Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ХороскопДневен хороскоп за 28. февруари 2022 годинаДневен хороскоп за понеделник, 28. февруари 2022 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна , а вие склони за отворено да ги покажете чувствата. Ќе ви биде убаво. Кариера Како веќе да не сонувате за нешто големо. Тоа не е типично за вас , но е умно. Привремено станавте скромни. Здравје и совет Мала меланхолија. Овен 21.3-20.4. Љубов Воздржете се од прекумерни коментари и ќе ви биде добро и на вас и на партнерот. Во спротивно , ќе ви биде многу жал. Кариера Сите дејности поврзани со убавина и општо со естетика , денеска ќе ви одат од рака. Дури и во финансиските теми ќе барате убавина. Здравје и совет Отвореноста значи трпение. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе бидат загрижени поради осаменоста , па утеха ќе побараат во неврзани разговори со кафенце. Ќе им биде забавно , но тоа се површни односи. Кариера Ќе дојде до конечно дефинирање на условите под кои соработувате со новите или младите соработници. Здравје и совет Немојте да бидете премногу дрски. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата најсакана личност конечно ќе сфати што сака , а може и обратно. Во тој контекст вие ќе се поставите на нов начин. Кариера Се создаваат услови за една спонзорска соработка што ве радува. Ќе поработите на дефинирање на деталите. Здравје и совет Движете се меѓу луѓе. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги игнорирате прашањата што ве измачуваа и ќе продолжиоте понатаму во позитивен дух. Ќе увидите дека таквиот пристап е понормален. Кариера Веројатно ќе се затекнете во фрустрирачка положба зашто вашите шефови ќе влечат на една , а вие на друга страна. Здравје и совет Можна е главоболка. Лав 23.7-22.8. Љубов Не мора толку да анализирате што сте постигнале кај другата страна. Таа самата ќе ви каже што чувствува. Кариера Во работата со младите или со новите соработници вие ќе покажете смисол за разбирање и хармонија. Здравје и совет Повремено земете пауза. Девица 23.8.-23.9. Љубов Конечно ќе ви стане сосема јасно како би требало да изгледа вашиот идеален партнер. Ќе барате некого според таа замисла. Кариера Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. Кај другите се ќе биде вообичаено. Здравје и совет Потпрете се на луѓето околу вас. Вага 24.9.-23.10 Љубов Не сте сигурни дали да и пријдете на една личност што ви се допаѓа. Некако не ви е пријатно. Во право сте. Почекајте неколку дена. Кариера Нема ништо посебно ново да се случува на работното место. И натаму работите повеќе од другите зашто има пртемногу задолженија. Здравје и совет Посветете им се на најблиските. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе размислуваат како би изгледал нивниот љубовен живот во различна ситуација. Ќе увидат дека и вака е добро. Кариера Нема да бидедте сигурни како да завршите една работа , а немате кого да прашате.Покрај тоа, ќе има моногу задачи.Морате сами да се снајдете. Здравје и совет Не се возбудувајте за ништо. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска немојте да асе збуните доколку почуствувате малодушност или депресивност. Ќе помине набргу. Сакани сте. Кариера Не градете кули во воздух , туку држете се до проверените системи. Можеби ви е малку здодевно , но и тоа ќе помине. Здравје и совет Дотерајте се. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Они кои се во врска, ќе настојуваат да го збогатат својот сексуален живот со партнерот. Оние кои се сами , ќе побараат некој еротски филм. Кариера Ќе вис тигне детално известување за финансиската состојба или за вашата лична заработка што нема да биде за потценување. Здравје и совет Одете таму каде што ви е пријатно. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Имате добар ветар во грбот , партнерот ве сака , а вие сте задоволни. Доколку уште сте осамени , ќе бидете со задоволство прифатени во друштвото. Кариера Некои ќе најдат начин за подобро да се поврзат со странство или ќе склучат некаков договор со странски партнери. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамФиат направи нов Папамобил- има црвен тепих и седиште на вртењеВо текот на протоколарните обврски при посетата на Уругвај, папата ќе вози во специјално адаптиран Фиат Титано, пикап кој до неодамна се склопувал во таа земја.Папата Лав XIV за време на неговата посета на Уругвај од 6 до 8 ноември, тој ќе користи специјално адаптиран Фиат Титано. Пикапот се претвора во папамобил со отворени страни, електрично склопливи скали и седиште кое може да се ротира и прилагодува по висина, пишува Motor1. За време на посетата, папата треба да ги посети Монтевидео, Пајсанду и Флорида. Возилото за неговиот транспорт се подготвува во објектите на Нордекс во Монтевидео, каде што специјализирани техничари и локални експерти вршат модификации според барањата на Ватикан. Бела кожа, црвен тепих и транспарентен покрив Отворените страни ќе им овозможат на собраните подобар поглед на папата. Покрај подвижното седиште, ќе бидат инсталирани уште две, а пристапот до задната платформа ќе биде олеснет со електрично склопливи скали. Седиштата и рачките ќе бидат покриени со бела кожа, додека подот ќе биде покриен со црвен тепих. За заштита од лоши временски услови е обезбеден транспарентен покрив. На предните страни од возилото ќе има знамиња на Ватикан, а на вратите грбот на Ватикан. Деталите на решетката на ладилникот, рамките на светлата за магла и делови од предниот и задниот браник исто така ќе бидат обоени во бело. Перформанси што не можат да се купат Папин Титано се разликува од серискиот модел по неговата единечна кабина. Ваквите перформанси не се достапни во ниту една јужноамериканска земја. Бразил, најголемиот пазар за овој модел, и Аргентина, каде што се произведува, нудат само верзија со двојна кабина. Интересно е и тоа што Титано воопшто не се продава во Уругвај. Нордекс го склопуваше таму до средината на 2025 година од делови увезени од Кина, но сродниот Рам Дакота се нуди на уругвајскиот пазар. Може да има дизел мотор со 200 КС Не е потврдено на која верзија е базиран идниот папамобил. Тркалата се совпаѓаат со оние на верзијата Volcano AT 4x4, која се продава во Бразил. Доколку тоа послужи како основа, Титаното на Папата ќе биде напојувано од 2,2-литарски турбодизел мотор со 200 КС и 450 Nm вртежен момент. Оваа верзија има осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала со автоматско вклучување и редуктор. Тагови: папамобил фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаСо „Ролс-ројс“ возел со 194 км/час на автопатот Гостивар- Тетово, гостиварецот е приведен Мобилната единица на МВР со полициски пресретнувач откри возач кој управувал „ролс-ројс“ со брзина од 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово.Вчера во 12:05 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале патничко моторно возило „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки, кое се движело со брзина од 194 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. Возачот Б.М. (44) од Гостивар е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се соодветни мерки и активности, а против него ќе биде поведена соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли на територијата на целата држава, вклучително и со употреба на специјалните полициски возила – пресретнувачи, со цел навремено откривање и санкционирање на несовесните возачи, унапредување на безбедноста на патиштата и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. Непочитувањето на ограничувањата на брзината претставува еден од главните фактори за предизвикување сообраќајни незгоди, кои неретко имаат сериозни последици по човечките животи, здравјето и имотот. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на патиштата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПет минути ужас во православната црква во Јордан – убиени се најмалку 7 верници (ВИДЕО)Сцени на паника во црква во регионот Карак во Јордан се снимени на видео од внатрешноста на зградата во моментот на вооружениот напад во кој загинаа седум лица, а најмалку 34 беа повредени, од кои некои сериозно.Видео снимката што е објавена во јавноста покажува толпа верници како трчаат во паника и бараат засолниште штом се слушнале првите истрели, објави Прототема. Најмалку едно лице се чини дека паѓа мртво од огненото оружје на напаѓачите, кои влегле во областа со оружје во рацете. Двајца вооружени лица (со трето лице) излегле од возило и отвориле оган за време на погреб во селото Хамуд во покраината Карак, соопштија јорданските власти. - Најмалку седум лица се убиени во пукотница во грчка православна црква во селото Хамуд, во покраината Карак. Дирекцијата за јавна безбедност соопшти во соопштение. Очевидец изјави за телевизиската мрежа Ал-Мамлака дека напаѓачите пукале пет минути пред да избегаат. Тој рече дека меѓу 150 и 200 луѓе биле присутни во и надвор од црквата во времето на пукотницата. A heinous terrorist attack against Saint George Greek Orthodox Church in Jordan has killed six people and injured many others. When an al-Qaeda commander is elevated to the presidency of a neighboring country, the consequences extend far beyond its borders. https://t.co/cxaHmFUUms — Greco-Levantines World Wide (@GrecoLevantines) October 23, 2026 Повеќето од жртвите биле на возраст меѓу 50 и 70 години. Во тек е истрага за идентификување и пронаоѓање на напаѓачите. Областа Карак, со население од околу 375.000 жители, е дом на голема христијанска заедница. Ваквите насилни напади не се вообичаени во Јордан, иако имало неколку крвави инциденти.Тагови: Јордан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook