Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработка
1Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработка
ХороскопДневен хороскоп за 27. февруари 2023 годинаДневен хороскоп за понеделник, 27. февруари 2023 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе добиете поетска инспирација и че изразите љубов на необичен начин . Сепак , се на крајот ќе биде добро прифатено. Кариера Ќе се разгледува можноста за една деловна соработка или патување за кое не е јасно дали би било поволно или не. Здравје и совет Одете порано на спиење. Овен 21.3-20.4. Љубов Партнерот денеска би можел да се најде малку повреден од вашиот ненадеен настап. Затоа контролирајте се за да не го нарушите добриот однос. Кариера Можно е да се најдете во ситуација на нелегална финансиска трансакција. Пазите што ви нудат или обратно. Здравје и совет Не се грижете за туѓите проблеми. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте во врска , вашиот взаемен однос ќе се подобрува. Ако сте сами , излегувајте , зашто ќе бидете забележани. Кариера напредуваат интелектуалните и креативни работи , но и оние кои се работат во мир и тишина. Тука ќе дадете се од себе. Здравје и совет Имете влијание врз околината. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се потрудите за да бидете љубезни и услужливи кон партнерот. На тој начин ќе ја ублажите малата дистанца во вашиот однос. Кариера Пред вас е искушение на финансиски малверзации поради млади и неискусни колеги или поради некаква забава. Здравје и совет Обидете се да најдете компромис. Рак 22.6-22.7. Љубов Со шеги и смеа , ситните дофрлања и провокации ќе спасувате мали несогласувања во врската. Кариера Вашите претпоставени денеска нема да ве збунуваат со нивната пречувствителност. пазете да не ви најдат грешка во деталите. Здравје и совет Крајот делото го краси. Лав 23.7-22.8. Љубов Радосни сте зашто ви се подобрува љубовниот живот , но се уште не е крај на ситните провокации. Бидете внимателни поради тоа. Кариера Доколку денеска отворено му се спротиставите на шефот , ќе изгубите и ќе се почувствувате многу малечки. Затоа немојте. Здравје и совет Ситните грижи лекувајте ги со хумор. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можно е да добиете покана за посета на вашето семејство , каде ќе ја поведете и саканата личност. Кариера Колегите на работа се повеќе ве ценат и почитуваат , па врз тоа градете ја својата новонастаната доверба. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе успеете да ја задоволите секоја желба на саканата личност. Нема крај на вашата љубезност. Со тоа малку и претерувате. Кариера Не се грижете зашто за вас состојбата се одвива добро. Денеска занимавајте се со поситни финансиски анализи. Здравје и совет Договарајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Бидете и поддршка на вашата сакана личност , зашто таа од вас тоа го очекува , а тоа и го заслужува. Така ќе го подобрите својот однос. Кариера Денеска е ден кога одлично ќе се развиваат сите работи , кои се поврзани со луѓе. Не треба многу да зборувате , работите ќе одат сами од себе. Здравје и совет Можна е несоница. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На интересно место , каде ќе излезете би можеле да зрачите како хипнотизирачки магнет. Сите ќе ви се залепат. Кариера Можеби сонувате некоја друга работа или друг шеф , но тоа е само сон. Бидете тука и сега и така ќе поминете најдобро. Здравје и совет Почекајте поубаво утре. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да ги измешате сите свои љубовни идеали со фантазијата. Резултат ќе биде влијание и од оние личности , кои инаку не ве привлекуваат. Кариера Најбитно за вашиот денешен успех на работата е соработката со другите колеги. Пуштете ги малку повеќе тие да се ангажираат. Здравје и совет Избегнувајте алкохол. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Чувствувате дека вашата сакана личност има зголемени емотивни апетити и се обидувате тоа да го задоволите со внимание и нежност. Кариера Нема ништо особено ново да се случува на работа. Се тече стандардно. Здравје и совет Бидете она што сте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиСветско чудо: На 13-години ја освои сениорската титула во скијачки скокови!Тринаесетгодишниот Матис Линдстрем ја освои титулата во Шведска во скијачки скокови во сениорска конкуренција, остварувајќи убедлива победа на натпреварот во Ерншелдсвик. Младиот Швеѓанец изведе скокови од 95 и 90 метри на скокалницата К-90, освојувајќи вкупно 223 поени. Второпласираниот Оскар Франсен собра 172,4 поени, што значи дека Линдстрем победи со предност од дури 50,6 поени. Третото место му припадна на Оливер Јидел, додека четврти беше Елвин Сванборг. Поискусните натпреварувачи Себастијан Девал и Маркус Фламстрем ги зазедоа последните две места во конкуренција од шестмина скокачи. Линдстрем го заврши првенството со три победи, бидејќи беше најдобар и во јуниорските категории на нормалната и средната скокалница. Младиот скокач го сврте вниманието кон себе во февруари, кога триумфираше на „Осло Винтергејмс“ (Oslo Wintergames), победувајќи 23 норвешки натпреварувачи на возраст од 12 до 15 години. Неговите резултати се особено значајни за шведските скијачки скокови, спорт кој се соочува со недостиг на натпреварувачи. На тој начин, Линдстрем се издвојува како еден од оние што би можеле да ја носат иднината на овој спорт во Шведска. Дополнителен поттик за развојот на скијачките скокови во таа земја би можело да биде Светското првенство во нордиски скијачки дисциплини, кое ќе се одржи во Фалун во 2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаГрадоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработкаПродолжувајќи ја агендата на теренски посети низ сите делови на општината, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и раководниот општински тим одржаа работна средба со жителите на месната заедница Припор. Овој отворен дијалог послужи како одлична прилика да се направи сублимат на досегашните капитални проекти, но и заеднички да се мапираат следните чекори. Присутните граѓани го изразија своето задоволство од сработеното во изминатиот период. Посебна благодарност беше упатена за изградбата на новата спортска сала во склоп на подрачното училиште „Круме Кепески“, како и за почетокот на градежните работи за изведба на фекалната канализација на улицата „Христо Татарчев 14“. Исто така, позитивно беше оценето и редовното одржување на хигиената низ населбата. Во вториот дел од дискусијата, жителите ги акцентираа своите тековни потреби, при што побараа Општина Кисела Вода да посредува и да интервенира кај неколку надворешни институции. Конкретно, беше побарана интервенција до АД „Македонски пошти“ за итно обезбедување на поштар кој е дефицитарен во МЗ Припор, како и интервенција до ЈП „Водовод и канализација“ за редовно читање на водомерите во шахтите. Жителите упатија и барање за поредовно собирање на сметот од страна на ЈП „Комунална хигиена“, претпријатие кое е под надлежност на Град Скопје. Што се однесува до инфраструктурните и комуналните барања насочени кон локалната самоуправа, граѓаните побараа реконструкција на оградата на спортското игралиште во месноста Теферич, реконструкција на улицата „Христо Татарчев“ - крак 22, како и реконструкција на атмосферската канализација на кракот 14 од истата улица. Дополнително, беше изнесено барање за изградба на фекална канализација на улицата „Христо Татарчев 14/146“, како и кроење и кастрење на гранките на улицата „Христо Татарчев 22“ и кај семафорите на спојот со улицата „Народни Херои“. Стручните служби на Општина Кисела Вода ги забележаа сите поднесени барања и иницијативи, со цел истите во најкус можен рок да бидат разгледани и соодветно решение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХари Кејн ја освои „Златната топка“? Баерн не ја објави случајно оваа слика!!Европскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен на социјалните мрежи објави дека Хари Кејн ќе ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот.Баерн Минхен на социјалните мрежи објави дека нивниот центарфор неверојатниот голгетер Хари Кејн е добитник на овогодишната „Златна топка“ – наградата за најдобар фудбалер во светот. „Шоуто наскоро започнува“, порачаа Баварците, придружувајќи ја објавата со фотографија од 33 годишниот англиски напаѓач, кој е облечен во костум на свечената церемонија на доделување на наградата. На овој начин, Германците ги поттикнаа гласините дека ова е навистина годината во која Кејн ќе биде крунисан за најдобар фудбалер во светот. Голема, свечена церемонија ќе се одржи во понеделник, на 26 октомври – во познатиот лондонски театар „Лондон Паладиум“, а не, како што е вообичаено, во Париз. Низ јавноста кружат неофицијални информации дека Кејн ќе ја добие оваа најпрестижна награда, и тоа во конкуренција на силни ривали. Во текот на својата кариера, Кејн присуствуваше на свечена вечера во Париз, а во 2024 година ја доби наградата „Герд Милер“, наменета за најдобриот стрелец. Англичанецот тогаш стана и добитник на европската „Златна копачка“, а се чини дека овој месец би можел да ѝ придодаде на таа награда уште една, највредната од сите – „Златната топка“ (Ballon d'Or) на „Франс фудбал“. Се разбира, тоа би било сосема оправдано, бидејќи минатата сезона тој постигна 72 гола за својот клуб и за националниот тим, ја одбрани титулата во Бундеслигата и ја предводеше Англија до полуфиналето, при што во Америка постигна шест гола. Баерн можеби сакаше да каже нешто друго Изминативе денови, англиските медиуми ексклузивно објавија дека Хари Кејн ќе го продолжи договорот со Баерн, што значи дека тој ќе продолжи да настапува на минхенската „Алијанц арена“ и по 30 јуни 2027 година, кога истекува неговиот сегашен договор.Тагови: Златна топка Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter