3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
ХороскопДневен хороскоп за 27. ноември 2023 годинаДневен хороскоп за понеделник, 27. ноември 2023 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои можеби се уморни од сè, некои се вкочанети и не очекуваат ништо повеќе, а некои уживаат во осаменоста. Кариера Целите кон високо ниво, за што се потребни одредени квалитети и квалификации. Бидете сигурни дека имате сè што ви треба. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да комуницирате со пријателите и да ги разрешите вашите љубовни грижи со нивна помош. Кариера Ќе се посветите на два фронта: оној редовен и оној што вклучува големи планови за иднината. Здравје и совет Обидете се да живеете поуредно, и тоа е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Покрај малите дневни задоволства во двојка, денеска заедно ќе разговарате за некои подлабоки филозофски теми. Кариера Вашата кариера веќе не е проблематична, туку напротив. Ова се вашите пет минути во деловното работење и искористете најголем дел од нив. Здравје и совети Спортувајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска ќе ве направи среќни чувството за дружељубивост, па доколку имате можност ,излезете меѓу луѓе. Кариера Сè што вклучува соработка, контакти и споделување на идеи, ќе ви биде подобро денеска од вообичаеното. Здравје и совет Ќе се чувствувате посилни. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе има мала привремена конфузија во комуникацијата со партнерот, и малку фрустрација. Сепак, ќе издржите сè херојски. Кариера Мали дискусии со претпоставените за поставување норми и работни критериуми. Бидете што е можно пореални. Здравје и совет Нервоза Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте колку што е можно поразумни, денеска ќе се потрудите да не зборувате премногу. Тежи секој збор. Кариера Вашите газди ќе бараат одредени активности за кои сметате дека се неразбирливи. Сепак, не се расправајте,туку прифатете. Здравје и совет Ќе бидете малку фрустрирани, но ќе помине. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ако сте во двојка ќе излезете и ќе си поминете одлично. Ако сте сами, излезете па макар и за момент. Кариера Ја сфаќате важноста од воспоставување добра соработка со другите. Тие ви даваат, но сега почнете и вие да давате. Здравје и совет Подобро е да верувате, отколку да се сомневате. Рак 22.6-22.7. Љубов Поканата за дружење ќе биде по ваш избор. Ако ја прифатите и излезете, добро ќе си поминете. Кариера Размислувате како да вклучите професионалци во бизнисот. Анализирајте ги можните кандидати. Здравје и совети Имате смисла за хумор. Лав 23.7-22.8. Љубов Малите фрустрации ќе бидат поврзани со истовремената потреба за интимност и социјализација, поточно со околината. Кариера Она што другите предлагаат, анализирајте го полека и во мир за да бидете целосно објективни. Здравје и совет Ослободете се од нездравата исхрана. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе најдете упориште во смислата за сочувство кон другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другите. Кариера Не сте сигурни дали отворено да кажете што мислите. Ви недостасуваат повеќе информации за да имате целосна слика. Почекајте Здравје и совет Бидете трпеливи. Вага 24.9.-23.10. Љубов Одличен ден за дружење, излегување и склопување нови познанства, па дури и преку интернет. Оние што се млади можат да поминат особено добро. Кариера Не двоумете се дали треба да воведете некои иновации во работниот процес. Во исто време, ќе биде важно да го направите тоа на убав начин. Здравје и совет Подобрување. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата фаза на ловечки приказни би можела да продолжи и денес. Бидете внимателни да не започнете да ги нервирате другите. Врските се добри. Кариера Веројатно ќе направите мал попис на една тема што ќе ви донесе мало задоволство. Здравје и совет Не претерувајте со колачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36