ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
2ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ХороскопДневен хороскоп за 27. февруари 2020 година Дневен хороскоп за четвтрок , 27. февруари 2020 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе очекува нежност , а вие ќе бидете повлечени во својот свет. Се ќе биде подобро со малку поголема отвореност. Кариера Луѓето со кои соработувате денеска нема да бидат целосно сигурни во која насока да се продолжи со започнатото. Здравје и совет Кашлица. Овен 21.3-20.4. Љубов Во емотивните прашања ќе имате големи очекувања. Ќе сакате другите да ве галат и чуваат. Како ќе биде , зависи од партнерот. Кариера Ќе продолжите да ги развивате своите инвентивни идеи , додека во исто време ќе наопредува и соработката со колегите. Здравје и совет Во добра форма сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска на лесен и пријатен начин би можеле да ја најдат меѓу колегите од работа или на место поврзано со работата. Кариера Слободно може да и се препуштите на работата , зашто во активностите ќе најдете се она што сте го очекувале. Здравје и совет Одличен ден за вработените. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во вториот дел на денот би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза и остварување на соништата што долго време сте ги сонувале. Кариера Одличен ден за сите дејности поврзани со луѓе или со смисла за естетика. Работите се одвиваат се подобро и подобро. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку во емотивните прашања се потпирате на вашиот внатрешен глас, денеска тоа може да ви донесе многу среќа и задоволство. Кариера Сите работи поврзани со алтернативното , како и оние поврзани со психологијата ,денеска ќе се одвиваат исклучително добро. Здравје и совет Бидете она што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат барем на кафе. Кариера На кусо службено патување ќе сфатите дека треба да прифатите она што другите ви го предлагаат , заедно со ризикот што оди со тоа. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата најдрага личност веројатно со недоличен потег или говор ќе навреди некого од вашето семејство. Обидете се да ја ублажите кавгата. Кариера Премногу размислувања за тоа како соработувате со други ќе ви го одземе скапоценото време. Здравје и совет Верувајте и на својата интуиција. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нивото на вашата самодоверба ќе биде високо , а шансите за дружење отворени. Многумина осамени денеска ќе запознаат нови лица. Кариера Со добра финансиска поддршка денеска би можеле да дефинирате дел од работите со странство. Здравје и совет Одете до крај без двоумење. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Додека минува денот, полека ќе сфаќате дека некои особини на саканата личност ве возмнемируваат. Прифатете ги , зашто чувството на немир е минливо. Кариера Некој од вашите надредени денеска би можел да застане на патот на вашите напредни идеи. Здравје и совет Издржете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На повеќето љубовни настани вие ќе најдете некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате со помалку строгост и опуштете се. Кариера Можни се неконтролирани финансиски издатоци. Држете се до зацртаниот план и правете минимални поместувања. Здравје и совет Некои ќе го изгубат гласот поради болки во грлото . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е добар за неврзано дружење на кафе. Излезете на воздух, прошетајте се , а особено ако се уште сте сами. Кариера Нема ништо да се случи доколку само чекате. Треба да се покажете , дас е јавите , дасе претставите. Здравје и совет Комуницирајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на уживање во љубовниот живот ќе продолжи и денеска. Ќе имате речиси се што би можеле да посакате. Кариера За да успеете , потпрете се на самите себеси. Вие сте најдобар патоказ , како за себе , така и за луѓето околу вас. Здравје и совет Се враќате низ сеќавањата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПовеќе од милион користени телефони продадени како нови: Штета од 300 милиони евраПолицијата спроведе рации во 19 европски земји поради сомневања за измама со мобилни телефони продавани преку интернет, со која е предизвикана штета проценета на околу 300 милиони евра, соопштија обвинителите на ЕУ.Европското јавно обвинителство (EPPO) наведе дека криминални организации продале повеќе од милион користени мобилни телефони претставувајќи ги како нови, се вели во соопштението за јавноста објавено во вторникот. Од саботата, низ Европа се спроведени повеќе од 160 претреси, што резултираше со апсење на седум осомничени лица во Австрија, Германија и Шпанија – вклучително и двајца водачи на организацијата – извести EPPO. Според извештаите, измамата предизвикала и загуба на приходи од данокот на додадена вредност (ДДВ) во износ поголем од 30 милиони евра за неколку земји од ЕУ. Азвор: АвазТагови: ЕУ мобилни телефони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
БалканШтрајкот во Загреб продолжува: Сообраќаат само еден трамвај и еден автобусШтрајкот на работниците во јавниот превоз и во претпријатието „Чистоќа“ продолжи во Загреб. Утринава на улиците има еден трамвај и еден автобус, додека „Чистоќа“ ангажираше 20 камиони. Јавниот превоз и комуналното претпријатие утрово го продолжија штрајкот во Загреб. Утрово на улиците во Загреб има еден трамвај и еден автобус, како и 20 камиони на компанијата „Чистоќа“ (Čistoća), кои ќе го собираат отпадот од болниците, училиштата, градинките и касарните. Претседателот на Синдикатот на возачи и сообраќајни работници на „Загрепски електричен трамвај“ (ZET), Владимир Јозиќ, изјави дека денеска ќе се одлучува дали штрајкот е законит. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно изјави дека ги цени работниците, но дека не може да се согласи со ултиматумите на синдикалните лидери, пренесуваат хрватските медиуми. Тој наведе дека платите на возачите во „Загрепски електричен трамвај“ се зголемиле за повеќе од 60 проценти во изминатите три години, а на комуналните работници во „Чистоќа“ – за повеќе од 85 проценти. Томашевиќ изјави дека синдикалните лидери сега бараат зголемување од над 20 проценти за една година, што е финансиски неодржливо. Окружниот суд во Загреб ќе одржи подготвителни рочишта по тужбите поднесени од „Загреб холдинг“ (во чиј состав се „Чистоќа“ и „Загрепски електричен трамвај“) против репрезентативните синдикати, со барање за забрана на најавениот штрајк. Работниците во јавниот превоз во Загреб штрајкуваат од вчера, бидејќи синдикатите бараат повисоки плати и подобри материјални права во новиот колективен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09