3Научниците докажаа дека полифенолите од боровинките и брусниците го забавуваат стареењето на клетките
ХороскопДневен хороскоп за 27.ноември 2020 годинаДневен хороскоп за петок, 27. ноември 2020 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Иако изгледа како добро да ви е во љубовта , од внатре ќе ве измачуваат настани од минатото. Ќе ви го расипат уживањето. Кариера Вашите соработници денеска ќе ја покажат својата чувствителност , па на вас останува да се обидете подобро да ги разберете и сослушате. Здравје и совет Ќе ги почувствувате последиците од хедонизмот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашите додворувања денеска ќе бидат речиси извештачени. Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени. Кариера Што повеќе се залагате, работите ви одат полесно и побргу. Затоа не правете паузи , доколку не се неопходни. Здравје и совет Бидете горди на своите дела. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Веројатно ќе мора да го поделите работното време.Еден дел ќе одвоите за својот партнер , а другиот за пријателите. Кариера Младата личност со која соработувате , денеска ќе ја покаже својата мрзеливост и неспособност. Ќе морате подобро да ги тренирате младите. Здравје и совет Ќе издржите се што ви претстои. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако не сте задоволни од ссотојбата , денешниот ден е добар за привремено повлекување во осаменост. Кариера Ќе ве збунива лицемерноста на надредените , зашто едно ќе зборуваат а друго ќе прават. Не дигајте тензија , туку набљудувајте. Здравје и совет Ќе дојдат вашите пет минути. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе дојдат до израз разликите во љубовните желби меѓу вас и саканата личност. Ќе мора да се согласите на компромис. Кариера Можни се помали проблеми со постарите колеги на работа. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста , а некои ќе покажат одбивност. Здравје и совет Штедете си ја силата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го тоа со мудро молчење и издржете со исправен став. Кариера Ќе ви се чини дека вашите деловни обврски се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација. Здравје и совет Добро би ви дошло малку повеќе да спиете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со рационален став ќе ги надминете разликите во љубовните желби. Така повторно ќе се приближите еден кон друг. Кариера Со силата на вашата упорност ќе ги смирувате двете страни , кои имаат различен пристап за иста идеја. Вие ќе ги уверувате дека е важно тоа да се направи. Здравје и совет Никој не сака да слуша поплаки. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е уште еден малку нервозен љубовен ден. Помирете се дека тоа сега е така , но бидете сигурни дека ќе помине наскоро. Кариера Подобро ќе биде денеска да не влегувате во расправии. Работете го она што го знаете и делувајте во подрачјето на својата професија. Здравје и совет Попладнево опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Многумина денеска ќе упаднат во стапица на ранливоста , од каде тешко ќе се извлекуваат. Чувството на осаменост ќе биде силно , како и копнежот. Кариера Иако другите ве сакаат и поддржуваат , денеска ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака и дека нема врз кого да се потпрете.Не е така. Здравје и совет Побарајте хумосристични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата потреба за нежност ќе биде голема , а надворешната состојба ќе биде скромна.Затоа може да сонувате со отворени очи , да чекате подобри денови или да копнеете. Кариера Доколку се отворите кон своите соработници, ќе ви биде полесно да работите. Обидете се своите грижи да ги свртите на шега. Здравје и совет Погледнете добар филм. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои се на прагот на тајна врска , денеска ќе се двоумат за своите чувства. Ќе се прашуваат дали тоа има смисол. Кариера Можно е изостанување на некој колега од работа поради што неговите задачи ќе паднат врз ваш грб. Подгответе се за таква можност. Здравје и совет Бидете смирени. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои и натаму ќе се движат низ лавиринтот ,,фати-пушти” . Други ќе почнат врска , но без сигурност. Третите ќе мислат дека не треба ништо да преземаат. Кариера Можеби ќе почуствувате желба да избегате од работното место , зашто денеска ништо таму нема да ви изгледа сигурно. Здравје и совет Чувствителност на желудникот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноМу се суди за морничаво убиство- постави бизарен услов за да се изјасни за виновен (ВИДЕО)Во неочекуван потег, 74-годишен маж од Флорида обвинет за убиство го изненади судијата за време на рочиштето за изрекување на пресудата кога даде необична понуда за признавање на вина.Роберт Кеслер се појави на судот во Хилсборо во понеделник, 26 октомври, каде што е закажан избор на порота за судењето за убиство на Стефани Крон-Оверхолт (47) во 2021 година. „Не можам да давам храна“ Според објавеното видео, судијата му рекол дека може да се изјасни за виновен без претходно да преговара со обвинителството. Кеслер ја разгледал можноста неколку секунди. „Ќе признаам вина за еден чизстек, помфрит и Пепси“, одговорил Кеслер. Кога судијата го замолил да ја потврди понудата, Кеслер повторил дека сака „сендвич со стек и сирење, со кромид и мајонез, помфрит и пиперки“. Тој рекол дека е спремен да направи таков договор за да „им заштеди пари на даночните обврзници“. „Очигледно, не можам да им дадам храна на луѓето за да се изјаснат за виновни. Тоа би било многу погрешно. Можам да ви гарантирам дека ќе добиете ручек денес, но не можам да гарантирам каков ќе биде“, возврати судијата. Подоцна, Кеслер го праша судијата дали може да продолжи со изборот на порота. Делови од тело пронајдени во заливот „Не сакам да се изјаснам за виновен без договор. Само изберете ја поротата. Го сакам тој чизстек. Ако го добијам, можеби ќе се согласам, но нема да го добијам“, додаде тој. Според канцеларијата на окружниот обвинител на округот Хилсборо, Кеслер одлучил самиот да се застапува на судењето. Тој се соочува со обвиненија за убиство од прв степен и сквернавење на починато лице, според јавно достапните судски записи. Делови од телото на Стефани Крон-Оверхолт биле пронајдени во заливот Мекеј во ноември 2021 година. Судски документ тврди дека најмалку тројца сведоци виделе човек кој одговара на описот на Кеслер како фрла кеси за ѓубре во заливот, објавува People. Крон-Оверхолт престојувала кај Кеслер и неговата ќерка неколку дена пред да исчезне. Ќерката на Кеслер подоцна им кажала на истражителите дека ги видела како нејзиниот татко и жртвата се расправаат пред таа да исчезне. Според изјавата под заклетва, Крон-Оверхолт му побарала 200 долари за да си замине.Тагови: убиство виновен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНајчудна казна досега- Барселона е казнета со 602 евраШпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра за контакти со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, кој беше под истрага за сомневање за прекршување на прописите, објавија шпанските медиуми.На 30 јуни, Атлетико Мадрид поднесе официјални жалби до Шпанската фудбалска федерација и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), тврдејќи дека Барселона влегла во преговори со Алварез без претходно да достави писмено известување до неговиот клуб. Врз основа на жалбата, надлежните органи на Федерацијата покренаа дисциплинска постапка на 30 јули, чиј исход, според весникот „Мундо Депортиво“, беше во корист на мадридскиот клуб. По разгледувањето на случајот, надлежната комисија го окарактеризира утврденото прекршок како лесно. Затоа, Барселона беше казнета со 602 евра, што е највисокиот износ предвиден за таков прекршок според член 133 од Дисциплинскиот законик. Ова не е прв пат Барселона да се соочи со слични санкции по жалба од Атлетико Мадрид. Во 2019 година, каталонскиот клуб мораше да плати 300 евра за нелегален контакт со Антоан Гризман, кој во тоа време играше и за мадридскиот тим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМелони на удар на хакерите- нападнат е италијанскиот парламент ИТ-системите на Долниот дом на италијанскиот парламент беа цел на сајбер напад во последните денови, а на листата на цели беше и парламентарната е-пошта на премиерката Џорџија Мелони. Оваа информација ја потврди извор од парламентот, пренесува Ројтерс. Истиот извор не можеше да прецизира дали хакерите успеале да пристапат до е-поштата на премиерката, но истакна дека безбедноста не е загрозена бидејќи се активирани сите потребни заштитни мерки. Канцеларијата на премиерката Мелони подоцна разјасни дека ова не е адресата што таа ја користи за официјална комуникација на Владата. На удар се и други пратеници Според истите информации, нападот бил насочен и кон други претставници во Претставничкиот дом, како и кон други институции. Кибер нападите станаа почести во последните години низ цела Италија и Европа. Владите, инфраструктурата и компаниите често се цел, а ваквите инциденти предизвикуваат прекини во услугите и го покренуваат прашањето за заштита на податоците.Тагови: хакери Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter