ХороскопДневен хороскоп за 27. јули 2022 годинаДневен хороскоп за среда, 27. јули 2022 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Со задоволство ќе споделувате се со другите , па така и со саканата личност. Денеска нема да се одвојувате. Кариера Пофалбите ви се пријатни и ве поттикнуваат на натаможни предизвици. Истовремено, други бараат помош од вас. Здравје и совет Помогнете со вашето знаење. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се однесувате таинствено и на тој начинќе ја привлечете другата страна. Сепак станува за вистинска измама. Само глумите мистерија. Кариера Влегувате во нова деловна фаза кога се ќе поминуваа поопуштено. Подготвени сте за отворена соработка со сите. Здравје и совет Уживајте во нежните соништа . Вага 24.9.-23.10 Љубов Мнoгумина и денеска добро ќе се забавуваат , а вљубените навистина ќе уживаат. Ќе бидете задоволни. Кариера Она што го работите на вас ви изгледа лесно и едноставно , но тоа не го мислат и другите околу вас. Помогнете им. Здравје и совет Нема потреба за брзање. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е ден во кој не само што ќе бидете забавбни , туку и со љубезниот став и однесувањето ќе ги придобиете сите околу себе. Кариера Ќе успеете да се договорите за се , зашто нема да бидете тврдоглави , а другата страна ќе има поопуштен став. Здравје и совет Прошетајте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидете да ги игнорирате грижите и да се сконцентрирате на она позитивбнотио што постои во вашата врска. Кариера Не измислувајте чудни изговори за да избегнете одговорност. ова за вас е голема шанса. Прифатете го предизвикот. Здравје и совет Однесувајте се позрело. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Со помош на добрите пријатели , ќе најдете пат како повторно да го освоите срцето на саканата личност. Кариера Ќе чувствувате дека на работа ви е се понапорно , зашто барањата се поголеми , а тука е и притисокот што се засилува. Здравје и совет Правете редовни паузи. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се замислувате во некоја друга улога , поинаква од онаа во која живеете. Најмногу би сакале да побегнете , но немате каде. Кариера Некои денеска ќе земат мала пауза ,з а да ги соберат мислите и да се доведат вом ред. Оние кои работат , нека се држат до редовните должности. Здравје и совет Не одете преку своите граници . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете подготвени на различни лудости со кои ќе ја збунувате саканата личност. Кариера Не инсистирајте да биде нешто по ваше , зашто нема да ве разберат. Одработете го она што морате и бидете трпеливи. Здравје и совет Мал душевен немир. Овен 21.3-20.4. Љубов Задоволни сте од својот сегашен однос со личноста која ви се допаѓа. Наоѓате многу заеднички интереси. Кариера Малку работи сега може да ве запрат . Ги совладавте сите лекции и можете истите да им ги држите на другите. Здравје и совет Бидете она што сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Мали нестабилности во односите со саканата личност ќе бидат поврзани со доминацијата. набргу ќе се договорите. Кариера Ќе изгледа како да сте многу позрели од своите шефови. Ако треба , тактично посоветувајте ги како понатаму. Здравје и совет Пијте повеќе вода. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе се чувствувате доколку не прифаќате , ниту пак барате некаква обврска во личнит еодноси. Кариера Денеска веројатно ќе ви опадне концентрацијата за посериозни задачи. Оние кои имаат поопуштена работа, ќе поминат добро. Другите нека внимаваат. Здравје и совет Наспијте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска семејството ќе бара од вас дополнителен ангажман. Партнерот ќе има разбирање. Кариера Најдобри ќе се искажете во кореспонденција и соработка со другите. Оние јкои учат , ќе имаат успеси. Здравје и совет Само немојте да брзате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветСАД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забранаРусија ги повика Соединетите Држави да поддржат меѓународен договор за спречување на трката во вооружување во вселената, откако Вашингтон за првпат јавно потврди дека американската војска поседува оружје во Земјината орбита.Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената. „Сметаме дека сè уште не е доцна да се создаде средина што би спречила трка во вооружување, која носи зголемен ризик од отворен конфликт во вселената“, рече Рјабков. САД за првпат јавно потврдуваат дека имаат оружје во орбитата Руската реакција уследи по првата јавна потврда од американски воени претставници дека САД имаат распоредено оружје во орбитата. Командантот на Американските вселенски сили, Даглас Шис, изјави дека персоналот од тој воен огранок управува со оружје во орбитата способно да ги заштити американските сили од напади што доаѓаат од вселената. Американските претставници не открија за кои системи точно станува збор. Рјабков рече дека САД не ја известиле Русија однапред за овие капацитети, но дека објавата не претставувала изненадување за Москва. „Ова не е ништо ново за нас. Ние сè ова го следиме, го евидентираме и извлекуваме соодветни заклучоци“, рече тој. Москва ги обвинува САД и Британија за одолговлекување на договорот Рјабков тврди дека Русија долго време се залага за договор со кој би се спречила употребата на сила – или закана со употреба на сила – против објекти во вселената. Тој ги обвини САД и другите западни земји, особено Обединетото Кралство, дека со години наоѓаат причини за да избегнат преговори за таков договор. Од друга страна, американските претставници го претставуваат распоредувањето на своите вселенски системи како одговор на развојот на руските и кинеските антисателитски и други вселенски капацитети, како и како средство за одвраќање и одбрана на американските сили. Извор: Индекс.хрТагови: русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Николоски- Варнс: Македонија и САД имаат одлични билатерални односиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава. На средбата се разговараше за економската соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Економските врски меѓу двете земји исто така се на високо ниво, а трговската размена бележи позитивен тренд. Заменик претседателот Николоски, на средбата истакна дека развојните политики на Владата се насочени кон економски развој, токму преку реализација на крупните капитални проекти кои водат кон регионалното поврзување и интеграција. Тој додаде дека изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови. Двајцата говорници го поздравија стратешкото партнерство меѓу двете земји, истакнувајќи дека тоа е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот. Македонија и САД имаат одлични билатерални односи, се заклучи на средбата и во насока на истите постои силна подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе урна рудник за злато во Судан: Загинаа најмалку 67 лицаНајмалку 67 лица загинаа по уривањето на рудник за злато во Судан.Несреќата се случила во рудникот „Ал-Зара“ во близина на градот Нухуд, во западната провинција Западен Кордофан. Областа е под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), кои од 2023 година се борат против суданската армија, пренесува АП. Според преживеаните, рудникот се урнал доцна синоќа, а потрагата по голем број рудари сè уште трае. Медицински извори наведуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до преживеаните и да ги извлечат телата заробени под урнатините. Рударот Ал-Амин Сулиман потврди дека луѓе сè уште се заробени во рудникот. Еден од преживеаните, Каирал-Сајед Габара, го опиша уривањето како огромно и истакна дека на лице место немало тешка механизација за расчистување на земјата. At least 60 small-scale miners have died after shafts collapsed at the Al-Zaraa gold mine near El-Nahud in Sudan’s West Kordofan, with many more feared trapped under the rubble.#Sudan #MiningDisaster #GoldMine #WestKordofan #PakistanTV pic.twitter.com/aDfqO8V1Rp — Pakistan TV (@PakTVGlobal) September 16, 2026 Чести несреќи поради ниските стандарди Судан е еден од најголемите светски производители на злато, но несреќите во рудниците се чести поради слабите безбедносни стандарди. Слични несреќи се случиле и во последните години. При уривање во 2023 година загинаа 14 рудари, додека во друга несреќа во 2021 година животот го загубија 38 лица. Извор: Индекс.хрТагови: рудник Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter