3Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство
ХороскопДневен хороскоп за 28.6.2019 година Дневен хороскоп за петок , 28. јуни 2019 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашето однесување денеска ќе биде такво што личностите од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во свое друштво . Кариера Немојте да претерувате . Околностите ќе ви одат во прилог , доколку ја следите природата на работата. Здравје и совет Мала нервоза. Лав 23.7-22.8. Љубов Забава со пријатели денеска е извесно , а поради тоа саканата личност би можела да ви приговори. Повикајте ја и неа. Кариера Малку ќе се фалите со вашите заслуги. Нешто од тоа е реално, а нешто не е. Пофалете ги и другите . Здравје и совет Не позајмувате пари од пријатели. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои повторно ќе паднат во искушение за тајна љубов. Нема да знаат што да направат и како да се постават. Кариера Со мали чекори некогаш е можно да се направи поголем напредок отколку со сензација и викање. Вие тоа го знаете. Здравје и совет Ќе сонувате убави сништа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои се трудат да развијат едно познансто до работното место , денеска ќе имаат добар ветар во грбот.Оние во врска се добро. Кариера Ќе ја комбинирате познатата традиционална стратегија со оригинални идеи , кои наеднаш ви се појавуваат. Здравје и совет Пијте повеќе вода. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сигурност и верба во подобро утре ќе ве поттикне на личноста која ви се допаѓа да и пристапите со оптимизам. Кариера Работите повторно се вртат во ваша корист и ви се отвораат нови можности. Ве радува што тоа може да потрае. Здравје и совет Не се нервирајте поради ситници. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во личните односи ќе внесувате се повеќе нежност и внимание. Тоа ќе биде чекор напред во подобрувањето на вашата врска. Кариера Игниорирајте ги провокаторите , кои ви доаѓаат на врата , за да ви направат нервоза. Имате добра иднина и затоа продолжете. Здравје и совет Бидете посилни од другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нежноста ќе биде главна одлика на денот. Оние во врска ќе се трудат секој слободен момент да го минат со партнерот. Кариера Ќе ги надминете сите проблеми со помош на убав збор и трпение. Ќе бидете подготвени на компромиси. Здравје и совет Одморете се во природа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои се во врска денеска ќе се потрудат за да го подобрат својот и сексуалниот живот на својот партнер. Кариера Најмногу ќе ве интересираат нејасни , тајни теми или алтернативни методи. Сите други работи ќе ви бидат здодевни. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Точно кога помисливте дека сте на коњ, ќе увидите дека цврсто се држите за магаре. Размислете. Кариера Можно е дека ќе ви биде предложено нешто за што треба подлабоко да размислите. Затоа не брзајте , туку повлечете се. Здравје и совет Несоница. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина денеска ќе сонуваат за идеална љубов и така самите ќи даваат утеха поради она што им се случува во реалноста . Методот не е лош. Кариера Работата ќе ја одработите толку површно , што едвај ќе дочекате да си одите дома. таму ќе се занимавате со нешто што ви е интересно и што ве опушта . Здравје и совет Почнете да вежбате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку денеска излезете , ќе успеете да се забавувате , но не очекувајте некое зближување. Односите ќе останат на површинско ниво. Кариера Добро ќе комуницирате и ќе разменувате идеи. Оние кои учат , ќе знаат да го спојат знаењето со креативноста. Здравје и совет Откријте ја својата слаба точка. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Календарот на вашите љубовни настани е се побогат , па тешко наоѓате слободни термини за сите оние кои сакаат да ви се приближат. Кариера Некои ќе планираат големи проекти и ќе градат кули во воздух. Другите ќе работат толку колку да гиз авршат задачите. Здравје и совет Опуштете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Шоу бизХајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештеркитеХајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештерките-Фановите се обидуваат да погодат во што ќе се трансформираСлавната манекенка Хајди Клум која традиционално воодушевува со својот костим за Ноќта на вештерките сподели последна трага пред забавата во Њујорк, а еден необичен протетски додаток поттикна бројни шпекулации. Хајди Клум повторно ја заинтригира јавноста, давајќи навестувања за својот костим за Ноќта на вештерките. Познатата манекенка – која со години е прочуена по своите неверојатни трансформации – сподели последна трага пред забавата во Њујорк. На фотографиите што ги објави на Инстаграм се гледа необичен протетски додаток, кој наликува на уста полна со остри, застрашувачки заби. Покрај објавата стоеше кратка порака: „Вашата последна трага... Се гледаме утре“, што дополнително ја разгори љубопитноста на нејзините следбеници. Таа сè уште го нема откриено конечниот изглед, но на социјалните мрежи веќе врие од шпекулации. Меѓу потенцијалните инспирации што се спомнуваат се Монстро Елисасу од хорор-филмот „Супстанца“ (The Substance), застрашувачките суштества од серијата „Последните од нас“ (The Last of Us) и Векна од „Чудни нешта“ (Stranger Things). Сложена трансформација Во текот на изминатите неколку дена, Клум постепено споделуваше детали за подготовките. Таа објави фотографии од протетски елементи што наликуваат на органи и ткива, а претходно навести дека овогодинешниот костим ќе биде исклучително крвав. Нејзиниот долгогодишен соработник, шминкерот и експерт за специјални ефекти Мајк Марино, истакна дека ова е еден од најсложените проекти на кои некогаш работеле. Во едно интервју, манекенката исто така откри дека нејзиното тело ќе добие форма каква што вообичаено не се среќава во човечката анатомија.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00