Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
2Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
3Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
ХороскопДневен хороскоп за 28. декември 2020 годинаДневен хороскоп за понеделник,28. декември 2020 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе го остварувате својот љубовен план без никакви проблеми , речиси совршено. Се ќе ви оди од рака , а насмевката нема да ја симнувате од лицето. Кариера Во сите работи поврзани со односи со луѓето , денеска ќе постигнувате добри резултати. Останатите убаво ќе соработуваат. Здравје и совет Нема ниту грижи , ниту пречки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вистинската среќа денеска ќе ја најдете преку добри пријатели или во нивното друштво. Препуштете им се со доверба. Кариера Ќе дојде до деловна преписка , што ќе ве замори. Се бара посебно деликатен начин на изразување. Здравје и совет Слободно сонувајте со отворени очи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден со исклучително добра комуникација меѓу вас и партнерот. Како од вашата уста да зборуваат ангели. Кариера Ќе бидете одлично поврзани со луѓето со кои работите. Одличен ден за презентации , изнесување идеи, развој на контакти. Здравје и совет Се наоѓате во добра форма. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе бидете сигурни во своите чувства и преполни со добри намери. Тоа ќе ја подобри вашата врска. Кариера Повеќе од кој било друг на работа ќе покажете љубезност и грижа.Колегите ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Уживајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веќе сте заморени од љубовните кошмари , но што е , тука е. Ни денеска нема да биде подобро , но вие ќе успеете да најдете излез. Кариера интелекталните и креативни работи денеска добро ќе би одат , но ако се однесувате професионално. Можеби енма да ви биде најпријатно , но следуваат резултати. Здравје и совет Подобро да не коментирате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мали еротски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближиоте на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе успеете. Кариера Би сакале да воведете промени во некои подрачја на работата. Денеска ќе се занимавате со тоа. Ќе го разработувате планот во глава. Здравје и совет Не се плашете да истражувате. Рак 22.6-22.7. Љубов Денот ќе ви открие вистинска плима од емоции , но се ќе се случува на избалансиран начин. Многумина ќе ја покажат вистинската љубов. Кариера Креативците денеска ќе имаат успех., а околината најверојатно ќе им даде поддршка. Здравје и совет Главоболката попушта. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате потреба да ги надоградите личните односи на еден малку поформален начин , на кој ќе му ја одземете спонтаноста. Кариера Во работата во која соработувате со другите се појавува ненадејна вест или можност поврзана со смислата за убаво. Здравје и совет За некои работи уште не е време. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сите кои уште бараат сродна душа денеска лесно ќе ја најдат преку работата. Нека обрнат внимание на личностите со кои соработуваат. Кариера Пријатно окружување , поддршка од колегите , креативност што излегува од секој потег- сето тоа ќе ви го направи денот продуктивен. Здравје и совет Продолжете со здрав живот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволство и со некои убави шанси. Кариера Некои можеби денеска ќе добијат шанса за да ги оплодат своите пари. Други ќе увидат дека добро им оди . Здравје и совет Мали проблеми со дигестивниот тракт. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Толку добро ќе се поврзете со оние околу себе што ќе ги заборавите критиките , измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате. Кариера Некои работи треба да останат такви и вие нема да можете да ги смените. Ако ја прифатите состојбата , ќе биде покорисно. Здравје и совет Одморете се по напорот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , што за вас ќе делува како мал шок. Кариера Вашите заслуги сепак ќе излезат на виделина , а вас ви преостанува дас е стрпите додека тоа не се случи. Здравје и совет Прво размислете , па донесете одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом. Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје. Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба. Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските. На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам. Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага. -Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата. Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
СветПесков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “ Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН. Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации. САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалJан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди синСрпската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим. Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија. Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook