3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ХороскопДневен хороскоп за 27. март 2021 година Дневен хороскоп за сабота, 27. март 2021 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата потреба за зборување и џденеска ќе биде задоволена , но срцето повторно ќе остане празно. Но , и приказните се нешто. Кариера Како што ќе минуваат часовите на работното место, вие се повеќе во мнислите ќес е префрлате на вечерното излегување , кога очекувате добра забава. Здравје и совет Ќе ви биде пријатно да излезете на свеж воздух. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ги прескокнете прашањата и ќе ги заборавите грижите. Тоа ќе ви биде најдобар потег , зашто ќе се отворите на тој начин за подобри љубовни можности. Кариера Немате грижи , ниту проблеми , зашто работите се одвиваат за вас поволно. Сепак , осигурајте го она што сте го постигнале. Здравје и совет Вежбајте јога. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Доколку сте сами, денеска издржете зашто ќе имате шанса за ново пријатно познанство , кое може да прерасне во љубов. Кариера Една ситуација или дел од работата денеска ќе биде дефиниран , созреан или завршен. Од тоа ќе произлезат нови поттици. Здравје и совет Игнорирајте ја нервозата. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе најдете начин за да постигнете каква- таква рамнотежа во својот приватен живот. Во тоа ќе успеете на малку чуден начин. Кариера Можеби ќе ви изгледа дека не сте заштитени , но не е така. За вас само важат истите правила како и за другите. Здравје и совет Опуштете се со добар сон. Лав 23.7-22.8. Љубов Во љубовта внимателно ќе спојувате пријатно со корисно , така што ќе го усреќите партнерот. Кариера Работите во кои вие имате директно влијание , долгорочно се развиваат одлично , а денеска решавате некакви соработки. Здравје и совет Прилагодете се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Довербата што од вас ја очекува другата страна , ќе биде зацврстена доколку се потрудете да станете внимателен слушател. Не е тоа толку тешко. Кариера Мали недоразбирања ќе бидат поврзани со паузите на рабнотното место, но генерално , за вас сите работи се подобруваат. Здравје и совет Останете такви какви што сте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Отворени сте за нови можности и се повеќе надеж вложувате во моментите на спонтаност , кои ви носат задоволство. Кариера Некои би можеле да се постават како диви коњи , што треба да се припитоми. Мора да разберете дека работата ви е неопходна и тоа според правила. Здравје и совет Мали нервози. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Како да не гледате јасно , ќе бидете склони кон фалење на себеси. Проценките денеска нема да ви бидат сосема реални. Кариера Вашите колеги денеска ќе се покажат како многу вешти во уметнички и креативни работи . Тие ќе се изразат , а вие следете ги. Здравје и совет Не е забрането да се опуштите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ситуацијата ви е шарена. Можеби ќе излезете и убаво ќе си поминете, но личните односи ќе ви останат површни. Кариера Не саката да избрзувате , но некои одредници мора да се постават. Денеска за нив ќе разговарате на лежерен начин. Здравје и совет Организирајте си го денот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Може да очекувате еден поволен ден , кога станува збор за љубовта. Отворени се многу можности , а некои се поврзани со патување. Кариера Освен што одлично делувате на оперативно ниво , денеска на работното место ќе покажете завидно ниво на креативност. Здравје и совет Јадете помалку , движете се повеќе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата моментална потреба за акција ќе ве наведува на несмасни потези и невнимателни изјави кога станува збор за љубовта. Кариера Кога станува збор за задачите од некоја работа , денеска би можело да се покаже дека тие не се јасни ниту стабилни. Појаснете ги. Здравје и совет Не јадете тешка храна. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои привремено ќе го загубат компасот и претерано ќе се фалат со своите љубовни доживувања . Бидете поскромни. Кариера Заклучоците до кои доаѓате, ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас , но сега така е најдобро. Здравје и совет Движете се повеќе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
МетеоУтре променливо облачно и посвежоВремето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураАктерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно делоМихајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар.По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на највисокото општинско признание „4-ти Ноември“ за животно дело, што Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот. Михајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар. Нејзината преданост, длабочината на интерпретација и неуморната љубов кон сцената ја врежаа не само во историјата на Битолскиот театар, туку и во колективната меморија на македонската културна јавност. Михајлова е родена на 14 октомври 1958 во Битола. По завршувањето на средното образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, се запиша на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира во класата на проф. Љубиша Ѓоргиевски. Вработена е во Народниот театар од Битола од 1984 година, а се пензионира во 2022 година. Таа сѐ уште е активна на својата најсакана сцена – Битолскиот театар. Првенка е во ансамблот на НТБ, ангажирана низ годините во водечкиот репертоар на НТБ, со исклучителен придонес во афирмација на НТБ и македонскиот театар надвор од нашата земја. Во текот на актерската кариера има одиграно повеќе од 150 лика, на матичната сцена на Народен театар Битола и надвор од неа, во претстави и театарски дела. Во Образложението на НУ Народен театар Битола при поднесувањето на предлогот до Општина Битола се вели: „Со особена чест нашата институција ја предлага Соња Михајлова, пензионирана актерка и првенка на НУ Народен театар – Битола, за Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело за 2026 година, што ја доделува Општина Битола. Во повеќедецениската кариера, Михајлова – како еден од столбовите на нашиот театар – изгради препознатлив актерски потпис: прецизна техника, суптилен емоционален актерски сензибилитет и моќна сценска естетика, сето тоа благодарение на нејзиниот професионализам, талент и креативност. На битолската сцена и на гостувањата низ земјата и во странство, каде што ја претставува културата и уметноста на нашата земја, а со тоа и мајмногу на градот Битола, таа одигра околу 150 значајни улоги во класичниот и современиот драмски репертоар само на битолската сцена, работејќи со домашни и светски режисери (САД, Русија, Холандија, Бугарија) на делата на Шекспир, Чехов, Достоевски, Горки, Лорка, Лопе де Вега, Васил Иљоски, Ристо Крле, Антон Панов, Владимир Костов, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Дејан Дуковски и многу други. Од репертоарска година (2024/25), за споменување се претставите „Куфер“ и „Жиголо“ (режија: Благој Мицевски) и „Едмонд“ (режија: Оливер Мицевски), со кои таа продолжи да работи, а со тоа ид влијае врз естетиката и стандардите на македонскиот театар. Нејзиниот опус е валоризиран со истакнати признанија и награди, меѓу кои и Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, како и бројни награди на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на ИФАД „Стоби“, на „Охридско лето“ и други. Паралелно со сценските остварувања, Михајлова дава пример за професионализам и менторска поддршка на помладите генерации, освојувајќи ја публиката и поттикнувајќи го развојот на македонската култура како носителка на културни вредности и обележје на театарската историја. На филмските и телевизиските гледачи им е позната од „Бушавата азбука“, „До балчак“, „Кајмак“ и други проекти. Имајќи го предвид нејзиниот остварувачки опус, нашата институција – НУ Народен театар – Битола – смета дека, поради уметничката зрелост, 42-годишната кариера во континуитет, посебните резултати и културниот и уметнички печат што го остави зад себе, Соња Михајлова е исклучително достојна лауретка на Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело. Убедени сме дека ова признание ќе ја верификува нејзината долгогодишна посветеност и ќе го потврди значењето на нејзиниот творечки пример во нејзиниот град – на матичната битолска сцена, пред битолската публика – како составен дел од македонската и светската сцена“.Тагови: Соња Михајлова животно дело Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во БелградВучиќ синоќа го призна изборниот пораз. Според прелиминарните резултати Студентска листа освои апсолутно мнозинство за самостојно да формира влада со 141 освоен мандат во собранието. Обединета Србија чија листа ја предводеше Вучиќ има 103 мандати. Студентското движење на Србија ги повика граѓаните вечерва повторно да дојдат на плоштадот Славија во Белград за да ја прослават историската победа на студентската листа, откако и синоќа масовно се славеше изборната победа и падот на Вучиќ. Граѓаните го демонтираа и тн. Ќациленд. Денеска тие се собраа во Пионерскиот парк спроти српското собрание. Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27