живот , денеска ви паѓа самодовербата. Кариера За да постигнете напредок во една работа , ќе треба од нешто да се откажете. Кај некои тоа ќе значи и финансиски трошок. Здравје и совет Внимавајте на грлото . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе сфатите дека немате каде и дека требада ја прифатите состојбата каква што е. Тоа ќе биде зрела одлука што ќе треба да ја спроведете. Кариера На некои ќе им легнат пари на сметка. Други ќе осмислат уште подобар начин на заработувачка. Тртети ќе работат повеќе надевајќи се на поголем приход. Здравје и совет Не пијте студени напитоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ЗдравјеСЗО: Топлотните бранови можат да го зголемат ризикот од предвремено породување за 26%Ризикот од предвремено породување значително се зголемува кога бремените жени се изложени на топлотни бранови, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денес.СЗО се повикува на студија од 2024 година, објавена во научното списание „Nature“, која укажува дека изложеноста на топлотни бранови може да го зголеми ризикот од предвремено породување за дури 26 отсто. Истата студија покажува дека изложеноста на екстремни горештини за време на бременоста, исто така, го зголемува ризикот од мртвороденост, вродени аномалии кај новороденчињата и гестациски дијабетес – форма на дијабетес што се јавува за време на бременоста. Според податоците на СЗО, доенчињата во 2024 година биле изложени на топлотни бранови речиси пет пати почесто отколку децата родени помеѓу 1986 и 2005 година. „На глобално ниво, се проценува дека 1,5 милијарди деца се изложени на топлотни бранови кои стануваат сè почести, подолготрајни или поинтензивни“, се наведува во извештајот. Што им советува СЗО на бремените жени? Светската здравствена организација препорачува бремените жени да внесуваат доволно течности за време на периоди со екстремни горештини, по потреба да ги ладат вратот и стапалата со влажни крпи и – секогаш кога е можно – да ги планираат своите активности за постудените делови од денот. СЗО, исто така, ги повикува здравствените власти да воспостават системи за рано предупредување за екстремни горештини и да преземат дополнителни мерки за подобро информирање на семејствата за потенцијалните ризици. Во извештајот се предупредува дека здравствените системи мора да се подготват за обезбедување грижа за поголем број бремени жени и доенчиња, бидејќи бројот на денови со екстремно високи температури е во пораст. СЗО исто така ја нагласува потребата од собирање повеќе податоци на сите нивоа, што ќе им овозможи на властите попрецизно да проценат кои здравствени ризици се зголемуваат и во која мера. Фото: ВИ Извор: Индекс.хрТагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
СветСе урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)Воениот авион „Су-30“ се урна денес во Калининградската област за време на тренажен лет.Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската област“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од агенцијата „РИА Новости“. Од агенцијата посочуваат дека екипажот се катапултирал и веќе е пронајден од копнен тим за потрага и спасување. Наведено е дека животите на пилотите не се загрозени. Russian Sukhoi Su-30SM fighter jet crashed near the town of Chernyakhovsk located in Russia's Kaliningrad Oblast on Wednesday afternoon. According to reports, the two crew-members managed to eject before the plane impacted the ground. They were later transferred to a medical facility with some wounds. Presumably, the airframe belonged to the 4th Guards Naval Assault Aviation Regiment of the Baltic Fleet, with home-base at the nearby Chernyakhovsk Air Base. (Su-30 photo is for illustration purposes only and might not represent the actual airframe lost in the accident) — Status-6 (@Archer83Able) October 21, 2026 „Авионот се урна во ненаселена област. Летот се одвиваше без муниција“, се додава во соопштението.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРуски дизел утре тргнува за Америка- „Танкерот има капацитет од 40.000 тони“Русија утре треба да ја испрати првата пратка дизел во Соединетите Држави, во рамките на спорниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека танкерот ќе има капацитет од 40.000 тони, пренесува Интерфакс. Се очекуваат и дополнителни пратки. Новак не ја исклучи можноста за извоз на дизел и во други земји, но напомена дека тоа ќе зависи од капацитетите на руските рафинерии во текот на наредните месеци. На почетокот на октомври, Трамп и Путин се договорија за продолжување на испораките на руски дизел за САД. Вашингтон привремено ги суспендираше постојните санкции против Русија за да овозможи реализација на овие пратки. Договорот наиде на остри критики од Украина, Европската Унија, па дури и од некои републикански членови на американскиот Конгрес, додека Москва го поздрави договорот. Руските рафинерии за нафта често се цел на украински беспилотни летала со голем дострел, а оштетувањата и поправките го ограничуваат производниот капацитет на земјата. Москва одговори со воведување забрана за извоз на бензин и дизел. Трамп ги критикуваше украинските напади, обвинувајќи го Киев за порастот на цените на горивата во пресрет на ноемвриските избори за Конгресот на САД, на кои се очекува републиканците да остварат слаб резултат. Киев, пак, тврди дека нафтените постројки се легитимни воени цели, бидејќи обезбедуваат гориво и финансиски средства за војната на Путин. Од февруари 2022 година, Украина се брани од целосна руска инвазија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22