ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 27. јули 2019 годинаДневен хороскоп за сабота, 27. јули 2019 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе бидете повеќе посветени кон партнерот , кој ќе биде почувствителен од вообичаеното. Бидете внимателни. Кариера Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и ги контактирате колегите за нови деловни потфати. Здравје и совет Пуштете да ве води интуицијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе дадете се од себе за да ја збогатите својата врска. Предлозите ќе бидат необични , но интересни. Кариера Срцето ве влече меѓу луѓето , но ако треба да се сработи уште нешто , направете го тоа без приговор. Здравје и совет Јадете повеќе овошје и зеленчук. Вага 24.9.-23.10 Љубов Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите кои се попречуваат меѓу вас и саканата личност. Кариера Ќе покажете дека имате свежи идеи , кои ќе бидат изненадување за некои од соработниците. Слободно презентирајте ги. Здравје и совет Би било добро да се наспиете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе бидетге подложни на посилно искажување на емоциите , а инспирациите за љубов нема да ви недостигаат. Кариера Сите работи поврзани со луѓе добро ќе се одвиваат . Комуницирајте , отворете се , предлагајте ги своите идеи и решенија. Здравје и совет Во добра кондиција сте . Продолжете така. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Развојот на вашиот љубовен живот е неспорен. Можете да избирате , а понекогаш е и обратно. Важно е дека срцето ви е на место. Кариера Во деловната коресподенција , што е интензивна би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и на ист начин одговарајте. Здравје и совет Поставете си јасни цели . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Речиси е сигурно дека денот ќе го поминете дома во друштво на саканата личност. Ќе ви биде убаво и без поголеми љубовни активности. Кариера Стигнува предлог за една соработка што не сте ја очекувале.Малку сте збунети , но ќе реагирате бргу и ќе се снајдете. Здравје и совет Имате право да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете способни да читате меѓу редови , како и да детектирате и она што е најскриено во односот со личноста која ја сакате. \Кариера Ќе влијаете на работите и луѓето околу себе, понекогаш и несвесно.Ќе забележувате и повеќе отколку што очекувате. Здравје и совет Подобрување и инспирација . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ја поврзете саканата личност со вашето друштво и пријателите. Ќе ви биде пријатно и драго поради тоа. Кариера Не се двоумите да вложите енергија во работата. Секој труд кога-тогаш ќе се исплати. Здравје и совет Што сте замислиле, остварете го. Овен 21.3-20.4. Љубов Фантазијата ќе ве води низ патеките на срцето , па нема да бидете целосно реални. Отуѓувањето што е започнато , ќе ве оддалечи. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. работете енергично , а анализирајте полека. Здравје и совет Нерасположение без вистинска причина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска е ден кога во љубовните прашања ќе ги мешате скромноста и високите идеали. Резултат ќе биде збунетост од другата страна. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за една соработка , зашто ќе ви се чини дека не е реална. Сепак , размислете. Здравје и совет Мали главоболки. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Имате доволно самодоверба . Врските добро се развиваат , а ако сте уште сами , не чекајте туку излезете. Се е можно. Кариера Повеќето од вашите деловни активности ќе се одвиваат соо помош или поддршка на други. Покажете дека тоа го цените. Здравје и совет Ќе имате доволно време за дружба. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можело да се најдете на ново место со стари познајници или навики. Кариера Вашето знаење и стручноста се неспорни , но ќе ви се чини дека не ви придаваат доволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Не може ништо да се прескокне.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook