МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
3Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
ХороскопДневен хороскоп за 28.5.2019 годинаДневен хороскоп за вторник 28. мај 2019 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вие продолжувате да се забавувате , добро да си минувате , да јадете и пиете во друштво на саканата личност или онаа која полека ја освојувате. Ќе помине добро. Кариера На вашето работно место денеска ќе има речиси идеална атмосфера . Сите ќе бидат подготвени да си помогнат едни на други. Здравје и совет Претерувате со исхрана , а премалку вежбате. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако уште сте сами , денеска секако излезете зашто ќе ви се пружи шанса за ново пријатно познанство , кое може да прерасне во љубов. Кариера Со самата појава , ќе влијаете позитивно на другите. Проектите и работата добро ќе се одвиваат. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Лав 23.7-22.8. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Можете слободно нешто да направите за себе. Кому и да објаснувате , секој ќе ве разбере и тоа ќе го прифати за нормално. Здравје и совет Мислете малку на себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Добриот развој на љубовната состојба продолжува и денеска .Доколку сте сами секако излезете и поврзете се со луѓето. Кариера Имате можност да ги презентирате своите идеи пред стручни и угледни луѓе. Тие ќе ве разберат подобро од вашите очекувања. Здравје и совет Тренирајте она што ви се допаѓа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Зближувањето со лица од работната средина и денеска ќе биде можно. Ако се уште сте сами барем потрудете се подобро да се запознаете. Кариера Иако некои ваши колеги ќе прават драма и ќе бидат чувствителни , добро е што ќе покренете креативност и ќе донесете нови решенија. Здравје и совет Можна преодна настинка. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вас саканата личност би можела да ве одушеви. Ќе има големи љубовни и емотивни апетити , но тоа вас само ќе ве придвижи. Кариера Не се измачувајте со прашања на кои и така го знаете одговорот. Продолжете понатаму , соработувајте со колегите и работете најдобро што можете. Здравје и совет Ви се спие. Одморете се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Луцидност и оригиналност ќе бидат вашите денешни особини со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие. Кариера Денеска не ги покажувајте отворено вашите скриени идеи и планови , зашто нема добро да ве разберат поради преокупираност со други работи. Здравје и совет Мала меланхолија. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете склони да попуштате за се и сешто , а некои сосема ќе ги спуштат критериумите за љубов. Кариера Ќе пораснат вашите деловни амбиции , но нема да бидат сосема реални. Важно е да определите што е можно да се исполни , а што не. Здравје и совет Ограничете го јадењето и пиењето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Можете со полни гради да уживате во она што животот ви го дава во љубовта. Оние во врска се среќни , а самците лесно освојуваат. Кариера Ќе има конструктивна атмосфера на работното место. Така ќе работите и вие- без проблеми и со оптимизам. Здравје и совет Вашиот организам е стабилен. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Многумина ќе сакаат слободното време да го поминат во домашно опкружување .Ќе бидат среќни во интимните моменти. Кариера Приватните истражувачки работи денеска ќе добијат нов поттик и некои фази од работата ќе се приведуваат кон добар завршеток. Здравје и совет Работете вежби за вратниот дел од рбетот. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа сепак нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот променлив. Кариера Работењето со луѓе и со договори ќе ви одат добро само ако прифатите одредени мали компромиси. Однесувајте се дипломатски. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Бик 21.4- 20.5. Љубов Најдобро ќе се чувствувате во светот на соништата , каде ќе ви биде идеално. Можеби така е и најдобро додека не помине овој празен период. Кариера Оние кои работат лаборатории , болници или институции од затворен тип , ќе добијат добар поттик и резултати. Здравје и совет Ослободете ја фантазијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
МакедонијаИмате сметка во Алта Банка?Од утре ќе имате само 10 000 денари неделно!Народната банка со нови детали околу актуелните случувања во банкарскиот сектор и суперревизорските активности.Утре се очекува да биде покренат стечај за Алта банка во Србија Деталите од Андријана Лазова Божиновска. Случајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија. Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците. Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса. Целиот извештај погледнете го во видеото. Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ХороскопНеделен хороскоп за 2. до 9. ноември 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 2. до 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени пијалоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, изборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНБА милионер тврди дека едвај врзува крај со крај: Заработил 195.000.000 долари, а сепак се жали Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. Според судските документи, неговите месечни трошоци изнесуваат речиси 96.000 долари, а откако ја загубил својата телевизиска улога на „Фокс спортс“ (Fox Sports), останал без редовни приходи. Тој изјави дека последната исплата ја добил во август 2026 година. Поранешната партнерка на НБА легендата, Пол Пирс ја оспорува неговата верзија за финансиската состојба и бара независен експерт да ги провери неговите приходи и имот. Според TMZ, тој плаќа приближно 48.000 долари месечно за издршка на децата и на сопругата, додека остатокот се користи за грижа за децата, храна, јадење во ресторани, сметки, облека и други трошоци. Пирс тврди дека на своите банкарски сметки има околу 300.000 долари, додека вредноста на неговиот недвижен имот ја проценува на 3 милиони долари. Неговата поранешна партнерка, Принцес Сантијаго, ги оспорува неговите наводи за финансиската состојба и бара независен експерт да ги разгледа неговите приходи и имот. Пирс инаку,поголемиот дел од својата кариера го помина во „Бостон Селтикс“, со кои во 2008 година ја освои НБА-титулата. Тој десет пати беше учесник на „Ол-стар“ натпреварите, а во 2021 година беше примен во Кошаркарската куќа на славните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook